Гордана Сиљановска Давкова утре во Охрид ќе биде домаќин на Процесот Брдо-Бриони, се очекуваат сите регионални претседатели на држави
2Гордана Сиљановска Давкова утре во Охрид ќе биде домаќин на Процесот Брдо-Бриони, се очекуваат сите регионални претседатели на држави
3Фудбалската федерација на Македонија и селекторот на македонската А репрезентација, Гоце Седлоски, спогодбено го раскинаа договорот
Македонија„Македонија -Блокира" поднесе кривична пријава против ДИКМакедонија-Блокира„ денеска до Основното обвинителство Скопје поднесе кривична пријава против членовите на Државната изборна комисија, службеници на ДИК во подрачните канцеларии и службеници во дипломатско – конзуларните претставништва во странство.Пријавите се однесуваат за сторени повеќе кривични дела со кои свесно ја спречија кандидатурата на д-р Филип Петровски за претседател на Република Македонија. Во изјава за медиумите кандидатот за претседател од „Македонија-Блокира" Филип Петровски рече: – „Ние од Кризниот штаб „Македонија – Блокира„ што се бореше против промена на името и предвремени избори, како „Македонија-Блокира„ што ме предложи за претседател на Република Македонија поднесуваме кривична пријава против ДИК затоа што во постапката за собирање на потписи воочивме серија неправилности кои не беа случајни, туку, напротив, беа добро смислени за да се спречи секој кој не одговара на корумпираните политички елити да биде кандидат за претседател на државата. Очигледно е дека ќе имаме наместени избори кои нема да бидат слободни и демократски, а кандидатите кои се дозволени се „манџуриски„ кандидати – споредбата е за кандидати кои се целосно контролирани од центри на моќ и не служат на интересите на државата. Не беше дозволено македонскиот народ да има свој кандидат поради големото незадоволство од промената на името, а јас тоа ќе го спречев, водев на сите анкети, но, со процедурата која беше далеку од демократска беше оневозможено да се кандидирам. Затоа со конкретни елементи ја поднесуваме кривичната пријава и очекуваме како во случајот со Струмица каде што е осудена целата ДИК, очекуваме обвинителството да постапи и сега и да се произнесе што поскоро и да се види дека овие избори се движат во лоша насока и не е возможно да се кандидирате доколку не сте подржани од корумпирана политичка елита" – истакна Петровски. Во изјава за медиумите претседателот на Единствена Македонија Јанко Бачев рече: -„Станува збор за издржана кривична пријава со квалитетни докази. Веруваме дека обвинителството ќе биде на висина на задачата, бидејќи од доказите недвосмилено произлегува дека членовите на ДИК, службеници во подрачните канцеларии на ДИК и службеници во ДКП во странство сториле три кривични дела: злоупотреба на службената положба, уништување на изборен материјал и попречување на избирачкото право. Произлегува дека пријавените ги извршиле овие кривични дела, не сакаме сега да навлегуваме во позадината, бито е да почне постапката а после да се видат и инспираторите, нарачателите и извршителите. Како и да е, едно е јасно, Филип Петровски ги собра потребните потписи. Ние сериозно се спремавме уште пред започнувањето на постапката за собирање на потписи и ние во нашите интерни списоци имавме околу 17.000 потписи, од кои околу 9.000 во земјата и околу 8.000 во дијаспората. Но дојде големиот удар од ДИК, не ги отворија сите 80 општински канцеларии на ДИК и 41 ДКП во странство и на тој начин го спречија Филип Петровски да ги собере и формално потребните 10.000 потписи" – истакна Бачев.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
Рецепти„Гответе со Дракче“ - Омлет со зеленчукВо четврток (19.11.2026) во емисијата гостин ни бeше Антонио Тасевски.Состојки за денешниот рецепт: 4 јајца 1 главица кромид 1 домат 150 гр. свежи печурки 1 зелена лута пиперка 100 гр. кашкавал малки мајонез масло сол и др. зачини по избор Погледнете како се подготвува овој рецепт:Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаТеодора Евтимовска-Бојковска е избрана нова судијка во Уставниот судТеодора Евтимовска-Бојковска е избрана на собраниската Комисија за прашања на изборите и именувањата за предлог за нова судијка во Уставниот суд. Нејзиниот избор следува по оставката на досегашниот уставен судија Гоце Наумовски, со што се пополнува испразнетото место во Судот. Евтимовска-Бојковска доаѓа од Основниот суд Гостивар, каде што за судијка е избрана во ноември 2008 година. Претходно работела како стручен соработник во Основниот суд Тетово, а во 2023 година Судскиот совет одлучил времено да ја упати на работа во овој суд, во период од една година. Предлогот за нејзин избор треба да помине и на пленарна седница во Собранието. Уставните судии се избираат со мандат од девет години, без право на повторен избор.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиДекларација по Самитот ЕУ – Западен Балкан: Преспанскиот договор и договорот со Бугарија да се почитуваат во добра волја08:39Мицкоски од Брисел: Доста е од билатерализација, да зборуваме за заслуги 20:50Мицкоски по завршување на Самитот ЕУ- Западен Балкан: Ќе се бориме за она што е наш аргумент20:01Мицкоски: Испорачавме сѐ што се бара од нас базирано на системот на заслуги, очекувам ЕК да го препознае тоа17:37Средба на претседателот Гаши со хрватскиот премиер Пленковиќ10:12
Декларација по Самитот ЕУ – Западен Балкан: Преспанскиот договор и договорот со Бугарија да се почитуваат во добра волја08:39
Мицкоски: Испорачавме сѐ што се бара од нас базирано на системот на заслуги, очекувам ЕК да го препознае тоа17:37
МакедонијаГордана Сиљановска Давкова утре во Охрид ќе биде домаќин на Процесот Брдо-Бриони, се очекуваат сите регионални претседатели на државиУтре Охрид ќе биде домаќин на состанокот на лидерите на земјите учеснички во Процесот Брдо-Бриони.Утре Охрид ќе биде домаќин на состанокот на лидерите на земјите учеснички во Процесот Брдо-Бриони, во организација на претседателката Гордана Сиљановска-Давкова заедно со претседателката на Република Словенија Наташа Пирц Мусар како и претседателот на Република Хрватска, Зоран Милановиќ. На состанокот ќе учествуваат претседателот на Албанија, Бајрам Бегај; претседавачката и членовите на претседателството На Босна и Херцеговина, Жељка Цвијановиќ, Денис Беќировиќ и Даријана Филиповиќ; претседателката на Косово, Јустина Широка-Пула; вршителот на должноста претседател на Србија, Александар Чупиќ и претседателот на Црна Гора, Јаков Милатовиќ. процесот Брдо-Бриони е регионална иницијатива воспоставена во 2013 година со цел европска интеграција на земјите од Западен Балкан и стабилизирање на состојбите преку јакнење на регионалната соработка и решавање на отворените прашања.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook