ДОЗВОЛИ ДА ТЕ САКАМ

Од понеделник до петок во 21:30, уживајте во нова играна серија, од редот на најдобрите!

Во продолжение, да им дозволиме на главните ликови да Ви се претстават.

Се викам Лејла. Веќе неколку години живеам во Германија со татко ми, маќеата и нејзините деца. Мојата мајка ме напуштила уште како бебе. Без ни трошка грижа, ме оставила и заминала.

На млади години направив еден голем погрешен чекор, што ми го промени животот. Станав самохрана мајка. Го родив Рузгар, мојот син. И покрај обвинувањата од околината, тој е моето најважно и најдрагоцено нешто во животот.  Никогаш и по никоја цена, не би  го напуштила.

Куќата каде што живееме во Германија е мала. Нема доволно соби, и тоа е главната причина за постојаните кавги со мојата полусестра Симге и маќеата. Постојано сум критикувана од нив, и во очите на татко ми сум ќерката која потфрлила во животот.

Татко ми Салих е добар човек, но за жал е под големо влијание на жена му. Замислете,  ме принудија со бебе в раце да барам работа... Подолго време никој не ме прифаќаше како работник, се' додека еден ден не дојде татко ми со понуда од неговиот газда Хашмет кој барал девојка што добро зборува странски јазици.

Со задоволство се согласив. Почнав да работам за него. Татко ми секоја вечер доаѓаше и ми ја земаше дневницата која што ја заработував, но Хашмет беше толку дарежлив што успевав да сочувам нешто и за мене.

Хашмет беше многу срдечен и културен човек. Бевме на неколку заеднички состаноци, ме гледаше со восхит, се грижеше за мене и син ми. Впрочем отпосле дознав и за неговата друга намера, намерата да му станам жена.

Сериозно почнав да размислувам за предлогот на Хашмет. Си велев, јас самохрана мајка без работа, без сигурен покрив над главата, уште колку време ќе помине додека маќеата не ме избрка од дома? А Хашмет е мил, љубезен, го прифати Рузгар како негов син. Само дали ќе успеам да се вљубам во овој човек?

На крај прифатив. Решив да се омажам за Хашмет.

Дојдовме во Истанбул. Неговата куќа изгледаше како палата од бајките, но во душата имав некој немир што не можев да си го објаснам.

Почна нашата свадба. Гостите доаѓаа, а мене срцето ми трепереше. Во главата ми одѕвонуваше дилемата дали е ова уште еден мој погрешен избор во животот?

Овој пат го послушав мојот инстинкт. Побегнав од Хашмет во вистинско време.

 И така го запознав Алпер. Тука започнува нашата приказна. Следете ја на Канал 5!

Се викам Алпер. Среќно оженет, татко на една прекрасна ќерка – Чичек.

Жена ми се вика Берна. Живееме во Истанбул, а јас работам во сопствен ресторан, како шеф на кујна и заработувам мошне добро. Готвењето е мојата пасија.

Со Берна сме во брак веќе неколку години. Свесен сум дека не и посветувам доволно внимание, но тоа е жртвата што  мора да ја поднесеме за да можам да и' обезбедам убав живот.

Во последно време Берна не изгледа воопшто среќно. Се' повеќе се расправаме без причина, а во нејзиниот поглед е воочлива тага.

Стигнавме до таму што Берна ми побара и развод. Најпрво мислев дека тоа е само моментална избрзана реакција, но Берна беше цврсто решена да се разделиме.

И така се' почна да тоне. Берна направи сообраќајка, падна во кома... Нејзиниот брат почина на самото место... А во ресторанот од нигде-никаде, почна да ми се заканува банкрот! Целиот свет како одеднаш да се сврте против мене. Единствената светла точка ми беше мојата Чичек. За неа бев подготвен да направам се', па дури и да започнам се' од почеток.

Така, мојот пријател Енгин ме запозна со неговиот газда Хашмет кој што сакаше да инвестира во мојот ресторан. Немав избор. Прифатив. Тој ги имаше парите, а јас идејата. Ми делуваше како пристоен и чесен човек. Се зближивме. Дури добив и покана да присуствувам на неговата венчавка.

Отидов на свадбата, но штета. Не можев да останам до крај. Чичек беше болна, и морав да заминам порано.

Одненадеж, во мојата кола, но и во мојот живот влезе Лејла, несудената невеста на Хашмет. Што таа ќе внесе во мојот живот, гледајте на Канал 5!

притисни ентер