Годзила има над 1000 Кс и лесно стигнува до 380 км/час (ВИДЕО)

На патеката Johnny Bohmer Proving Grounds, долга нешто повеќе од четири километри се докажа спортската изведба на Nissan GT-R.

Новиот спортски болид на Нисан ги покажа своите перформанси на патеката , на која се испробуваат најсилните болиди.

Nissan GT-R има над 1 100 коњски сили и погон на сите тркала . По забрзувањето на првата четврт милја, болидот продолжи со силното забрзување , а без проблем стигна до 380 км/час.

Тројца новозаболени од морбили во Штип

Тројца новозаболени пациенти од мали сипаници се хоспитализирани на Инфективното одделение во Клиничката болница во Штип. 

Портпаролот на болницата, Марина Шуманска изјави дека вчера се примени двајца пациенти, а денеска до 11 часот еден пациент, со што во болницата сега се лекуваат вкупно 13 пациенти заразени од мали сипаници.

– Нивната здравствена состојба е стабилна, а на одделение се задржуваат само пациенти со потешка клиничка слика, вели Шуманска.

Изминатата недела поради ширење на зараза во штипска конфекција каде што заболеа десеттеминa, на лице место беа имунизирани 37 работници. Шуманска забележува дека новите три случаи не се поврзани со работниците од конфекцијата. Епидемилозите алрамираат дека постои ризик за ширење на заразата, бидејќи работниците имале контакт и со други работници, но и со своите семејства.

Здравствените работници апелираат децата кои не се вакцинирани да не се носат во игротеки, градинки, затворени простории. Штипскиот Центар за јавно здравје утре очекува да добие препораки за полесно спречување на заразата, а се очекува да се изврши дополнителна дезинфекција во училиштата и градинките во градот. 

Пијан дошол во полиција по сопругата приведена за возење во пијана состојба

Полицајците во американаскиот град Њу Џерси не знаеја кого попрво да го приведат за возење во алкохолизирана состојба.

Полицијата од предградието Хакетстаун ја привела 21 годишната Морган Доран , која била запрена од патролата и утврдено дека е во алкохолизирана состојба.

Таа била приведена во полициска станица , а по неа м, за да плати кауција и да ја извлече на слобода , дошол 24 годишниот партнер Себастијан Рем.

Кога влегол во станицата , полицајците веднаш почуствувале мирис на алкохол и му поднеле пријава за возење во пијанасостојба.

На крај пијаните маж и жена морале да викнат трета личност да ги извлече од полициската станица , и тоа трезна.

Ајкула уби пливач во близина на плажа на Хаваи (ВИДЕО)

На околу 50 метри од плажата на хавајскиот остров Мауи , ајкула уби човек.

Станува збор за 65 годишен американски турист од Калифорнија . Мажот бил нападнат од ајкулата во близина на популарната плажа Каанапали, а од здобиените тешки повреди набргу починал.

Хавајската канцеларија за природни ресурси идаде предупредување , што ќе остане во текот на денот , додека не се утврди дали во близина има ајкула.

притисни ентер