Марковите кули под заштита на УНЕСКО најрано за две години!?

Дали Марковите кули ќе ја добијат постојаната заштита на УНЕСКО. Експертите препорачуваат дека еден од предусловите е добрата инфраструктура, во која допрва ќе треба да се вложува.

Прилеп и Марковите кули и натаму остануваат во централното средиште меѓу доцносредновековните градови од Балканскиот полуостров..Констатацијата е толку актуелна колку и потребата што поскоро Марковите кули како целина да влезат на постојаната листа и под заштита на УНЕСКО..пореди ова веќе се започната и првичните чекори за планско утредување и управување на овој простор кој е прогласен за споменик на културата,констатираа учесниците на Меѓунардниот научен собир што се одржа во Прилеп..

Дел од странските експерти од оваа област со став без големи вложувања во соодветна инфраструктура ниту еден па ни локалитетот Маркови кули неможе да биде атрактивен  за домашните или странските туристи..

,,Прво треба да има инфраструктура, тоа е многу важно да има инфраструктура, рекламата велат дека е важна но сепак јас мислам дека инсфраструктурата е на прво место. Прилеп е важен Крали Марко, Маркови кули, и црквите кои се во овој локалитет се многу важни пак ќе повторам ако има инфраструктура другото само по себе ќе си дојди.

За Маркови кули очекувањата се дека основните услови од првата фаза во уредувањето на овој простор може да завршат до крајот на оваа година,а најоптимистички Маркови кули може да биде земен под заштита на УНЕСКО за две години..

Владата вечерва заседава во Битола

Во Битола вечерва Владата на Република Северна Македонија ја одржува 159. редовна седница на која учествуваат министрите и градоначалниците на општините во пелагонискиот регион.

Во наредниот период, еднаш месечно и во различни региони ќе се одржуваат владини седници затоа што сакаме да бидеме уште поблиску до граѓаните и до локалната самоуправа, истакна премиерот Зоран Заев пред почетокот на владината седница.

-На оваа седница приоритет ќе дадеме на информациите и одлуките за проектите од непосреден интерес на граѓаните на пелагониските општини. Министрите ќе реферираат за ресорните проекти кои се однесуваат на овој регион, а градоначалниците низ инклузивен однос ќе поставуваат прашања и ќе ги истакнат своите предлози, проекти и нови иницијативи со кои ќе продолжиме заеднички да го подобруваме животот на граѓаните. Покрај дискусиите кои се однесуваат на проектите од пелагонискиот регион, вечерва очекувам да донесеме и други одлуки, како што е одлуката за склучување договори за доделување финансиска поддршка за 166 компании од државата преку програмата и планот за економски раст. Владата ќе поддржи инвестициски вложувања за набавка на нови машини и опрема и за инвестиции во објекти и земјишта, а финансиската поддршка од оваа програма преку Агенцијата за странски инвестиции и промоција на извозот се доделува на реализирани почетни или дополнителни неопходни за дејноста проекти, до 10 проценти од реализираната инвестиција и не повеќе од еден милион евра по проект, изјави премиерот Заев.

Уверен сум, додаде тој, дека на овој начин на дејствување на централната власт од различни региони уште повеќе ќе го поддржиме процесот на децентрализација обезбедувајќи директен контакт со локалните самоуправи и со граѓаните. Оваа Влада, потенцира премиерот, е на граѓните и продолжува да функционира во нивно име.

Во име на пелагониските градоначалници и како претседател на Советот за развој на пелагонискиот плански регион, градоначалничката Наташа Петровска истакна дека оваа Влада за разлика од сите претходни покажува отвореност кон општините и посветеност кон граѓаните и нивните потреби.

Владината седница е во тек.

Канал 5 дознава : Вечерва е уапсен убиецот на младиот фудбалер Мартин Јанушев

Полицијата вечерва го уапси Филип Секуловски Кобра , убиец на Мартин Јанушев , кој пред две години беше убиен пред својот дом во скопската населба Аеродром.

Од МВР за Канал 5 информираат дека Филип Секуловски Кобра е веќе спроведен во затворот во Шутка.

Младиот фудбалер беше застелан пред неговиот дом на 4. ноември  2017 , по што Секуловски беше во бегство. 28- годишниот Јанушев беше фудбалер на клубовите Локомотива, Маџари солидарност и 11 Октомври.

Заев: Владите на Германија и на Франција ќе имаат заеднички состанок, најверојатно оваа среда

Франција и Германија синоќа почнаа и ќе продолжат да разговараат, а според моите информации владите на Германија и на Франција ќе имаат заеднички состанок, најверојатно во среда.

Франција и Германија синоќа почнаа и ќе продолжат да разговараат, а според моите информации владите на Германија и на Франција ќе имаат заеднички состанок, најверојатно во среда, изјави премиерот Зоран Заев, коментирајќи го амбиентот во пресрет на самитот на Советот на Европа.

Останувам силно убеден дека ќе добиемe датум за преговори, нагласи Заев пред почетокот на вечерашната 159 владина седница што се одржува во Битола.

-Синоќа почнаа и ќе продолжат да разговараат, а според моите информации владите на Германија и на Франција ќе имаат заеднички состанок, најверојатно во среда.  Утре почнува министерскиот Совет каде ќе ги знаеме првите индиции, а на 17 и 18 октомври ќе заседава Советот на Европа. Останувам силно убеден дека ние ќе добиеме датум, односно одлука за почеток на преговорите со која дефинитивно и оние аспирации на Франција за вградување на нова методологија со која ќе се даде фер шанса на сите земји што преговараат или ќе преговараат како што сме ние, да имаат можности и ако имаат добри перформанси да успеваат да одат напред, а ако некои од перформансите ги уназадуваат, тогаш да се вратат назад. Тоа е таа дискусија која што се води. Нема земја што во последниве 20 години што заслужила повеќе од Република Северна Македонија да ја добие оваа одлука за почеток на преговорите, изјави премерот Зоран Заев вечерва во Битола./МИА

притисни ентер