Николоски: ВМРО-ДПМНЕ стои на располагање да помогне за доброто на Македонија

Во Луксембург се потврди на што сите го знаеме до душа некои порано а некои подоцна а тоа е дека Македонија со Заев, Димитров, Османи и Шеќеринска за жал и овој јуни не доби датум за почеток на преговори за членство во Европската Унија.

Како тргнале и ако вака продолжат да работат, односно да не работат и да блескаат како што самите велат и следен јуни ќе дојде, а датум за почеток на преговори нема да има.

Значи внимавајте, зборувам за датум за почеток на преговори а не за членство во Европската Унија. Па колку ли не ги бива што Европската Унија не сака да даде зелено светло ни за почеток на преговори? Која е таа неспособност? Навистина е поразителното сето ова.

Дојдоа на власт со големи очекувања и ветувања дека преговорите ќе почнат во јуни 2018 година. После дебаклот кој што им се случи лани со нереализацијата на Планот кој што самите го создадоа 3 6 9, да потсетам реализираа само 42 проценти од истиот, минатата година кажаа дека датум за преговори има и тоа е јуни 2019 година.

Еве го јуни дојде и видовме дека датум за преговори немало.

Сега велат: готово е за октомври. Па јавно прашуваме каква е гаранцијата за октомври? Затоа што заклучоците на Советот пишува дека не подоцна од октомври ќе се донесе одлука, но не пишува каква.

Која е гаранцијата дека во октомври ќе се донесе одлука за почеток на преговори и дека истите ќе почнат до крајот на годината како што ветуваат од Владата. Таква нема затоа што сите знаат дека и Заев и владата се неспособни да испорачаат реформи.

Прашањето е едноставно, како да сакаат било која голема европска држава да ве види во исто друштво со нив кога гледа дека корупцијата цвета, економијата оди надолу, а начинот на кој се обидувате да се одржите на власт е крајно недемократски, со политички притисоци и желба за затворање на политичкиот противник.

Начинот на кој што сакате да се одржите на власт е со тоа, ние сме добри, сите останати се криви, па изминатите недели имавме тирада напади кон Канцеларката Меркел, а еве денес гледаме од официјални советници на премиерот Заев напади и кон Европскиот Совет.

Како сакате да ве видат во исто друштво со уништено здравство во кое што однапред се знае кој и како ќе ги добива тендерите.

Како сакате да ве видат во исто друштво кога дрога има по улиците како никогаш порано?

Како да ве видат во исто друштво кога економијата се сведува на онаа народната, јас, брат ми и по некој друг братучед и уште многу како?

Од оваа перспектива можам да кажам дека ВМРО-ДПМНЕ се постави крајно конструктивно и патриотски по однос на ова прашање. За се што бевме консултирани дадовме придонес, во јавноста секогаш ги изнесувавме информациите до кои што доаѓавме, а тоа е дека ако нема реформи и оваа година нема да има датум, за жал како што се случи. Лобиравме таму каде што можевме, за разлика од СДСМ кога беше опозиција буквално секој петок праќаше циркуларни мејлови до сите до кои што можат да стигнат, критикувајќи ја и кодошејќи ја државата.

Ние како ВМРО-ДПМНЕ сакаме Македонија да оди напред, тоа е добро за сите граѓани и затоа сесрдно, наместо да ја кориме ситуацијата за дневно политички поени јавно понудивме да се формираат работни групи помеѓу ВМРО-ДПМНЕ и Владата кои што ќе работат на реформите кои што Европската Унија ги бара.

За жал, до овој момент на понудата која што пред две недели ја изнесе Претседателот на партијата, се уште немаме одговор, таков одговор нема.

Претпоставувам нема, затоа што ги јаде ароганцијата и самобендисаноста, затоа што не знаат и не сакаат а од други помош не примаат. Па еве јавно се прашуваме дали можеби на СДСМ и Заев им одговора да нема датум за почеток на преговори?

Дали можеби не сакаат да бидат контролирани од Европската Унија? Затоа што кога ќе почнат преговорите, тендерите ќе не можат така лесно да се местата и бизнисот да цвета.

Не смее да се губи повеќе време. Веднаш мора да се направи план за реформи и работа, за големи проблеми. ВМРО-ДПМНЕ стои на располагање да помогне со сиот свој експертски потенцијал и бројните контакти кои што ги имаме.

Сакаме да помогнеме за да биде добро за Македонија. Но, да бидам искрен не верувам дека Заев, Шеќеринска, Османи, Димитров и останатите тоа знаат и можат да го направат.

Немаат ни волја, ни знаење и затоа во овој момент оставките се најмалку што можат да направат.

Александар Николоски, потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ

Расистички навреди кон Нико Вилијамс

Напаѓачот на Атлетик Билбао, Нико Вилијамс, беше цел на расистички навреди од трибините на натпреварот против Атлетико Мадрид во 33. коло од шпанската Ла Лига.

Дваесетиедногодишниот Шпанец го постигна единствениот гол за баскискиот клуб кој ги загуби натпреварот со 3-1.

„Не е нормално да те навредуваат поради бојата на кожата. Знам дека насекаде има глупави луѓе, но ова треба да се промени. Играчите на Атлетико ме поддржаа и разбираат дека е неприфатливо да се пуштаат мајмунски звуци за време на натпревари“, изјави Вилијамс, цитиран од шпанските медиуми.

Вилијамс оваа сезона забележа 32 настапи во сите натпреварувања за Атлетик, постигнувајќи шест голови, а запиша и 14 асистенции.

На пролетен фестивал во Германија, повеќе од 800 луѓе се заразиле со стомачен грип

 Повеќе од 800 луѓе се заразиле со норовирус (стомачен грип) на пролетниот фестивал во Штутгарт, град во југозападна Германија, јави Би-Би-Си.

Не е познато како се шири вирусот, но бројот на заразени значително се зголеми во текот на неделата.

Претставниците на властите во Штутгарт веруваат дека изворот на инфекцијата не е храната и пијалоците кои се служат во фестивалскиот шатор, бидејќи анализираните примероци биле негативни.

Тестирани се и персоналот, како и садовите и водата што се користат за миење.

Градскиот здравствен институт смета дека вирусот се пренесувал од човек на човек, преку капки, иако не се знае кој го донел вирусот - посетител или вработен.

Посетителите набрзо се пожалиле на повраќање, дијареа и гадење.

Градските здравствени власти објавија дека до петок, 26 април, биле заразени 815 лица. Пролетниот фестивал на падините на реката Некар започна на 20 април и ќе трае 23 дена.

Барнли го осуди навивачкото скандирање за трагедијата во Минхен

Раководството на премиерлигашот Барнли го осуди однесувањето на дел од своите навивачи кои за време на саботниот натпревар против Манчестер Јунајтед скандираа навредливи пораки за трагедијата во Минхен во 1958 година.

Раководството на премиерлигашот Барнли го осуди однесувањето на дел од своите навивачи кои за време на саботниот натпревар против Манчестер Јунајтед скандираа навредливи пораки за трагедијата во Минхен во 1958 година, во која, меѓу другите, загинаа осум фудбалери на Јунајтед.

Во саботата Барнли успеа да освои бод против Манчестер Јунајтед на „Олд Трафорд“ (1:1), а на социјалните мрежи се појави видео на кое може да се забележат скандирања и недолични гестови меѓу навивачите на Барнли во врска со трагедијата во Минхен.

„Гестовите и скандирањето во врска со трагедијата е целосно неприфатливо однесување и фудбалскиот клуб Барнли не го толерира. Ќе работиме со полицијата и Манчестер Јунајтед за да помогнеме во идентификувањето и кривичното гонење на одговорните лица“, се вели во соопштението на Барнли, пренесе Би-Би-Си. (ББЦ).

Во авионска несреќа во Минхен во 1958 година, загинаа 23 лица, меѓу кои и осум фудбалери на Манчестер Јунајтед.

притисни ентер