Подводната пештера Врело во кањонот Матка стана најдлабоката подводна пештера во светот истражена од човек-нуркач
Избори во Србија: Незапаметени редици од рано наутро пред избирачките места, излезноста над 46% до 14 часот
1Подводната пештера Врело во кањонот Матка стана најдлабоката подводна пештера во светот истражена од човек-нуркач
2Избори во Србија: Незапаметени редици од рано наутро пред избирачките места, излезноста над 46% до 14 часот
3Над сто уапсени за вандализирање на протестите во Барселона: И малолетници ограбуваа продавници и палеа контејнери
1Македонецот Волкановски ја одбрани титулата Светски шампион- го нокаутира досега непоразениот Евлоев
3Висок е 1,64 и им се спротиставува на сите закони на гравитација- го нарекуваат господин на огромна издржливост
МакедонијаЗаев :Со нацрт амандманите се внесува обврска за заштита и се гарантира македонскиот идентитетПретседателот на Владата на Република Македонија Зоран Заев денеска се обрати пред членовите на Уставната Комисија на Собранието на Република Македонија пред почетокот на амандманската расправа за измени на Уставот.Обраќањето на премиерот Заев ви го пренесуваме во целост: Почитуван Претседател на Уставната Комисија во Собранието на Република Македонија, Почитувани пратеници, Како што сте веќе информирани, Владата на Република Македонија, го утврди текстот на Нацрт-амандманите на Уставот на Република Македонија, и го достави до Собранието на Република Македонија. Максимално транспарентно и одговорно, веднаш после одлуката на Владата за оваа иницијатива, нацрт амандманите беа достапни за целата јавност во Република Македонија. На оваа постапка на Владата на Република Македонија, ѝ претходеше еден транспарентен консултативен процес со парламентарното мнозинство во Собранието, вклучувајќи ја и новата пратеничка група на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата за подобра Македонија. За текот и деталите од овие консултации, повторно во духот на транспарентноста, јавноста беше редовно информирана. Почитувани пратеници, Дозволете ми уште еднаш да истакнам дека во иницијативата за измени на Уставот на Република Македонија, согласно Договорот од Преспа - нема ништо спорно. Предложените нацрт амандмани се во согласност со меѓународно право, и со меѓународните стандарди за човековите слободи и права и особено со интересите на Република Македонија и нејзините перспективи во евро-атлантските интеграции. Оттаму нацрт амандманите ја заслужуваат поддршка од сите пратеници, во име на интеграцијата на Македонија во НАТО и ЕУ, и во име на новата политичка реалност на пријателство со Република Грција. Почитувани пратеници, Владата на Република Македонија на Собранието му предлага на усвојување текст на нацрт за четири амандмани: 1. Амандман 33: Во Уставот ќе се вметне придавката “Северна„ пред “Македонија„. Името на државата во уставот ќе биде “Република Северна Македонија„, наместо “Република Македонија, односно “Северна Македонија„ наместо “Македонија„. Ова е географски прецизно македонско име. Македонија останува, а се додава придавката Северна, секаде освен во член 36, бидејќи таму зборот Македонија се спомнува во политички контекст, а не како име на нашата држава. 2. Амандман 34: Во Преамбулата “одлуките на АСНОМ„ се заменуваат со “Прогласот од Првото заседание на АСНОМ до македонскиот народ за одржаното заседание на АСНОМ“ и се додаваат зборовите “Охридски Рамковен Договор„ АСНОМ не се брише во Преамбулата. Напротив, АСНОМ сега ќе се спомнува два пати. Со предложениот амандман со делот за АСНОМ се појаснува дека се повикуваме на ПРАВНИТЕ РЕШЕНИЈА кои се содржани во Прогласот на АСНОМ. Прогласот е каталог на ПРАВНИТЕ РЕШЕНИЈА кои се темел на нашата државност. АСНОМ донел 9 решенија, кои се сумарно наброени во Прогласот, а тие се: 1. Решение на АСНОМ како врховно, законодавно и извршно народно претставничко тело и највисок орган на државната власт на Демократска Македонија. 2. Декларацијата на АСНОМ за основните права на граѓанинот на демократска Македонија 3. Решение на АСНОМ за воведување на македонскиот јазик за службен јазик во македонската држава 4. Правилник за работа на АСНОМ 5. Решение на АСНОМ за формирање Законодавна комисија при Президиумот на АСНОМ 6. Решение на АСНОМ за формирање на Државна комисија за утврдување на престапите на окупаторите и нивните соработници 7. Решение на АСНОМ за одобрување на решенијата, наредбите и задолженијата издадени од Главниот штаб на НОВ и ПОМ и Иницијативниот одбор за свикување на АСНОМ 8. Решение на АСНОМ за оддавање признание и благодарност на Народноослободителната војска 9. Решение на АСНОМ за прогласување на Илинден – 2 август за народен државен празник на македонската држава Местото и значењето на АСНОМ во државно-правната традиција е потврдено и засилено. Освен ПРАВНИТЕ РЕШЕНИЈА, на АСНОМ е донесен и Манифест како политичка декларација. Во него има делови кои ги повикуваат Македонците од Бугарија и Македонците од Грција да се ослободат од поробените територии во Бугарија и Грција. Манифестот останува како важен политички документ да биде дел од нашата историја, но во Преамбулата ќе биде појаснето дека темелите на државноста ги лоцираме во ПРАВНИТЕ РЕШЕНИЈА на АСНОМ, а не на политичките декларации кои биле дадени во тој момент во 1944 година, а кои би можеле да се протолкуваат како аспирации кон територии на нашите соседи. Внесувањето на името на Охридскиот Рамковен Договор (ОРД) во Преамбулата е логично и неспорно. Најважните делови од ОРД се веќе инкорпорирани во Уставот на РМ во 2001 година. Уставот е темелно променет заради ОРД. До сега има 32 амандмани на Уставот, а 14 од нив произлегуваат од ОРД. ОРД помогна да се зачува мирот во 2001 година, и даде можности државата да се развива како Едно општество за сите. Тој е важен документ за сите заедници во државата. Единствено нешто што го немаше во Уставот е името на Охридскиот Рамковен Договор, и сега само ќе се потврди историското значење на тој документ за нашата држава. 3. Амандман 35. Во членот 3 ќе се додаде реченицата “Републиката го почитува суверенитетот, територијалниот интегритет и политичката независност на соседните држави„. Со внесувањето на оваа реченица во член 3 даваме дополнителни гаранции дека нашите граници со соседите се трајни и неменливи. 4. Амандман 36. Со овој амандман ќе се преформулира сегашниот член 49, и во него ќе стои дека Република Македонија го штити, гарантира и негува историското и културното наследство на македонскиот народ. Исто така, со амандманот се гарантира заштита на правата и интересите на државјаните кои живеат или престојуваат во странство и унапредување на нивните врски со татковината. Во амандманот е пропишано дека Републиката се грижи и за припадниците на македонскиот народ кои живеат во странство, без тоа да значи мешање во суверените права на други држави и во нивните внатрешни работи. Со новата формулација на член 49 се даваат гаранции за заштита на македонскиот идентитет. Идентитетот на Македонскиот народ е заштитен. Нема да има никакви промени во идентитетот. Се внесува обврска во Уставот за заштита и негување на македонскиот идентитет. Воедно останува грижата за сите Македонци кои живеат надвор од државата, како и за сите државјани кои живеат или престојуваат во странство. Врските со дијаспората ќе се негуваат и унапредуваат. Внесувањето на дополнителна заштита на македонскиот идентитет, не е на сметка на другите заедници. Во претходниот член 48, веќе има силни гаранции за идентитетот на заедниците. Апелирам да се прочита Членот 48. Почитувани пратеници, Процесот на уставните измени со предложените амандмани треба да заврши со Одлука за измена на Уставот што ќе ја донесе Собранието со двотретинско мнозинство гласови од вкупниот број пратеници. Во одлуката ќе пишува дека “Овие амандмани се составен дел на Уставот на Република Македонија и влегуваат во сила со денот на влегување во сила кога Грција ќе ги спроведе своите обврски“. Грција мора во ист ден да ги ратификува Конечната спогодба за решавање на спорот со името и Протоколот за нашето членство во НАТО. Можам слободно да кажам дека желба на Грција е да биде прва земја, членка на НАТО, која што ќе го ратификува Договорот, односно Протоколот за членство во НАТО за Република Македонија. Ова е дополнителна заштита за нас. Доколку Грција не ги исполни своите обврски, тогаш НЕМА ДА ВАЖАТ измените на Уставот.Ова е гаранцијата што впрочем беше побарана и од собраниската говорница кога се одлучуваше дали да се отвори овој процес, а другите предлози што се апсолутно прифатливи, ќе бидат внесени во Уставниот закон како паралелен процес на уставните измени. Пред сè мислам на внатрешаната имплементација во делот на новото уставно име.Останувам на мојот збор дека и понатаму останува отворената понуда за инклузивност и во оваа фаза, секако во духот на Договорот од Преспа. Убеден сум дека Собранието на Република Македонија, како законодавен дом, е институцијата, а пратениците се народните избраници, кои ќе го спроведат процесот за уставни измени СЛЕДЕЈЌИ ГО ИНТЕРЕСОТ НА ГРАЃАНИТЕ. Пратениците си тие кои со поддршката на оваа иницијатива, всушност, ќе покажат дека ја поддржуваат иднината на Македонија во согласност со волјата на граѓаните, по сопствено убедување. Останувам достапен низ целата оваа дебата за инклузивен процес со пратениците зашто сите се свесни дека оваа шанса не треба да ја пропуштиме. Сите знаеме колку е сериозен и чувствителен процесот, и колку е важен за иднината на Македонија. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиИзбори во Србија: Незапаметени редици од рано наутро пред избирачките места, излезноста над 46% до 14 часот15:29Вучиќ гласаше, откако два часа чекаше во ред со сопругата (ВИДЕО)10:50Само уставните измени или и акцискиот план за малцинствата – кои се условите за Македонија да ги почне преговорите со ЕУ?15:38Мицкоски: Честит Ден на македонската револуционерна борба!21:16Мицкоски: Македонија го минува најдолгиот и најтешкиот пат кон ЕУ15:05
Избори во Србија: Незапаметени редици од рано наутро пред избирачките места, излезноста над 46% до 14 часот15:29
Само уставните измени или и акцискиот план за малцинствата – кои се условите за Македонија да ги почне преговорите со ЕУ?15:38
ЗабаваАна Стојаноска заврши на 16. место на детската Евровизија во Малта, победи ЕрменијаМакедонската претставничка ана Стојаноска заврши на 16. место на детската Евровизија, која се одржа синоќа во Малта. Со песната „Идната јас“, младата пејачка од Струга освои вкупно 57 поени, од кои 51 од публиката, но доби само шест од стручното жири. Победник на 24. издание на детската Евровизија е 13-годишната Наре од Ерменија, која со песната „Бу!“ освои 202 поени. Второто место го освои Шпанија, а трета беше Франција. За победникот одлучуваа гласовите на националните жирија и публиката, со еднаков удел од по 50 проценти во конечниот резултат. Музиката за „Идната јас“ ја напиша Никола Мицевски, а текстот е на Илчо Нечовски од групата „Дупер“. Песната зборува за соништата, растењето и откривањето на сопствениот идентитет. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаПодводната пештера Врело во кањонот Матка стана најдлабоката подводна пештера во светот истражена од човек-нуркачПодводната пештера Врело во кањонот Матка стана најдлабоката подводна пештера во светот истражена од човек-нуркач, откако полскиот истражувач Бартломеј Питала се спушти на длабочина од 338 метри, заедно со македонските нуркачи. Пештерата Врело на Матка испиша светска историја.Полскиот нуркач Бартломиеј Питала достигна длабочина од 338 метри, поставувајќи нов светски рекорд. Успехот е резултат на заедничката експедиција на нуркачи од Македонија,Полска и Италија. Девет часа под вода за историски подвиг. Полскиот нуркач рекордот го постигнал на 16 октомври, надминувајќи ја претходно истражената длабочина за 51 метар. По подвогот, тој кажа дека немал никакви проблеми со видот, ниту пак почувствувал вртоглавица. Вели дека се чувствувал удобно и на толку голема длабочина, а секоја секунда од деветчасовното нуркање му останала врежана во сеќавањето. ,,Експедицијата во Матка во 2026 година заврши со извонредно достигнување – истражување на пештерата до длабочина од 338 метри под вода, со што таа стана најдлабоката подводна пештера во светот истражена од човек. Искрено, сè уште не можам целосно да го сфатам тоа. Но, да, сега ова е најдлабоката истражена подводна пештера во светот, а ова беше и најдлабокото нуркање. Сепак, рекордите и самата длабочина не беа нашата цел, нели? Нашата цел беше истражувањето. Сакавме да одиме подлабоко од границата до која стигнавме минатата година, кога експедицијата ја завршивме на 287 метри.“ Дополнително Матка продолжува да ги привлекува туристите од целиот свет. Странските посетители се воодушевени од природните убавини, а многумина изразуваат желба одблиску да ја запознаат и пештерата. Експедицијата откри два нови подводни канала и над 150 метри нови ходници, а македонските нуркачи за првпат поставија и воздушна комора на длабочина од девет метри. Зад рекордот стоеја 12 безбедносни нуркачи, со поддршка од медицински тимови, МВР и полцииската единица „Тигар“. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиИзбори во Србија: Незапаметени редици од рано наутро пред избирачките места, излезноста над 46% до 14 часот15:29Вучиќ гласаше, откако два часа чекаше во ред со сопругата (ВИДЕО)10:50Само уставните измени или и акцискиот план за малцинствата – кои се условите за Македонија да ги почне преговорите со ЕУ?15:38Мицкоски: Честит Ден на македонската револуционерна борба!21:16Мицкоски: Македонија го минува најдолгиот и најтешкиот пат кон ЕУ15:05
Избори во Србија: Незапаметени редици од рано наутро пред избирачките места, излезноста над 46% до 14 часот15:29
Само уставните измени или и акцискиот план за малцинствата – кои се условите за Македонија да ги почне преговорите со ЕУ?15:38
БалканИзбори во Србија: Незапаметени редици од рано наутро пред избирачките места, излезноста над 46% до 14 часотСо огромна излезност и без посериозни инциденти и неправилности поминува изборниот ден во Србија, која гласа на предвремени парламентарни избори.. Главната битка се води меѓу владејачката СНС предводена од Александар Вучиќ и Студентската листа, додека останатите партии и коалиции се борат да го поминат изборниот праг од 3 проценти за да влезат во парламентот... Во Белград е Михаило Донев.. Михаило, од рано утринава се гледа незапамтен интерес за гласање, кои се последните податоци за одѕивот? Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter