Поглаварот на ИВЗ: Mакедонскиот народ е див, затоа нема идентитет

Првиот човек на ИВЗ Сулејман Реџепи го оценил македонскиот народ како див и без идентитет.Ваквата скандалозна изјава ја дал во обраќањето во Скопското село Арнакија за време на церемонијата на поставувањето на камен темелникот на џамија.

ИВЗ нема да дозволи да биде попречувана градбата на џамии и нема да молчи за тоа. Ова поглаварот на Исламската верска заедница Реис Ул Улема Хаџи сулејман Ефенди Реџепи го ветил на церемонија за камен темелник на џамија во скопското село Арнакија на 14-ти март или на десетина дена пред да и пише на владата дека и дава десетдневен рок да се расчистат споровите со ИВЗ, поврзани со процесот на предавање на имотот на оваа верска заедница вратен по пат на денационалиозација. Во настапот пред верниците на Арнакија, кој во форма на видео е поставен и на неговиот фејсбук профил викендов,Реисот со недолични зборови кон Македонскиот народ, што не му е прв пат.

„Џамиите да се попречуваат и да не се одоброува нивната изградба, оваа работа нема да ја дозволиме. Никогаш нема да молчиме. Се надеваме со господ напред дека ќе дојдат подобри времиња и секаде имаме народ и места..во село Лажец Битолско каде повеќе од 100 години немаат џамија. Замислете вие каков див народ е овој со кои сме во соживот. Овие се безпримерен див народ, затоа немаат идентитет и нема да имаат никогаш, без разлика дека ние сакаме да им помогнеме.Не се помага, бездушниот не се освестува.”

Изјавил Реисот Реџепи на церемонијата во Арнакија, а во продолжение на говорот се осврнал на потребата да се изгради џамијата во Битолското село Лажец поготово што ИВЗ таму имала свој вакуф.Околу дваесетти март  Реисот Реџепи во писмо до Владата и даде десетдневен рок за надминување на прашањата поврзани со имотот на ИВЗ вратен со денационализација. Во писмото Реисот ја искритикува владата дека ја фаворизира МПЦ а ја дискриминира ИВЗ и дека за тоа ќе ги известувале верниците во предизборната кампања преку седумстотините џамии. По реакција од страна на министерот Спасовски дека е ова ултиматум, оставено беше за ова прашање да се разговара по изборите.

Канал 5 во Софија: Бугарија гласа за 17 пратеници во Европскиот Парламент

Канал 5 одблизу го следи гласањето во најблиската европска метропола, Софија.

Таму е Александар Видиновски  со информациите за одзивот, дали Бугарите се заинтересирани за изборите.

Директорот на Сениќ: Струјата во домот е пуштена вчера

Директорот на Домот „Томе Стефановски Сениќ" Лулзим Џемаили, денеска преку соопштение ги демантира обвинувањата на ВМРО-ДПМНЕ дека во објектот се уште не е приклучено снабдувањето со електрична енергија.

-Сакам само транспарентно да се информира јавноста дека на Домот „Томе Стефановски Сениќ" на 22.05.2019 во 14 часот му беше прекинато снабдувањето со електрична енергија заради неплатен долг. Приклучени бевме вчера на ден 25.05.2019  во 19 часот. Демантирам информации дека во Домот уште не е приклучено снабдувањето со електрична енергија, стои во реакцијата од Џамаили.

За сите дополнителни прашања тој најавува средба со медиумите утре во просториите на Домот во 11 часот.

Седница на Централниот Одбор на СДСМ: Кого ќе фати метлата?

Во седиштето на Бихаќка денеска попладне се очекува седница на Централниот одбор на СДСМ на која главна тема ќе биде опрацијата метла.

Кадровските промени главна тема на седницата на Централниот одбор на СДСМ. Премиерот и претседател на социјалдемократите, Зоран Заев со највисокото партиско раководство ќе расправа кој и зошто треба да си замине од досегашната функција.

Седницата следи неколку дена откако Заев ги разреши речиси сите претседатели на општинските одбори на СДСМ и во пресрет на најавената владина реконструкција.

Аналитичарите очекуваат Заев да ја искористи меѓународната и домашната поддршка за операцијата „Метла“ и да ја реализира најавената владина реконструкција и смените во директорските фотелји.

Рамадани очекува, по речиси реализираните амбиции на меѓународен план, Заев да избере кадри чиј фокус сега ќе бидат секојдневните проблеми на граѓаните.

Заев најави дека списокот со имиња на функционерите кои ќе си заминат како и причините ќе ги објави во првата половина од јуни. Се најавува дека ќе направи смени на осум министерски позиции. Дел од неофицијалните информации говорат дека на коалициониот партнер, Али Ахмети на последната средба минатата недела му предложил СДСМ со реконструкцијата да го преземе ресорот животна средина, а за возврат ДУИ да го добие министерското место во транспорт и врски.

притисни ентер