Што точно значи советодавен референдум? - Канал 5

Што точно значи советодавен референдум?

Ќе зависи ли од политичката волја, исходот на референдумот за името. 

Што точно значи советодавен референдум?

Карактерот на најавениот референдум не е обврзувачки за власта, а консултативен референдум, се распишува за прашања од пошироко значење – велат дел од експертите.

Според Владимир Божиновски, од карактерот на референдумот, зависи и дали политичките чинители се обврзани да го прифатат.

Проблематично за Божиновски е и тоа што кај консултативниот референдум нема рамка со која власта би била обврзана да ја прифати волјата на граѓаните. Дополнителен проблем, според него е и цензусот на референдумот, за кој тврди дека остава многу отворени прашања.

Во меѓувреме, роковите течат за формирање на ДИК и распишување на референдумот. Лидерите на двете најголеми политички партии, СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ треба до крајот на месецов да ги усогласат ставовите и да ги надминат несогласувањата, околу формирањето на ДИК, која треба да го спроведе референдумот, за кој како можни датуми за негово одржување се спомнуваат 23 и 30 септември и 7октомври.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Ерупција на вулканот Марапи во Индонезија, пепелта се крена два километри во воздух

Вулканот Марапи во Индонезија повторно еруптираше, исфрлајќи пепел на небото над западна Суматра.

Ерупција на вулканот Марапи во Индонезија, пепелта се крена два километри во воздух

Властите соопштија дека ерупцијата исфрлила облак од пепел, висок околу два километри во атмосферата и оти вулканот останува на ниво на тревога „два“.

Тие ги предупредија жителите да се држат подалеку од опасната зона. Вулканот Марапи, еден од најактивните вулкани во Индонезија, продолжува периодично да исфрла пепел и е под постојан надзор на вулканолози. Двајца алпинисти загинаа за време на ерупција минатиот месец. Вулканот висок речиси три илјади метри се наоѓа на островот Суматра, каде што пристапот во радиус од три километри околу кратерот долго време беше ограничен..

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Трамп: Насилникот од Блискиот Исток е МРТОВ!!!

Американскиот претседател Доналд Трамп денес го критикуваше Иран, велејќи дека земјата „чекала предолго“ за договор и дека „сега ќе ја плати цената“.

Трамп: Насилникот од Блискиот Исток е МРТОВ!!!

Во објава на социјалната мрежа Truth Social, Трамп ги повтори тврдењата дека војската на Иран е „целосен и апсолутен хаос“ и тврди дека иранската морнарица и воздухопловни сили „практично повеќе не постојат“.

Трамп: Иран го одложи договорот предолго. Сега ќе ја плати цената „Тие се целосно поразени. Иран е само разговор без акција. Насилникот на Блискиот Исток е МРТОВ!!!“, напиша Трамп.

Тој додаде дека Иран „премногу долго одложувал“ во постигнувањето договор што, според него, би бил поволен за нив и рече: „Сега ќе мора да ја платат цената!!!“, без да даде дополнителни детали.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

СЗО: Европа мора подобро да ги заштити своите граѓани од екстремните горештини

Европа мора подобро да ги заштити своите граѓани од екстремните горештини во услови на забрзани климатски промени, предупреди Светската здравствена организација, посочувајќи дека континентот се затоплува побрзо од кој било друг регион во светот.

СЗО: Европа мора подобро да ги заштити своите граѓани од екстремните горештини

Регионалниот директор на СЗО за Европа, Ханс Клуге, изјави дека во изминатите четири години повеќе од 200 илјади лица во европскиот регион починале од причини поврзани со високите температури. Тој ги опиша горештините како „тивок убиец“ што може да биде спречен доколку Европа само ги примени алатките и мерките што веќе ги има на располагање.

Според СЗО, екстремните горештини секоја година предизвикуваат зголемен број заболувања и предвремени смртни случаи, како и економски загуби од повеќе милијарди долари..

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер