Честитка од претседателот Трамп по повод Денот на независноста на Македонија - Канал 5

Честитка од претседателот Трамп по повод Денот на независноста на Македонија

По повод 8 Септември, Денот на независноста, писмo со честиткa до претседателот на Република  Македонија, Стево Пендаровски упати претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп.

Честитка од претседателот Трамп по повод Денот на независноста на Македонија

Во писмото се вели дека претседателот Трамп и американските граѓани упатуваат срдечни честитки до претседателот Пендаровски и граѓаните на Македонија, по повод 28-та годишнина од нашата независност.

-Ви честитам за континуираното спроведување на историскиот Договор од Преспа, кој носи поголема безбедност и просперитет за граѓаните на Македонија. Посветеноста на вашата земја на демократските принципи, владеењето на правото и отчетноста на владата се за пофалба. Соединетите Американски Држави силно ја поддржуваат Македонија на нејзиниот пат кон членството во НАТО, и со нетрпение очекувам да ја продолжиме нашата соработка во унапредувањето на мирот, просперитетот и стабилноста во регионот", стои во писмото на претседателот Трамп до претседателот Пендаровски.

Честитки до претседателот Пендаровски по повод 8 Септември, Денот на независноста, испратија и претседателот на Француската Република, Емануел Макрон, претседателот на Руската Федерација, Владимир Путин, претседателот на Република Турција, Реџеп Таип Ердоган, шефови на држави-членки на Европската унија, како и од регионот и од соседството.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Поразот на републиканците ги урна светските берзи поради стравувањата за инвестиции во вештачката интелегенија

Стотици милијарди долари пазарна вредност изгубија американските и азиските технолошки компании по остриот пад на светските берзи, поттикнат од најавите дека изборната победа на демократите во САД

Поразот на републиканците ги урна светските берзи поради стравувањата за инвестиции во вештачката интелегенија

Стотици милијарди долари пазарна вредност изгубија американските и азиските технолошки компании по остриот пад на светските берзи, поттикнат од најавите дека изборната победа на демократите во САД може да го забави развојот на вештачката интелигенција..

Само седумте најголеми американски технолошки компании, познати како „Величествената седумка“, за еден ден изгубија вкупно еден билион долари пазарна вредност, објави Би-Би-Си.

Индексот „Стандард и пурс 500“ на „Волстрит падна за 4,4 отсто, што е негов најлош резултат од април лани, кога претседателот Доналд Трамп ги потресе светските пазари со воведувањето царини во рамки на програмата „Ден на ослободувањето“.

Технолошкиот индекс насдак падна за 5,52 проценти и изгуби до 2,5 трилиони долари од пазарната вредност.. Инвеститорите стравуваат дека новото демократско мнозинство во американскиот Конгрес ќе воведе построги правила за изградба на центри за податоци, што би можело да ги забави инвестициите во секторот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Бела куќа: Хегсет и Рубио не ги напуштаат функциите

Белата куќа ги негираше гласините дека министерот за одбрана Пит Хегсет и државниот секретар Марко Рубио би можеле да ги напуштат функциите во постизборната реорганизација на администрацијата на Трамп.

Бела куќа: Хегсет и Рубио не ги напуштаат функциите

Американските медиуми објавија дека има повици за смена на Хегсет, особено поради неговото справување со војната во Иран, што беше посочено како клучна причина за тешкиот порази на републиканците на изборите.

Белата куќа и американскиот Стејт департмент во исто време ги демантираа и извештаите дека рубио ќе си замине од позицијата по поразите на среднорочните избори, нарекувајќи ги наводите „лажни вести“..

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Тошковски од Будва: Македонија веќе презема значаен дел од одговорноста за европската безбедност

Македонија веќе презема значаен дел од одговорноста за европската безбедност, нашиот придонес треба да биде соодветно препознаен.

Тошковски од Будва: Македонија веќе презема значаен дел од одговорноста за европската безбедност

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски учествуваше на Министерскиот форум ЕУ – Западен Балкан за правда и внатрешни работи, кој се одржа на 5 и 6 ноември во Будва, Црна Гора, во присуство на министри од земјите на Западен Балкан и претставници на европските институции и агенции.

Во рамки на форумот, министерот Тошковски имаше две обраќања посветени на управувањето со миграцијата и граничната безбедност, како и на борбата против современите форми на криминал во дигиталната ера.

Говорејќи за миграциските предизвици, Тошковски ја нагласи стратешката улога на Македонија на балканската миграциска рута и конкретниот придонес на македонската полиција во заштитата на европската безбедност.

„Македонија не чека да стане членка на Европската Унија за да се однесува одговорно кон европската безбедност. Ние таа одговорност веќе ја преземаме. Ја преземаме преку нашата гранична полиција, преку заедничките операции со Фронтекс, преку борбата против криумчарските мрежи и преку конкретното усогласување со европските политики“, истакна Тошковски.

Тој посочи дека во првите десет месеци од 2026 година е регистрирано зголемување од 29 проценти на обидите за нелегален премин на државната граница во споредба со претходната година, додека во истиот период се откриени 23 случаи на криумчарење на вкупно 144 мигранти, со преземени мерки на кривичен прогон против 38 сторители.

Посебно внимание беше посветено на соработката со Фронтекс, чија заедничка операција со македонската полиција, започната на јужната граница во 2023 година, во август годинава беше проширена и на северната граница, а во завршна фаза се подготовките за проширување и на западната граница.

„Успешната соработка со Фронтекс покажува дека Македонија има и капацитет и политичка волја да презема одговорност. Но, истовремено покажува и дека вложувањето во нашите гранични капацитети е директно вложување во заедничката европска безбедност“, нагласи министерот, потенцирајќи ја потребата од натамошна техничка, кадровска и финансиска поддршка од Европската Унија.

Во своето обраќање, Тошковски се осврна и на напредокот во усогласувањето со европските политики за миграција и азил, особено во делот на визната политика, каде што Македонија има постигнато речиси целосна усогласеност со европската листа на држави чии државјани подлежат на визен режим.

Во второто обраќање, посветено на криминалот во дигиталната ера, министерот предупреди на растечките предизвици поврзани со сајберкриминалот, онлајн измамите, злоупотребата на криптовалутите и вештачката интелигенција за криминални цели.

„Криминалот веќе функционира без граници. Нашиот одговор мора да биде подеднакво поврзан, брз и ефикасен“, порача Тошковски.

Тој го истакна и формирањето на новото специјализирано Одделение за истраги за злоупотреби на деца на интернет и истраги од отворени извори во рамки на МВР, со надлежност на национално ниво, како значаен чекор во зајакнувањето на капацитетите за заштита на децата од сексуална експлоатација во дигиталниот простор.

Министерот повика на посилна оперативна интеграција на земјите од Западен Балкан во европските механизми за борба против криминалот, побрза размена на информации и електронски докази, како и поголеми инвестиции во дигиталната форензика, напредните аналитички алатки и одговорната примена на вештачката интелигенција во полициското работење.

„Нашиот заеднички успех не треба да го мериме само преку бројот на реализирани проекти или обуки, туку преку бројот на заштитени жртви, успешно спроведени заеднички истраги, разбиени криминални мрежи, навремено обезбедени електронски докази и одземени незаконски стекнати средства“, истакна Тошковски.

На маргините на форумот, министерот Тошковски оствари и билатерална средба со Нина Грегори, извршна директорка на Агенцијата на Европската Унија за азил (EUAA).

На средбата беше разговарано за досегашната соработка меѓу Министерството за внатрешни работи и Агенцијата, можностите за нејзино понатамошно продлабочување, како и за поддршката во процесот на усогласување на националното законодавство и институционалните практики со европските стандарди во областа на азилот и меѓународната заштита.

Посебен акцент беше ставен на јакнењето на административните и оперативните капацитети, размената на експертиза и продолжувањето на заедничките активности насочени кон воспоставување поефикасен и функционален систем за азил.

Учеството на министерот Тошковски на форумот во Будва беше можност за афирмирање на конкретните резултати на македонската полиција, унапредување на соработката со европските институции и потврдување на улогата на Македонија како активен партнер во справувањето со заедничките безбедносни предизвици.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер