Мицкоски: Со искажаниот став ВМРО-ДПМНЕ не повикува на тивок бојкот

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски вечерва рече дека на 30 септември ќе се дознае дали ќе излезе или нема да излезе на референдумот. 

Мицкоски во интервју на 24 вести рече дека повикот членовите на партијата да постапат според сопственото убедување не значи повик за тивок бојкот на референдумот.

На премиерот Зоран Заев, како што рече, треба најпрво да му биде дозволено да излезе на ТВ дуел па дури тогаш тој би дознал што мисли за бојкотот.

– Премиерот има шанса да дознае само треба да се одважи да дојде и на крајот на дуелот ќе го дознае ставот на Христијан Мицкоски. Дали Христијан Мицкоски ќе излезе или нема да излезе не е важно затоа што ВМРО-ДПМНЕ донесе одлука. 455 илјади граѓани го слушнаа ставот на ВМРО-ДПМНЕ, рече Мицкоски.

Според него, ставот се донел во рамки на партиските тела по состаноците на пратеничката група, на Извршниот и Централниот комитет и бил соопштен притоа посочувајќи на сите штетни последици, како што рече Мицкоски, капитуланскиот договор кој премиерот Зоран Заев го потпишал со јужниот сосед.

-Ова е надпартиско прашање за кое граѓаните треба да одлучат, рече лидерот на ВМРО-ДПМНЕ додавајќи дека договорот не е дел од референдумското прашање и оти тоа е прашање со повеќе значења со цел да се направи забуна кај граѓаните.

На прашањето дали ќе прифати амнестија за поранешниот лидер Никола Груевски и поранешниот директор на ДБК Сашо Мијалков, во замена за поддршка на референудмот, рече дека ќе одбие.

-Не разбирам за каква амнестија станува збор. Ќе одбијам. Не знам кој е тој што би ми ја понудил таа амнестија и не знам на што ќе се однесува таа амнестија, колку што знам правосилна пресуда нема ниту за едниот ниту за другиот, рече лидерот на ВМРО-ДПМНЕ.

За тоа дали се плаши од раскол во партијата Мицкоски вели дека не се плаши ниту, пак, дека има индиции за такво нешто. Кажа исто така дека има голема поддршка од пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ.

Не одговори дали ќе си поднесе оставка од претседателската функција доколку ввласта добие поддршка за Договорот од Преспа, туку рече дека ВМРО-ДПМНЕ и тој ниту биле дел преговорите за него, ниту некој ги прашал за референдумот и референдумското прашање.

- Легитимитетот на еден политичар е под знак на прашање на парламентарни избори, рече Мицкоски.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ рече дека очекува премиерот Заев да си поднесе оставка доколку референдумот не успее, онака како што претходно кажал./МИА

Сандерс: Не е антисемитски да се каже дека владата на Нетанјаху уби 34.000 Палестинци

Американскиот сенатор Берни Сандерс денеска му порача на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху дека „не е антисемитски да се каже дека екстремистичката влада“ на Нетанјаху убила повеќе од 34.000 Палестинци.

Американскиот сенатор Берни Сандерс денеска му порача на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху дека „не е антисемитски да се каже дека екстремистичката влада“ на Нетанјаху убила повеќе од 34.000 Палестинци и повредила повеќе од 77.000 за нешто повеќе од шест месеци.

„Господине Нетанјаху, антисемитизмот е гнасна и одвратна форма на фанатизам што на милиони луѓе им нанесе невидена штета. Но, ве молиме, не ја навредувајте интелигенцијата на американскиот народ обидувајќи се да ни го одвлечете вниманието од неморалните и незаконски политики на вашата екстремистичка и расистичка влада“, напиша Сандерс на својот профил на мрежата X.

Почнува втората фаза од парламентарните избори во Индија

Денеска во Индија почна втората фаза од гласањето на најголемите избори во светот.

Денеска во Индија почна втората фаза од гласањето на најголемите избори во светот, додека актуелниот премиер Нарендра Моди и неговите ривали се фокусираат на горливите прашања како што се верската дискриминација, позитивната дискриминација на обесправените групи и даноците. Речиси една милијарда луѓе имаат право да гласаат на парламентарните избори во Индија.

Индиските 5-неделни парламентарни избори денеска влегоа во нивната втора фаза со гласање во 4 држави во североисточниот дел на земјата. Безбедносните мерки се на зголемено ниво заради спречување на обидите на вооружени сепаратисти или племенски групи да го нарушат гласањето.

Владејачката Индиска конгресна партија и партијата на Хинду националистот Баратија Џаната предводат коалиции од помали и регионални партии.

Изборите ќе се одржат во 10 фази и треба да завршат до 12 мај. Пребројувањето на гласачките ливчиња ќе трае до 16 мај, кога се очекуваат и првите резултати.

Во петте недели право на глас имаат околу 815 милиони луѓе.

Саудиски „Арамко“ нов глобален партнер на ФИФА

Саудискиот нафтен гигант „Арамко“ ќе биде главен глобален партнер на Меѓународната фудбалска федерација (ФИФА) заклучно со крајот на 2027 година, соопшти ФИФА.

притисни ентер