Опозицијата поднесе кривична пријава за аферата „М Нав“- Рашковски негира дека договорале тендер

Опозицијата поднесе кривична пријава за аферата „М Нав“,  која се поврзува со генералниот секретар на владата Драги Рашковски.

Опозицијата со кривична пријава против генералниот секретар на Владата, Драги Рашковски откако во петокот се објавија информации според кои наводно тој е вмешан во местење на тендер за набавка на опрема за МНАВ вреден седум милиони евра.

ВМРО ДПМНЕ очекува обвинителство да поведе постапка и да го расчисти овој случај, но и останатите сомневања изнесени во јавноста за Рашковски.

Рашкоски денеска не сакаше да ги коментира информациите. Закажа прес конференција за утре во Владата... Во петокот во медиумите беше објавена аудио снимка и транскрипт од разговор на повеќемина кои наводно договараат како италијанската фирма Леонардо да го добие тендерот за радар.

  Во реакција на објавеното, Рашковски на Фејсбук не го негираше разговорот тврди дека бил снимен од вработен во МНАВ, но демантира било какви обиди за малверзации во тендерската постапка.

„ По задолжение на Влада, а несамоволно се органира состанок во мојата канцеларија (кој климент го снима но намерно го сече делот каде што тој збори) и на состанокот не се договара никаков тендер туку се збориза динамиката на испорака на веќе завршена постапка од 2016 година,.“, напиша Рашковски на Фејсбук.

Во одбрана на Рашковски застана СДСМ обвинуваат дека раководството на ВМРО ДПМНЕ е вмешано во одложувањето на набавката на опремата со што се загрозувала безбедноста.

За состојбите во МНАВ се разговарало и на последната владина седница, вели министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски.

На утрешната прес конференција Рашковски покрај новинарите ги покани и Василевска, Чепуњовски и новинарот Горан Момировски кој ги објави информациите за тендерот.

Во Абиџан запленети 200 тони фалсификувани лекови

Властите на Брегот на Слоновата коска соопштиле дека во текот на неделата заплениле рекордни 200 тони фалсификувани лекови и привеле четири лица.

Лековите, фалсификувани и со погрешно наведени дози се наоѓале во една двокатна куќа.

„Имаше 200 тони. Четири лица се приведени, од кои еден е кинески државјанин“, велат од полицијата.

„Во сите простории на куќата имаше лекови“, додаваат тие наведувајќи дека некои од кутиите биле и со кинески натписи.

Светската здравствена организација наведува дека во Африка годишно умираат околу 100.000 луѓе заради употреба на фалсификувани лекови.

СРАМНО: Екс новинарот „блуе“ говор на омраза и закани, и никој во Македонија не се потресува!

Екс новинарот кој веќе подолг период користи тешки форми на говор на и од омраза, се надмина себе си во еден во своите последни FB коментари !

Бранко Тричковски врши сериозна алузија на убиство, при што сечењето на цреша во дворот на актерката Моника Белучи ( дрво кое може да е биде фиктивно ) го споредува со сечење на главата на прославениот македонски режисер Владе Милчин.

Страшно и загрижувачки е што Јавното Обвинителство изгледа не ни помислува да реагира на вакви бестијални изрази на говор на омраза, каков што е и примерот на кривичната пријава токму за серијал на говор на и од омраза на едно лице познато како Саше Ивановски а поднесена од Канал 5 ТВ!

Треба ли да бидеме сведоци на „реализација“ на тие сериозни облици на говор на и од омраза на разни Бранковци и Сашевци, па дури тогаш тимот на Јовески да го придвижи својот обвинителски „мастодонт“?

Како е можно тимот на тој истиот Јовески да биде брз и ефикасен кога стануваше збор за исто така оправдани тужби за говор на омраза за актерот Тони Михајловски од ВМРО-ДПМНЕ или пак екс спортскиот водител, Миленко Неделковски?

Дали ОЈО повторно ќе ги отфрли пријавите и т.н. допрен глас, на многу наши сограѓани против овој лик Бранко Тричковски,како што направија лани во Декември, или пак ОЈО реагира само на видео материјали објавени во странски медиуми?

Вучиќ на Твитер: Благодарност до лекарите, од понеделник ќе бидам во полн работен погон

Здравстената состојба на српскиот претседател Александар Вучиќ е стабилна, и тој како што порача на Твитер од понеделник  веќе ќе биде во полн работен погон. 

Вучиќ им се заблагодари и на вработените на Воено медицинската академија во Белград каде вчера беше хоститализиран поради кардиоваскуларни проблеми.

притисни ентер