Одбраната поднесе жалба за притворот на Мијалков - Канал 5

Одбраната поднесе жалба за притворот на Мијалков

Одбраната на екс шефот на УБК Сашо Мијалков го обжали решението на судот со кое му беше определен притвор од 30 дена.

Одбраната поднесе жалба за притворот на Мијалков

Информацијата за Канал 5 ја потврди неговиот адвокат Антонио Апостолски.

Во жалбата навеле дека судот спротивно на законот му определил притвор без притоа да го сослуша.

Жалбата до Апелациониот суд е поднесена во законскиот рок кој го определи Кривичниот суд.

Со оглед на тоа што се работи за предмет во врска со кој е побаран притвор а за кој веќе тече судска постапка, надлежна да одлучува по жалбата е Апелација.

Од повисокиот суд велат дека ќе биде доставена до Специјалното обвинителство за да се добие мислење.

И откако ќе заврши постапката со прибавување на мислења, доколку побара одбраната на Мијалков ќе се закаже јавна седница за да ја образложи жалбата, по што судот во рок од 48 часа ќе треба да донесе одлука.

На барање на Специјалното јавно обвинителство во вторникот Кривичниот суд му определи притвор на Мијалков кој е обвинет во случајот Тврдина – Таргет, поврзан со масовното прислушување. Според сознанијата на обвинителството Мијалков се подготвувал да бега.

Во решението судот заклучи дека постои таква опасност но таквата можност ја поткрепува и со сознанијата на Управата за финансиско разузнавање дека обвинетиот располагал со две сметки на кои има 11 милиони евра.

Дополнително опасноста од бегство го зголемува и фактот што Мијалков е обвинет во повеќе предмети на Специјалното обвинителство но и последната истрагата поврзана со перење пари, односно Империја.

На вчера закажаното рочиште за Тврдина Таргет Мијалков не беше спроведен од истражниот затвор каде го издржува притворот.

Судијката Џенета Бектовиќ образложи дека поради краткото време судот не успеал да достави барање за спроведување од затвор.

Последен пат пред спроведување во притвор Мијалков се појави во суд токму во вторникот на рочиште за случајот Тортура, додека следно судење по предмет во кој е обвинет Мијалков е закажано за 27ми месецов за случајот Титаник 2 кој се однесува на изборни нерегуларности.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Зеленски за Трамп и Путин: Тоа би била историска грешка

Украинскиот претседател Володимир Зеленски синоќа, го обвини американскиот претседател Доналд Трамп дека се обидува да изврши притисок врз Украина за таа да ѝ се предаде на Русија. 

Зеленски за Трамп и Путин: Тоа би била историска грешка

Зеленски изјави дека предложил да се исполни барањето на Трамп – да се воздржат од напади врз руските рафинерии за нафта – во замена за добивање дополнителни ракети за украинските системи за противвоздушна одбрана „Патриот“.

„Мојот предлог беше: ние нема да ги напаѓаме руските капацитети за производство на дизел, а за возврат, вие ќе ни обезбедите ракети за системите ’Патриот‘ за да можеме да ја заштитиме нашата инфраструктура. Меѓутоа, тие едноставно бараат од нас да престанеме со нападите врз капацитетите за дизел. А доколку продолжиме со овие напади, се закануваат дека ќе ускратат нешто друго“, изјави Зеленски за „Блумберг“.

Тој истакна дека Вашингтон неодамна презел низа „непријателски дејствија“ кон Киев, вклучително и намерно забавување на пристапот до интернет преку системот „Старлинк“, како и одложувања во испораката на ракети за системот „Патриот“.

„Верувам дека се преземени чекори за да се убеди Украина да капитулира. Не тврдам дека ова е целта кон која се стремат нашите партнери. Дури и не сакам да ја разгледам можноста дека нашите американски партнери веруваат оти војната би можела побрзо да заврши на сметка на Украина. Сепак, токму така изгледа“, рече Зеленски.

Осврнувајќи се на претстојните избори на средината на мандатот во Соединетите Држави, тој истакна дека „претстојат опасни денови во периодот до изборите“, додавајќи дека односите со САД би можеле да се подобрат по нивното завршување.

„Политиката станува многу агресивна за време на изборниот период. Мислам дека во моментов тоа е вистинско искушение, но животот ќе продолжи и по изборите, и верувам дека ситуацијата ќе се смири“, рече тој. На прашањето кој наредил ограничување на интернет-врската преку „Старлинк“ (Starlink) на територијата на Украина, тој изјави дека наредбата дошла од „властите или од Белата куќа“, иако напомена дека не може да ги открие изворите од кои ја добил таа информација.

Зеленски изјави дека САД во моментов ѝ испорачуваат на Украина само 12 пресретнувачки ракети месечно за системот „Патриот“ (Patriot) – што е приближно една четвртина од количината што се испорачувала за време на администрацијата на претходниот американски претседател, Џозеф Бајден.

„Мислам дека претседателот на САД навистина има добри односи со Путин. Но, едно нешто овде не функционира: Трамп во моментов не може да го принуди Путин да ја заврши војната“, смета Зеленски.

На прашањето како би ги опишал напорите за подобрување на односите со САД, Зеленски изјави дека потенцијалните ризици за Украина се од размери на цунами. „Мораме да дејствуваме додека ситуацијата е сè уште само блага бура. Сметам дека овде е влог многу поголем од некаков договор за дизел“, рече претседателот на Украина.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

МВР во врвот на најтранспарентните министерства: 75,90% исполнетост на индикаторите во Индексот на отвореност 2026

Министерството за внатрешни работи бележи подобрување во најновото истражување на Фондацијата „Метаморфозис“ – „Процена на доброто владеење на извршната власт во Македонија и регионот преку Индекс на отвореност 2026“.

МВР во врвот на најтранспарентните министерства: 75,90% исполнетост на индикаторите во Индексот на отвореност 2026

Министерството за внатрешни работи бележи подобрување во најновото истражување на Фондацијата „Метаморфозис“ – „Процена на доброто владеење на извршната власт во Македонија и регионот преку Индекс на отвореност 2026“, спроведено според мерењето за 2025 година.

Според објавените резултати, МВР има 75,90% исполнетост на индикаторите за отвореност, што претставува зголемување во однос на претходното мерење, кога резултатот изнесувал 73,3%.

Особено се издвојуваат резултатите во неколку важни области:

100% исполнетост на индикаторите за интегритет – област што ги опфаќа механизмите за етичко однесување, спречување судир на интереси и институционална одговорност.

100% исполнетост на четирите разгледувани индикатори за ефикасност – поврзани со стратегиското планирање, известувањето и следењето на институционалното работење.

75,90% вкупна отвореност – резултат со кој МВР е на второто место меѓу министерствата опфатени со истражувањето.

Дополнително, во областа на транспарентноста МВР има 72,46% исполнетост на индикаторите, што го вбројува меѓу министерствата со повисоки резултати во оваа категорија.

Овие податоци се важен показател за примената на стандардите за отвореност, отчетност и добро управување, но и поттик за натамошно подобрување на достапноста на информациите и комуникацијата со граѓаните.

Овие резултати се потврда за посветеноста на раководството на Министерството за внатрешни работи кон градење поотворена, поотчетна и потранспарентна институција. Борбата против криминалот и корупцијата не подразбира само одлучно постапување на полицијата, туку и одговорно, чесно и транспарентно работење на самото Министерство. Токму затоа продолжуваме со истата посветеност – за институција во која граѓаните ќе имаат доверба, а законите и одговорноста ќе важат подеднакво за сите.

Отвореноста и транспарентноста се секојдневна обврска на институциите кон граѓаните.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Видео: Тејт Мекре ја вжешти пистата на „Викторијас сикрет“

Канадската пејачка Тејт Мекре во секси црвена долна облека го претстави новиот сингл и ја вжешти пистата на „Викторијас сикрет“.

Видео: Тејт Мекре ја вжешти пистата на „Викторијас сикрет“

Канадската пејачка Тејт Мекре настапи на модната ревија на „Викторијас сикрет“ (Victoria’s Secret), одржана синоќа во Лос Анџелес, каде што премиерно го претстави својот нов сингл „Housewife“.

Дваесет и тригодишната музичка ѕвезда се појави во блескав црвен комплет долна облека и црвени чевли со високи потпетици, изведувајќи енергична кореографија заедно со повеќе од десет танчери, сите облечени во црвени костими.

Според „Харперс базар“ (Harper's Bazaar), Тејт го изведе и хитот „Dear God“ од албумот „So Close to What“, додека манекенките чекореа по пистата, осветлени со топла, килибарна светлина.

https://www.instagram.com/reel/DeqJwoPOxbl/?utm_source=ig_embed

Впечатлив визуелен ефект создадоа проѕирните црвени крилја што се „вееа“ зад пејачката.

Песната „Housewife“ беше објавена на 15 октомври, а режисер на музичкиот спот е Пјер-Анж Карлоти. Ова е првиот сингл од нејзиниот четврти студиски албум.

Тејт претходно истакна дека публиката сè уште нема видено сè што таа може да понуди, особено кога станува збор за нејзините танцови вештини.

Зборувајќи за славата, таа призна дека животот на поп-ѕвезда може да биде исцрпувачки, бидејќи луѓето често имаат свои замисли за тоа каква би требало да биде таа.

https://www.instagram.com/reel/DeqGOaOtckj/?utm_source=ig_embed

Пред нејзиниот настап на модната ревија на „Викторијас сикрет“ (Victoria's Secret), таа накратко најави што може да очекува публиката, велејќи: „Моето тело е костим“.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер