Заев очекува уставните измени да се донесат во јануари со широка поддршка во Собранието

Европратениците Дејвид Мекалистер и Кнут Флекенштај со поддршка за Договорот за името и реформските процеси. 

На средба со премиерот Заев истакнале дека договорот е пример за регионот, но и за Европа.

Премиерот Заев ги информира дека процесот на уставни измени очекува да заврши во јануари со широка поддршка во парламентот.

„Нашите очекувања се дека уставните амандмани ќе добијат широка политичка поддршка во Собранието, со што ќе се овозможи реализација на Договорот од Преспа. Паралелно работиме на реализацијата на реформите во клучните области, што очекуваме да ги заокружиме до март. Поканата за НАТО и можноста за почеток на преговорите со ЕУ е висока мотивација за институциите во реформскиот процес“, истакнал премиерот Заев на средбата со европратениците.

На средбата со претседателот на Собрание, Талат Џафери европратеникот Меклистер порачал дека Договорот има голема поддршка во Европскиот парламент, додека Флекенштај потенцирал дека и европските институции мора да ја завршат својата работа и да ги исполнат дадените ветувања во однос на земјите кандидати.  Европарламентарците се сретнаа и со осуммина пратеници од ВМРО ДПМНЕ кои дадоа поддршка за уставните измени и сега делуваат како независна пратеничка група.

Претседателот на ВМРО ДПМНЕ, Христијан Мицковски на средба со Мекалистер истакнал дека земјата се соочува со деликатна политичка состојба, но дека ВМРО-ДПМНЕ е подготвена квалитативно да ги помогне реформските процеси кои би гарантирале напредок но дека пред се тоа зависи од волјата и способноста на владата да биде носител на тие процеси.

Оспорен легитимитет - дали новоизбраниот претседател на ЗНМ го добил потребното мнозинство?

Недостасуваат 2 гласа, нема победник и треба да се оди на ново изборно собрание за избор на нов претседател на ЗНМ, велат правниците за Канал 5.

Според статутот на здружението членот 34 став 2, вели „Претседателот на ЗНМ се избира со мнозинство гласови од присутните на изборното собрание, во случајот Младен Чадиковски беше избран со 86 гласови, пред својот противкандидат Столе Наумов, кој освои 77 гласови од 175-те присутни на Изборното собрание на ЗНМ, исход кој што правниците го толкуваат како нелиегитимен.

Адвокатот Јоанидис исто така од правен аспект вели дека оспорување на изборот може да биде од група новинари со жалба до ЗНМ и со тужба до Управниот суд.

Во телефонскиот разговор со претходниот претседател на ЗНМ, Насер Селмани, добивме одговор дека изборот на претседател според него е легитимен, затоа што за победа е потребно да се добие мнозинството гласови од оние што гласале за избор на претседател.

Дополнителен сомнеж врз изборот за претседател на ЗНМ фрла и  мистериозното зголемување на бројот на членови од 531 на 555 и тоа само за едно деноноќие пред Собранието кога имаше мораториум за ажурирање на членството.

Иако се бараше одложување на изборното собрание, претходниот претседател Селмани тоа не го дозволи, зошто беше донесена одлука дека 5ти Декември 2018 е последен ден за регистрирање на членови на ЗНМ кои ќе имаат право на глас, никој не одговара.

Канал 5 ТВ најави дека ќе ја извести Европската Асоцијација на Новинари , за да види дали станува збор за намерна или случајна измама но и ќе ги оспори претходно споменатите постапки кои се спротивни на Статутот на ЗНМ, исто време и до надлежните институции во РМ при што ќе се бара оспорување на овој нелегитимен избор и нелегитимен претседател.

Нормализиран сообраќајот на патниот правец Кочани-Делчево-Берово

Нормализиран сообраќајот за сите моторни возила на патниот правец Кочани-Делчево-Берово.

Нормализиран сообраќајот за сите моторни возила на патниот правец Кочани-Делчево-Берово.

Поради интензивни врнежи од снег на овој патен правец  Македонија пат претходно воведе задолжително употреба на зимска опрема за сите моторни  возила.

Сообраќајот на државните патишта се одвива по влажни коловози и со врнежи од снег во североисточниот дел од земјата. 

Анти НАТО Мицкоски сака да ја носи Македонија во црни, темни провалии,

Анти НАТО Мицкоски сака да ја носи Македонија во црни, темни провалии, освен црнила не нуди ништо добро, залудни се неговите обиди.

Анти НАТО Мицкоски кој нема став за клучните прашања за државата, кој го брани криминалот на Груевски е срам за Македонија.

Овој народ, граѓаните на Македонија, немаат кратко помнење, не можат да ги заборават црните 11 години кои тој, неговиот ментор Никола Груевски и ВМРО-ДПМНЕ и ги нанесоа на земјава. 

Додека граѓаните осиромашуваа заради криминалот на ВМРО-ДПМНЕ анти ЕУ Мицкоски од Груевски добил бизнис со хидроцентрали и земјиште, токму во време кога бил негов советник.

Додека Македонија економски тонеше, далеку од ЕУ и НАТО, Мицкоски бил прв човек на кадровската комисија на ВМРО-ДПМНЕ и директен соучесник на сите црнила.

Додека Мицкоски гордо се шета низ палатата на ВМРО-ДПМНЕ симболот на криминалот и црните пари  нема никаков кредибилитет и не е достоен за Гемиџиите ниту за Рацин.

Додека Македонија решава проблеми што неговата ВМРО-ДПМНЕ ги остави и забрзано чекори напред, црнило е да немаш став за најважните прашања, членството во НАТО и ЕУ.

Анти НАТО Мицкоски сака да ја носи Македонија во црни, темни провалии, освен црнила не нуди ништо добро.

Залудни се обидите на конфузниот Мицкоски. Секој ден Македонија и граѓаните се подалеку од темното минато на ВМРО-ДПМНЕ и се поблиску до членство во ЕУ и НАТО, до светла и сигурна иднина.

Македонија оди напред кон иднината и враќање назад нема, Мицкоски и врвот на ВМРО-ДПМНЕ остануваат сами и изолирани во одбраната на криминалот.

притисни ентер