По бледото издание во Кина , српскиот селектор Ѓорѓевиќ си заминува од репрезентацијата

Селекторот на српската кошаркарска репрезентација , Александар Ѓорѓевиќ ја напушта селекторската позиција по бледиот настап на репрезентацијата на СП во Кина.

На прашањето дали ќе остане на селекторската клупа, Ѓорѓевиќ одговори: „Точно она што го напишаа медиумите, заминувам“.

На легендарниот српски кошаркар договорот му истекува на крајот на Мундијалот во Кина, каде српскиот тим го зазеде петтото место.Ѓорѓевиќ беше пет години на позицијата селектор и со репрезентацијата има освоено три сребрени медали - 2014 година на Светскиот куп, 2016 година на Олимписките игри и 2017 година на Европското првенство.

По лошиот настап во Кина, Ѓорѓевиќ реши да му го препушти кормилото на репрезентацијата на некој друг.

На негово место би можело да дојде Игор Кокошков, кој е асистент тренер на НБА тимот „ Sacramento Kings“ и кој го освои Европското првенство со репрезентацијата на Словенија пред две години.

Матичните лекари бараат повеќе термини за ковид тестови

Матичните доктори во понеделниците и вторниците во трка да закажат тестирање за Ковид 19 во јавните здравствени установи. 

Денеска во ординацијата на матичен доктор преку системот за закажување на тестирање слободен термин за закажување за Ковид 19 има само во Битола. Матичните велат дека има и граѓани од Скопје одат и се тестираат и во други градови, доколку нема слободен термин во јавното здравство во Скопје. Она што е дополнителен проблем е што матичните доктори само во поликлиниките може да закажат тестирање во другите установи не можат.

Матичните велат дека дополнителен проблем е и алгоритамот. Има случаи кога некој бил во контакт со болен има симптоми не чувствува мирис и вкус, има болки во телото, кашла а нема температура, во овој случај доколку не се внесе зголемена температура не може да се закаже тестирање за ковид 19.

И пациентите и матичните доктори реагираат дека некогаш мораат да ги препратат на приватно тестирање каде тестирањето чини од четири илјади до осум илјади денари доколку резултат веднаш се добива. Во последните тестирања се покажува дека 40 проценти од добиените резултати се во јавните здравствени установи, а останатите се во приватните лаборатории. Институтот за јавно здравје објави дека во однос на минатата недела зголемен е бројот на позитивни пациенти за 34,9 проценти. Највисока инциденца е регистрирана во Кочани 154, 1 на 100 илјади жители. во 16 града, бројот на ново-дијагностицирани е под 20. Пријавени се 48 смртни случаи, 21 повеќе од минатата недела.

-Регистрирани се заболени лица во сите возрасни групи. Најзастапена е возрасната група на лица на возраст над 60 години 22,4%. Голем број на заболени се регистрира и кај лицата во возрасните групи од 50-59 18,5%3 30-39 18,2%, 40-49 15,7%) и 20-29 (n=147; 15,5%). Најмал број е регистриран кај децата од 0-9 3,9 и 10-19 години 5,9%.

- Починати има најмногу над 60 години 32 лица 8 на возраст од 50-59, 4 од 40-49 години, 3 од 20-29 и еден случај од 30-39 години. Од починатите 42 лица биле хоспитализирани.

Албански државјанин и двајца дебрани заработија кривични пријави за производство и промет на дрога и помагање

Албански државјанин и двајца жители на Дебар заработија кривични пријави за „неовластено производство и промет на дрога" и „помагање".

-Оделението за внатрешни работи од Дебар поднесе кривична пријава против Ф.Ц.(33) од Република Албанија поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело ,,неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори".Во исто време поднесена е кривична пријава и против К.К.(33) и А.С.(26), двајцата од Дебар, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „помагање", изјави Стефан Димоски, портпарол на Секторот за внатрешни работи од Охрид.

Според него, првопријавениот, во месноста „Врабич", во близина на регионалниот пат Дебар – Струга, во грмушка сокрил вреќа во која имало 5 килограми и 480 грама опојна дрога марихуана.

Тој бил затекнат во момент кога ја препакувал дрогата, а по кратко време со патнички возило пристигнале второ и трето пријавените кои требало да ја преземат дрогата во помали пакувања./МИА

Министерот Спасовски се сретна со францускиот амбасадор Тимоние

Министерот Спасовски изразил благодарност за обемната помош од француска страна за Министерството за внатрешни работи на Република Македонија.

Огромната поддршка која Француската Република ѝ ја дава на Макеоднија за остварување на напорите за членство во ЕУ, беше во центарот на вниманието на денешната средба помеѓу министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски и амбасадорот на Француската Република во заминување, Кристијан Тимоние, што се одржа во Министерството за внатрешни работи.

Министерот Спасовски изразил благодарност за обемната помош од француска страна за Министерството за внатрешни работи на Република Македонија во форма на експертиза, обуки, заеднички оперативни акции и проекти, што придонесува за развивање на капацитетите на Министерството.

– Обострано беа изразени задоволство од досегашниот развој на билатералните односи и желба за уште поголемо интензивирање на соработката на сите полиња на безбедноста, се наведува во денешното соопштение од МВР. /МИА

притисни ентер