Високото УВ зрачење опасно за здравјето на граѓаните

Опуштените и претерани излежувања на плажа во копнеж да се добие убав и темен тен можат да бидат опасни за вашата кожа. Сончевите зраци се примамливи за долги дневни прошетки, но поради високото УВ-зрачење се навистина штетни.

Алергии, чешања, иритации, изгореници со различни интензитети – многу пациенти деновиве побарале помош во Клиниката за кожни болести. Изгорениците се најнепријатни и мора особено да се внимава на нив бидејќи во најлош случај можат да доведат до карцином на кожата.

„Изгорениците од сонце, и покрај тоа што поминуваат за неколку дена а се пропратени со чешање и непријатноста која ја предизвикуваат, сепак знаат во одредени случаи да предизвикаат и трајни последици кои би довеле и до малигни заболувања“, вели Д-р Дејан Филиповиќ- специјалист дерматолог.

Кремата со заштитен фактор мора да биде задолжителна, без разлика дали сте покрај море или во урбана средина, велат дерматолозите. Препорачлив е заштитен фактор 50 и реаплицирање на секои 3 часа, како и лесна, тенка облека.

„Самото тло, асфалтот кој испарува, песокот, каменчињата на плажа, па и водата рефлектираат сончеви зраци, лесно можеме да изгориме и доколку носиме капи, шешири и слично. Неопходна е заштитната крема да се аплицира пред се на оние поизложени места како деколтето, рацете и лицето“, вели Д-р Филиповиќ

Неподносливото топло време ќе не поштеди од среда за кога се очекуваат пониски температури, но високиот УВ-индексот ќе се задржи.

„Со облачноста ќе имаме извесно намалување на УВ-индексот, меѓутоа се уште во одредени региони ќе остане нешто пониско, околу 8, а само во местата каде што ќе има зголемена облачност со врнежи, УВ-индексот ќе биде 7“, вели Ленче Ризова од УХМР.

Портокаловата фаза ја „вжешти“ и линијата за Брза помош. Само викендов биле примени над 150 повици, а имало и десетина интервенции на лица кои колабирале поради високите температури. Утре не очекува можеби и најтоплиот ден од годината кога живата на термометарот ќе го надмине 40-от степен.

Полицаец ја лажел јавноста дека е два пати погоден од снајпер

Властите на Лос Анџелес соопштија дека заменикот шериф , кој тврдел дека два пати е погоден со снајпер , лажел .

Заменикот шериф Ангел Реиноса , кој тврдел дека е погоден , си исекол две дупки во униформата за да изгледаат како да се од куршум , а потоа лажел дека е погоден.Тој учествувал во полициската акција во средата и се јавил за да им каже на колегите дека е погоден.

,,Погоден сум од северната страна на Ланкастер, ме погоди во десното рамо“, рече избезумено Реиноса на радиоврската.

„Кошулата ми е искината на десното рамо. Мислам дека пука со снајпер од прозорецот на станот“, зборувал полицаецот со испаничен глас.

Риноса денеска е ослободен од своите должности и се соочува со кривична пријава.

Бебек заедно со Селма од песната на „Бијело Дугме” го прославија нејзиниот 90. роденден

Пејачот на легендарниот бенд „Бијело Дугме”, Жељко Бебек се дружеше со Селма од популарната песна.

Песната „Селма“ авторот Владо Дијак и го посветил на жена во која бил толку вљубен што од нејзиното патување на факултет направил една од најубавите љубовни песни. Селма Бориќ денеска има 90 години , а Жељко Бебек ја посети за да и го честита роденденот. Тој на социјалните мрежи ја објави и заедничката фотографија.

„Драга моја Селма го прослави својот 90-ти роденден… Среќен роденден од срце“, напиша Бебек на фотографијата каде заедно со Селма позираат заедно и пијат шампањ.

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

... moja draga Selma proslavila 90.ti rodjendan ... sretan rodjendan od 💝 #selma #bijelodugme #ononestonase

A post shared by BEBEK (@zeljkobebek) on

Владо и таа се запознале во 1945 година.

"Јас во тоа време имав 16 години. Лежев со девојките на тревата, а Владо лежеше со момчињата наспроти. Тој ја кубеше тревата и ме гледаше цело време. Се чини дека тој беше заинтересиран за мене, а подоцна се запознавме на корзо. Еднаш ме сретна додека тргнував на пат, па го носеше куферот. Отидовме на станицата и тој ми помогна да се качам во возот. Имаше отворен прозорец и тој ми рече: „Селма, не се потпирај на прозорецот“ “, раскажа Селма пред неколку години за хрватските медиуми.

Таа призна дека многу ја сака оваа песна, но дека на почетокот никој не и верувал дека е посветена за неа. Владо никогаш не и признал на Селма дека е заљубен во неа, но подоцна рекол дека страдал четири години.

Галеб спасил Швеѓенец од шестмесечна затворска казна

Швеѓенец се спасил од сигурнио апсење , кога галеб му ја грабнал кесичката со марихуана и одлетал , додека му се приближувала полицијата.

Полицајците патролирале во цивилна облека на Фестивалот на културата во Гетеборг и виделе жена како слободно пуши марихуана. Додека оделе кон неа, забележале маж во нејзино друштво со кесичка марихуана.

Во моментот кога требале да му пријдат на мажот, долетал галеб и му ја грабнал кесичката на мажот . Така полицијата останала без доказ и не го казнила Швеѓанецот.

Инаку , во Шведска казните за ваков вид прекршок се ригорозни и се казнуваат со гоелми парични казни и затвор до шест месеци.

Жената не успеала да се спаси и била уапсена, а полицајците само можеле да го гледаат галебот како исчезнува со доказот за мажот.

притисни ентер