ЧАИРСКА ВРТЕНА ПИТА

Рецепт на : Маргарита Николовска

Потребни состојки:  околу 2 кг. брашно, 500 гр. спанаќ, 1 коцка квасец, малку масло, малку сол, малку шеќер и околу 1 л. млака вода.  

Постапка:

Во подлабок сад со брашно се става: малку сол, малку шеќер, 1 квасец и малку масло.

Потоа постепено се додава млака вода и се замесува тесто.

Тестото треба добро да се измеси со раце.

Потоа се дели на 6 топки кои се оставаат да отстојат околу 15 минути.

За тоа време се обарува спанаќот со малку сол и масло.

Од првата топка се сука голема кора и се дели на половина.

На ивиците од половините се реди филот од обарен спанаќ.

Потоа секоја половинa со фил  се витка и се реди во тепсија премачкана со масло.

Истата постапка се повторува и со останатите топки од тесто се додека не се исполни тепсијата.

Питата се пече во загреана рерна околу 20 минути.

Околу 6000 граѓани се пријавиле за бесплатна вакцина против грип

Околу шест илјади граѓани се пријавиле преку системот „Мој Термин“ за бесплатна вакцина против грип.

Од утре стартува бесплатното вакцинирање против грип во оваа категорија се граѓаните над 65 години бебиња од шест месеци до пет години, бремени жени. Овие граѓани треба претходно да заминат кај својот матичен доктор и да закажат термин за вакцина.  

Вакцинацијата ќе биде во поликлиниките Букурешт, Ѓорче Петров и Чаир во пунктовите за редовна вакцинација на деца од 14 до 18 часот, а во здравствените домови термини ќе има и за во сабота.

Министерот за здравство објаснува дека има доволно вакцини за сите, а доколку не стигнат вакцини има најава и за донација. 

За пациентите кои не можат сами да дојдат до местата за вакцини, ќе може со закажување на телефонот 194 да бидат транспортирани до местата за вакцинација.

Сите оние кои сакаат да се вакцинираат приватно вакцината чини 650 денари.

Kардиохируршки интервенции на деца покриени од ФЗОМ и во„Аџибадем Систина"

Во Клиничката болница „Аџибадем Систина" почнаа да се вршат кардиохируршки интервенции на деца (на возраст до 18 години) со кардиоваскуларни болести кои се покриени од Фондот за здравствено осигурување.

Од болницата соопштија дека можноста за тие интервенции произлегува од анексот на Договорот за извршување и плаќање здравствени услуги во областа на кардиоваскуларна хирургија на осигурени лица, што го потпишале со Фондот.

Овие интервенции, информираа од болницата, ги извршува искусен тим од доктори предводен од д-р Владимир Чадиковски, кој е единствениот лиценциран детски кардиохирург во земјава, заедно со доктори од „Аџибадем" од Турција кои зад себе имаат повеќе од 15.000 интервенции.

Станува збор за тим од десетмина доктори кардиохирурзи, кардиолози, интернисти, анестезиолози, перфузионисти и педијатри за кардиолошки интервенции кај деца, кои се едни од најдобрите во регионот. Предност е што искусниот тим на доктори кои доаѓаат од Турција ќе бидат достапни секоја недела во земјава и ќе бидат вклучени во третман на кардиолошки заболувања кај деца. Целта е во следниот период „Аџибадем Систина" да стане референтен центар за третман на вродени срцеви заболувања кај деца не само во државава, туку и на Балканот, посочија од болницата./МИА.

Бесплатната вакцинација против сезонски грип почнува утре

Станува збор за вакцини од реномирани странски производители, меѓу кои 27.000 вакцини се од „Mylon Abot", а 1.000 вакцини од „Sanofi".

 Бесплатно вакцинирање против сезонски грип со кое се опфатени постари лица на возраст над 65 години, бремени жени, деца на возраст од шест месеци до пет години и хронично болни, почнува утре во центрите за јавно здравје, каде ќе се одвива во две смени, како и во поликлиниките Букурешт, Ѓорче Петров и во Чаир, каде ќе се одвива во периодот од 14 до 18 часот. Бесплатното вакцинирање против сезонски грип во Центарот за јавно здравје – Скопје ќе се одвива и во сабота од 7 до 14 часот.

Станува збор за вакцини од реномирани странски производители, меѓу кои 27.000 вакцини се од „Mylon Abot", а 1.000 вакцини од „Sanofi".

Бесплатното вакцинирање против сезонски грип денеска го најави министерот за здравство Венко Филипче, кој заедно со директорите на Здравствен дом – Скопје, Виктор Исјановски и Бесим Кока ја посети Поликлиниката Букурешт.

– За оваа сезона набавивме 28.000 вакцини од кои 27.000 се за возрасни, а 1.000 се за деца. Потребно е секој кој е заинтересиран и влегува во една од овие групи да закаже преглед преку системот „МојТермин" кај матичниот лекар и бесплатното вакцинирање ќе се спроведе во еден од трите пунктови во рамките на Здравствениот дом Скопје, во поликлиниките Букурешт, Ѓорче Петрови и во Чаир. Дополнително на овој број набавени се уште 20.000 вакцини во рамки на центрите за јавно здравје, каде кој било граѓанин може комерцијално да ја купи вакцината и да биде вакциниран, рече Филипче.

Апелираше да се вакцинираат сите кои влегуваат во овие ризични групи, поради тоа што станува збор за модерна четиривалетна вакцини која ги покрива сите можни причинители на грипот кој според епидемиолошките карактеристики се очекува да владее во регионот и во нашата земја.

– Ова претставува ефикасна заштита посебно за хронично болните и постарите лица. Ова е втора година во која Министерството за здравство одвојува посебна сума средства за да обезбедиме вакцина за заштита од грип, додаде Филипче.

Директорот на Здравствениот дом – Скопје, Виктор Исјановски рече дека трите поликлиники каде вакцинацијата ќе се одвива од понеделник до петок од 14 до 18 часот и ќе бидат покриени со екипи од превентивната заштита.

– Од денеска „МојТермин" е отворен и има закажувања и од утре екипите ќе почнат со работа. Точната бројка вакцини е меѓу 2.500 и 2.800. Овие тимови ќе бидат дополнително платени, додаде Исјановски.

Одговарајќи на новинарско прашање Филипче рече дека проценката за количината вакцини против грип била направена врз основа на интересот од минатата година и сметаат дека ќе биде доволна.

– Најавена е една донација вакцини од Центарот за истражување во САД преку една нивна фондација и ако е потребно ќе стигнат во нашата земја. Сметам дека нема воопшто простор да се плашиме дали ќе има или нема да има вакцини. Во однос на интересот во текот на вчерашниот ден околу 6.000 луѓе се пријавија да ја примат вакцината, истакна Филипче.

Одговарајќи на новинарско прашање тој потенцира дека ако се наметне потреба секое лице кое е неподвижно и спаѓа во ризичните групи на што ќе укаже матичниот лекар, може да се јави на телефонскиот број 194 во Службата за Итна медицинска помош, кои ќе организираат негов транспорт до местото каде се врши вакцинацијата.

– Нема да има вакцинирање на друго место освен во пунктовите и во центрите за јавно здравје, додаде Филипче./МИА.

притисни ентер