Повеќе кантијанизам отколку макијавелизам, обединета Европа значи посилна Европа – порача Сиљановска од Анкара
1Повеќе кантијанизам отколку макијавелизам, обединета Европа значи посилна Европа – порача Сиљановска од Анкара
2Што јадат познатите фудбалери? Меси и Роналдо се хранат слично, а Халанд јаде „срце“ за да биде ѕвер
КошаркаПо бледото издание во Кина , српскиот селектор Ѓорѓевиќ си заминува од репрезентацијата Селекторот на српската кошаркарска репрезентација , Александар Ѓорѓевиќ ја напушта селекторската позиција по бледиот настап на репрезентацијата на СП во Кина.На прашањето дали ќе остане на селекторската клупа, Ѓорѓевиќ одговори: „Точно она што го напишаа медиумите, заминувам“. На легендарниот српски кошаркар договорот му истекува на крајот на Мундијалот во Кина, каде српскиот тим го зазеде петтото место.Ѓорѓевиќ беше пет години на позицијата селектор и со репрезентацијата има освоено три сребрени медали - 2014 година на Светскиот куп, 2016 година на Олимписките игри и 2017 година на Европското првенство. По лошиот настап во Кина, Ѓорѓевиќ реши да му го препушти кормилото на репрезентацијата на некој друг. На негово место би можело да дојде Игор Кокошков, кој е асистент тренер на НБА тимот „ Sacramento Kings“ и кој го освои Европското првенство со репрезентацијата на Словенија пред две години.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМицкоски: Македонија продолжува со спроведување на реформите, зајакнување на економијата, институциите и владеењето на правото14:43Пропадна и последниот обид за партиски консензус за Изборниот законик15:00Во Анкара почнува самитот на НАТО, македонската делегација е предводена од претседателката Сиљановска Давкова08:42Потпишан договор со ЕБОР и ЕУ за изградба на автопат Скопје-Блаце, ќе чини речиси 200 милиони евра15:00Мицкоски: Оваа Влада ќе биде запаметена по проекти, по две децении најава, наскоро започнува изградбата на автопатот Скопје - Блаце12:43
Мицкоски: Македонија продолжува со спроведување на реформите, зајакнување на економијата, институциите и владеењето на правото14:43
Во Анкара почнува самитот на НАТО, македонската делегација е предводена од претседателката Сиљановска Давкова08:42
Потпишан договор со ЕБОР и ЕУ за изградба на автопат Скопје-Блаце, ќе чини речиси 200 милиони евра15:00
Мицкоски: Оваа Влада ќе биде запаметена по проекти, по две децении најава, наскоро започнува изградбата на автопатот Скопје - Блаце12:43
МакедонијаПовеќе кантијанизам отколку макијавелизам, обединета Европа значи посилна Европа – порача Сиљановска од АнкараПосилна, проширена и обединета Европа, значи и посилно НАТО, порача претседателката Сиљановска Давкова пред официјалниот почеток на Самитот на Алијансата во Анкара. На маргините на самитот Претседателката ќе има низа билатерални средби и свој говорт на состанокот на Северноатлантскиот совет, на кој учествуваат шефовите на држави и влади на 32 земји членки на НАТО. „Потребно ни е повеќе кантијанизам, а помалку макијавелизам во политиката. Денеска сакам да кажам дека мотото ’Посилна Европа, посилно НАТО‘ по мое мислење е проширувањето. Обединета Европа е посилна Европа. Но, најсилна Европа е Европа која предводи во мир и демократија базирана на принципи и вредности. Тоа е мојата порака“– Гордана Сиљановска Давкова, претседателка на Македонија. Македонија во моментот издвојува над 4 проценти од БДП за одбраната од предвидените 5 отсто кои е потребно да ги достигне во наредните 10 години, порачал министерот за одбрана Мисајловски за време на состанокот на Северноатланскиот совет на ниво на министри за одбрана. Досегашните договори и поддршка која ја добива македонската армија од сојузниците и преку Европскиот мировен фонд, како што посочил Мисајловски значителено ги зајакнуваат капацитетите на македонската армија. Мисаловски беше дел и од церемонијата за приклучување на Франција, Финска и Шведска кон иницијативата на Мултинационалната соработка за воспоставување на НАТО обука за летање во Европа. Дел од државната делегација, која ја предводи претседателката Сиљановска Давкова е и шефот на дипломатијата Муцунски, кој на маргините на НАТО Самитот остварил средба со министерот за надворешни работи на Холандија, Том Берендсен, на која разговарале за билатералните односи, регионалните и европските прашања, како и за соработката во рамки на НАТО. Освен со холаднскиот министер Муцунски се очекува во текот на денот да оствари десетици средби со негови колеги и шефови на делегации на дел од земјите членки на НАТО. Во текот на вчерашниот ден, пак престедателката Сиљановска Давкова присуствуваше на приемот организиран од турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, на кој како што посочи во објава на социјалните мрежи биле разменети мислења за натамошно јакнењето на колективната одбрана и зацврстувањето на трансатлантското единство.Тагови: Сиљановска - Давкова Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМицкоски: Македонија продолжува со спроведување на реформите, зајакнување на економијата, институциите и владеењето на правото14:43Пропадна и последниот обид за партиски консензус за Изборниот законик15:00Во Анкара почнува самитот на НАТО, македонската делегација е предводена од претседателката Сиљановска Давкова08:42Потпишан договор со ЕБОР и ЕУ за изградба на автопат Скопје-Блаце, ќе чини речиси 200 милиони евра15:00Мицкоски: Оваа Влада ќе биде запаметена по проекти, по две децении најава, наскоро започнува изградбата на автопатот Скопје - Блаце12:43
Мицкоски: Македонија продолжува со спроведување на реформите, зајакнување на економијата, институциите и владеењето на правото14:43
Во Анкара почнува самитот на НАТО, македонската делегација е предводена од претседателката Сиљановска Давкова08:42
Потпишан договор со ЕБОР и ЕУ за изградба на автопат Скопје-Блаце, ќе чини речиси 200 милиони евра15:00
Мицкоски: Оваа Влада ќе биде запаметена по проекти, по две децении најава, наскоро започнува изградбата на автопатот Скопје - Блаце12:43
МакедонијаЈотова бара да не се поврзуваат технички барања со политички толкувањаДодека секое барање на официјална Софија поврзано со Бугарите во Македонија се претставува како прашање за човекови права, барањата за регистрација на здруженијата на Македонците во Бугарија се третираат како „техничко прашање“. Ова меѓудругото произлегува од пораките што ги упатила бугарската потпретседателка Илијана Јотова на средбата со генералниот директор за човекови права и владеење на правото при Секретаријатот на Советот на Европа, Џанлука Еспозито. На состанокот кој се оддржал на 3 јули во Софија присуствувал и раководителот на Одделот за извршување на пресудите на Европскиот суд за човекови права, Фредерик Долт. Во кусото соопштение од кабинетот на Јотова се наведува дека една од главните теми биле пресудите на Европскиот суд за човекови права во предметите „ОМО Илинден против Бугарија“. „За време на средбата беше разговарано за конструктивниот дијалог и за ангажираноста на нашата земја во исполнување на одлуките на Европскиот суд за човекови права во групата на дела „ОМО Илинден против Бугарија“. Претседателката го проследи развојот на ова прашање од 2006 година до денес и укажа на интензивниот и долготраен надзор од страна на Комитетот на министри. Во исто време се очекува дека наскоро ќе заврши и надзорот врз извршувањето на пресудите, имајќи ги предвид напорите што ги вложила Бугарија и спроведените мерки за либерализација на постапката за регистрација. „Неприфатливо е техничките барања да се поврзуваат со политички толкувања“, се вели во соопштението по средбата од трети јули. – Кабинет на претседател на Република Бугарија. Коментирајќи ја неодамнешната средба на бугарскиот државен врв со претставниците на Советот на Европа, Стојко Стојков од ОМО „Илинден Пирин“ вели дека Комитетот на министри мора да покаже и изврши одреден притисок во насока дека се преземени чекори во однос на пресудите за македонските здруженија во Бугарја, но во пракса за Софија тоа не мора да значи ништо. - Основна цел на Бугарија е да го затвори надзорот на Комитетот на министри за извршување на пресудите.Сите овие организации и сите овие случаи и пресуди, кои се однесуваат на тоа што организацииите не можат да се регистрираат, практично да бидат прогласени за извршени, без притоа ниту една од организациите да не биде регистрирана. Тоа е она што Бугарија се обидува да го направи подолг временски период. Вистинската причина за нерегистрацијата е многу јасна, како што очигледно наведува и Комитетот на министри – тоа е маргинализација на Македонците – вели Стојков. И покрај најмалку 14 пресуди на Европскиот суд за човекови права, Официјална Софија сѐ уште не овозможила регистрација на ОМО Илинден–Пирин, поради што случајот останува под надзор на Советот на Европа. Тагови: Бугарија Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЕвропаМарин Ле Пен потврди дека ќе се кандидира на претседателски избори во франција во 2027Лидерката на крајната десница Марин Ле Пен потврди дека ќе се кандидира на претседателските избори во Франција следната година, откако денеска ѝ беше намалена забраната за вршење јавна функција.Таа најави жалба на одлуката да носи електронска нараквица една година откако Апелацискиот суд во Париз ја потврди ланската пресуда за обвиненијата за проневера на европски пари. Таа ја отфрли можноста да му ја предаде кандидатурата на лидерот на партијата, жордан бардела. „нема такво сценарио. Тука сум вечерва за да објавам дека ќе се кандидирам на изборите во 2027“, рече Ле Пен на француската телевизија. Тоа ќе биде нејзиниот четврти обид да стане претседателка.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook