Опаѓа производството на мед во земјава

Во просек годишно во земјава секој Македонец  пие по пет филџани  кафе а консумира само 200 грама мед.

Бројот на производителите во државава постојано се зголемува.

Сега има близу 6000 пчелари со 240 илјади пчелни семејства. Но поради вкупните состојби во сточарството, во земјоделието и климатските промени просекот на производство по пчелно семејство од некогашните 40 сега е намалено на 10 килограми мед. Поради ваквата алармантна состојба  на саемот за мед во Прилеп, пчеларите со порака да се зачува природата за да ги зачуваме пчелите.

Субвенциите за произведен килограм мед засега ги задоволуваат потребите.

Она што го бараат  над 400 пчелари од Пелагонија од кои 250 се од прилеп  е да се најде сериозен увозник на лекови за пчелите.

Во вакви услови  во земјава трговците се принудени да увезуваат и да  пласираат на пазарот мед со многу послаб квалитет од македонскиот.

Ако се знае дека опстанокот на планетата зависи од пчелите,велат пчеларите тогаш мора да се превземат дополнителни мерки за заштита на оваа гранка.

притисни ентер