Заев :Со нацрт амандманите се внесува обврска за заштита и се гарантира македонскиот идентитет - Канал 5

Заев :Со нацрт амандманите се внесува обврска за заштита и се гарантира македонскиот идентитет

Претседателот на Владата на Република Македонија Зоран Заев денеска се обрати пред членовите на Уставната Комисија на Собранието на Република Македонија пред почетокот на амандманската расправа за измени на Уставот.

Заев :Со нацрт амандманите се внесува обврска за заштита и се гарантира македонскиот идентитет

Обраќањето на премиерот Заев ви го пренесуваме во целост:

Почитуван Претседател на Уставната Комисија во Собранието на Република Македонија,

Почитувани пратеници,

Како што сте веќе информирани, Владата на Република Македонија, го утврди текстот на Нацрт-амандманите на Уставот на Република Македонија, и го достави до Собранието на Република Македонија.

Максимално транспарентно и одговорно, веднаш после одлуката на Владата за оваа иницијатива, нацрт амандманите беа достапни за целата јавност во Република Македонија.

На оваа постапка на Владата на Република Македонија, ѝ претходеше еден транспарентен консултативен процес со парламентарното мнозинство во Собранието, вклучувајќи ја и новата пратеничка група на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата за подобра Македонија.

За текот и деталите од овие консултации, повторно во духот на транспарентноста, јавноста беше редовно информирана.

Почитувани пратеници,

Дозволете ми уште еднаш да истакнам дека во иницијативата за измени на Уставот на Република Македонија, согласно Договорот од Преспа - нема ништо спорно.

Предложените нацрт амандмани се во согласност со меѓународно право, и со меѓународните стандарди за човековите слободи и права и особено со интересите на Република Македонија и нејзините перспективи во евро-атлантските интеграции.

Оттаму нацрт амандманите ја заслужуваат поддршка од сите пратеници, во име на интеграцијата на Македонија во НАТО и ЕУ, и во име на новата политичка реалност на пријателство со Република Грција.

Почитувани пратеници,

Владата на Република Македонија на Собранието му предлага на усвојување текст на нацрт за четири амандмани:

1. Амандман 33: Во Уставот ќе се вметне придавката “Северна„ пред “Македонија„. Името на државата во уставот ќе биде “Република Северна Македонија„, наместо “Република Македонија, односно “Северна Македонија„ наместо “Македонија„.

Ова е географски прецизно македонско име. Македонија останува, а се додава придавката Северна, секаде освен во член 36, бидејќи таму зборот Македонија се спомнува во политички контекст, а не како име на нашата држава.

2. Амандман 34: Во Преамбулата “одлуките на АСНОМ„ се заменуваат со “Прогласот од Првото заседание на АСНОМ до македонскиот народ за одржаното заседание на АСНОМ“ и се додаваат зборовите “Охридски Рамковен Договор„

АСНОМ не се брише во Преамбулата. Напротив, АСНОМ сега ќе се спомнува два пати. Со предложениот амандман со делот за АСНОМ се појаснува дека се повикуваме на ПРАВНИТЕ РЕШЕНИЈА кои се содржани во Прогласот на АСНОМ.

Прогласот е каталог на ПРАВНИТЕ РЕШЕНИЈА кои се темел на нашата државност. АСНОМ донел 9 решенија, кои се сумарно наброени во Прогласот, а тие се:

1. Решение на АСНОМ како врховно, законодавно и извршно народно претставничко тело и највисок орган на државната власт на Демократска Македонија.

2. Декларацијата на АСНОМ за основните права на граѓанинот на демократска Македонија

3. Решение на АСНОМ за воведување на македонскиот јазик за службен јазик во македонската држава

4. Правилник за работа на АСНОМ

5. Решение на АСНОМ за формирање Законодавна комисија при Президиумот на АСНОМ

6. Решение на АСНОМ за формирање на Државна комисија за утврдување на престапите на окупаторите и нивните соработници

7. Решение на АСНОМ за одобрување на решенијата, наредбите и задолженијата издадени од Главниот штаб на НОВ и ПОМ и Иницијативниот одбор за свикување на АСНОМ

8. Решение на АСНОМ за оддавање признание и благодарност на Народноослободителната војска

9. Решение на АСНОМ за прогласување на Илинден – 2 август за народен државен празник на македонската држава

Местото и значењето на АСНОМ во државно-правната традиција е потврдено и засилено. Освен ПРАВНИТЕ РЕШЕНИЈА, на АСНОМ е донесен и Манифест како политичка декларација. Во него има делови кои ги повикуваат Македонците од Бугарија и Македонците од Грција да се ослободат од поробените територии во Бугарија и Грција.

Манифестот останува како важен политички документ да биде дел од нашата историја, но во Преамбулата ќе биде појаснето дека темелите на државноста ги лоцираме во ПРАВНИТЕ РЕШЕНИЈА на АСНОМ, а не на политичките декларации кои биле дадени во тој момент во 1944 година, а кои би можеле да се протолкуваат како аспирации кон територии на нашите соседи.

Внесувањето на името на Охридскиот Рамковен Договор (ОРД) во Преамбулата е логично и неспорно. Најважните делови од ОРД се веќе инкорпорирани во Уставот на РМ во 2001 година. Уставот е темелно променет заради ОРД. До сега има 32 амандмани на Уставот, а 14 од нив произлегуваат од ОРД.

ОРД помогна да се зачува мирот во 2001 година, и даде можности државата да се развива како Едно општество за сите. Тој е важен документ за сите заедници во државата. Единствено нешто што го немаше во Уставот е името на Охридскиот Рамковен Договор, и сега само ќе се потврди историското значење на тој документ за нашата држава.

3. Амандман 35. Во членот 3 ќе се додаде реченицата “Републиката го почитува суверенитетот, територијалниот интегритет и политичката независност на соседните држави„.

Со внесувањето на оваа реченица во член 3 даваме дополнителни гаранции дека нашите граници со соседите се трајни и неменливи.

4. Амандман 36. Со овој амандман ќе се преформулира сегашниот член 49, и во него ќе стои дека Република Македонија го штити, гарантира и негува историското и културното наследство на македонскиот народ.

Исто така, со амандманот се гарантира заштита на правата и интересите на државјаните кои живеат или престојуваат во странство и унапредување на нивните врски со татковината.

Во амандманот е пропишано дека Републиката се грижи и за припадниците на македонскиот народ кои живеат во странство, без тоа да значи мешање во суверените права на други држави и во нивните внатрешни работи.

Со новата формулација на член 49 се даваат гаранции за заштита на македонскиот идентитет. Идентитетот на Македонскиот народ е заштитен. Нема да има никакви промени во идентитетот. Се внесува обврска во Уставот за заштита и негување на македонскиот идентитет.

Воедно останува грижата за сите Македонци кои живеат надвор од државата, како и за сите државјани кои живеат или престојуваат во странство. Врските со дијаспората ќе се негуваат и унапредуваат.

Внесувањето на дополнителна заштита на македонскиот идентитет, не е на сметка на другите заедници. Во претходниот член 48, веќе има силни гаранции за идентитетот на заедниците. Апелирам да се прочита Членот 48.

Почитувани пратеници,

Процесот на уставните измени со предложените амандмани треба да заврши со Одлука за измена на Уставот што ќе ја донесе Собранието со двотретинско мнозинство гласови од вкупниот број пратеници.

Во одлуката ќе пишува дека “Овие амандмани се составен дел на Уставот на Република Македонија и влегуваат во сила со денот на влегување во сила кога Грција ќе ги спроведе своите обврски“. Грција мора во ист ден да ги ратификува Конечната спогодба за решавање на спорот со името и Протоколот за нашето членство во НАТО.

Можам слободно да кажам дека желба на Грција е да биде прва земја, членка на НАТО, која што ќе го ратификува Договорот, односно Протоколот за членство во НАТО за Република Македонија.

Ова е дополнителна заштита за нас. Доколку Грција не ги исполни своите обврски, тогаш НЕМА ДА ВАЖАТ измените на Уставот.Ова е гаранцијата што впрочем беше побарана и од собраниската говорница кога се одлучуваше дали да се отвори овој процес, а другите предлози што се апсолутно прифатливи, ќе бидат внесени во Уставниот закон како паралелен процес на уставните измени. Пред сè мислам на внатрешаната имплементација во делот на новото уставно име.Останувам на мојот збор дека и понатаму останува отворената понуда за инклузивност и во оваа фаза, секако во духот на Договорот од Преспа.

Убеден сум дека Собранието на Република Македонија, како законодавен дом, е институцијата, а пратениците се народните избраници, кои ќе го спроведат процесот за уставни измени СЛЕДЕЈЌИ ГО ИНТЕРЕСОТ НА ГРАЃАНИТЕ.

Пратениците си тие кои со поддршката на оваа иницијатива, всушност, ќе покажат дека ја поддржуваат иднината на Македонија во согласност со волјата на граѓаните, по сопствено убедување.

Останувам достапен низ целата оваа дебата за инклузивен процес со пратениците зашто сите се свесни дека оваа шанса не треба да ја пропуштиме. Сите знаеме колку е сериозен и чувствителен процесот, и колку е важен за иднината на Македонија.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Десетгодишно девојче се јавила во болница поради болки во стомакот, докторите откриле дека е бремена- уапсен е очувот

Ужасен случај на сексуална злоупотреба на деца ја потресе Аргентина откако лекарите утврдија дека 10-годишно девојче е бремено шест месеци. 

Десетгодишно девојче се јавила во болница поради болки во стомакот, докторите откриле дека е бремена- уапсен е очувот

Полицијата го уапси нејзиниот очув (33), кој е осомничен дека сексуално ја злоупотребил.

Девојчето и нејзината мајка дошле во болницата во Колонија Дора, во аргентинската покраина Сантијаго дел Естеро, жалејќи се на болки во стомакот. За време на прегледот, лекарите откриле дека детето е во напредна фаза од бременоста.

Според австрискиот Krone, девојчето рекло дека нејзиниот очув ја злоупотребувал додека нејзината мајка била отсутна.

Медицинскиот персонал ги известил властите, по што е започната истрага.

Според аргентинските медиуми, полицијата уапсила 33-годишен маж во вторник во рурална област на департманот Авеланеда.

За време на операцијата, му бил запленет мобилен телефон, кој ќе биде предмет на вештачење.

Истрагата ја води обвинителот Гилермо Фаријас, а властите се обидуваат да ги утврдат сите околности на злоупотребата и евентуалната кривична одговорност на осомничениот.

Според медиумските извештаи, мајката на девојчето има 25 години и е исто така бремена со уапсениот маж. Двајцата се запознале преку интернет и почнале да живеат заедно пред околу една година.

Семејството има и уште три малолетни деца.

Аргентинските медиуми известуваат дека истражителите продолжуваат да собираат докази, додека конечната одговорност на осомничениот ќе биде утврдена на суд.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Тежок инцидент пред избирачко место во Панчево- настана општа тепачка (ВИДЕО)

Денеска се случи сериозен инцидент пред Земјоделското училиште во Панчево, каде што се наоѓа гласачкото место, кога група маскирани мажи се судрија со неколку млади мажи. 

Тежок инцидент пред избирачко место во Панчево- настана општа тепачка (ВИДЕО)

За време на тепачката, беа употребени и пиротехнички средства, а најмалку едно лице е повредено, објави Телеграф.

Како што објави на социјалните мрежи локалниот портал „Панчево си ти“, група маскирани мажи нападнаа неколку луѓе на улицата пред училиштето, додека снимки од насилството набрзо се појавија на социјалните мрежи.

Снимките покажуваат физичка конфронтација, при што некои учесници користеа пиротехнички средства. Еден млад човек беше удрен во лицето, по што беше снимен со видливи повреди и крв на лицето.

Според извештаите на локалните медиуми, за време на инцидентот беа употребени и стапови, а некои од учесниците носеа маски и качулки.

Набрзо на местото на настанот пристигнаа полицајци, кои интервенираа по конфронтацијата.

И покрај инцидентот пред Земјоделското училиште, гласањето на гласачкото место продолжи непречено, објавува „Блиц“.

Во моментов нема официјални информации за бројот на евентуално приведени лица, ниту пак се познати сите околности што доведоа до конфликтот. Снимките од инцидентот се споделуваат на социјалните мрежи.

Погледнете ги снимките од инцидентот:

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Уапсен е осомничениот за напад врз мајката на Александар Вучиќ

Со наредба на Првото основно јавно обвинителство во Белград, на М.Н. (28) му е одреден притвор до 48 часа поради наводен напад врз мајката на Александар Вучиќ утрово.

Уапсен е осомничениот за напад врз мајката на Александар Вучиќ

Уапсеното лице е осомничено за сторено кривично дело разбојништво, изјавија за Танјуг од Првото основно јавно обвинителство во Белград, објави Телеграф.

Осомничениот ќе биде приведен во обвинителството на сослушување во наведениот рок.

Српската напредна партија претходно денес објави дека мајката на Александар Вучиќ била вербално и физички нападната, во непосредна близина на пазарот Калениќ.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер