Што точно значи советодавен референдум? - Канал 5

Што точно значи советодавен референдум?

Ќе зависи ли од политичката волја, исходот на референдумот за името. 

Што точно значи советодавен референдум?

Карактерот на најавениот референдум не е обврзувачки за власта, а консултативен референдум, се распишува за прашања од пошироко значење – велат дел од експертите.

Според Владимир Божиновски, од карактерот на референдумот, зависи и дали политичките чинители се обврзани да го прифатат.

Проблематично за Божиновски е и тоа што кај консултативниот референдум нема рамка со која власта би била обврзана да ја прифати волјата на граѓаните. Дополнителен проблем, според него е и цензусот на референдумот, за кој тврди дека остава многу отворени прашања.

Во меѓувреме, роковите течат за формирање на ДИК и распишување на референдумот. Лидерите на двете најголеми политички партии, СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ треба до крајот на месецов да ги усогласат ставовите и да ги надминат несогласувањата, околу формирањето на ДИК, која треба да го спроведе референдумот, за кој како можни датуми за негово одржување се спомнуваат 23 и 30 септември и 7октомври.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Ќе се отвори ли истрага по сомнежите за шпионажа во претседателскиот кабинет?

Ќе биде ли отворена официјална истрага по сомнежите за шпионажа во кабинетот на претседателката Гордана Сиљановска Давкова?

Ќе се отвори ли истрага по сомнежите за шпионажа во претседателскиот кабинет?

Државниот обвинител Ненад Савески вели истражните дејствија во завршна фаза и дека наскоро ќе има јавнообвинителска одлука. Минатиот месец обвинителството соопшти дека отворило предистрага откако добило известување од МВР за настан од ноември лани дека од информатичкиот систем во претседателскиот кабинет неовластено биле извлекувани податоци. Савески потврди и дека МВР ги доставило снимките од видео надзорот за кои тогаш обвинителството соопшти дека не добило известување.

-Се направи еден план за понатамошни истражни дејствија. Според она во кое имав увид да се запознаам и од надлежниот јавен обвинител и од истражителите, во завршна фаза се истражните дејствија така да сметам дека во скоро време би имало и јавнообвинителска одлука во врска со тој случај. Видео снимките се предадени и се предмет на анализа.- изјави – Ненад Савески – Јавен обвинител на РМ.

Савески и денеска рече дека нема да ги коментира политичките изјави прашан за изјавите на премиерот Мицкоски дека трпението му е при крај и дека не гледа ништо спорно што телефонски разговарал со републичкиот обвинител. Не смета дека ваквата комуникација може да влијае врз самостојноста на Обвинителството.

-Не знам во колкава мера е тоа надлежност на премиерот – покрај останатото – да се јавува кај јавен обвинител, меѓутоа, како и секој друг што има право да ми се јави, ми се јави и премиерот, односно претседателот на Владата, и тука не гледам ништо спорно. Самостојноста е неспорна и е предвидена и во Уставот и во матичните закони по кои постапува Јавното обвинителство. Така што, било каква реакција не можам да ја сметам како влијание врз мене при носењето одлуки или постапувањето. Во оваа прилика испраќам порака и до сите јавни обвинители – без оглед на различни активности, дејствија или изјави – да не дозволат тоа да се одрази врз нивното секојдневно постапување и одлучување- изјава – Ненад Савески – Јавен обвинител на РМ.

Премиерот Мицкоски пред еден месец откри дека му се јавил на државниот обвинител Савески да го праша за запирањето на истрагата за набавката на мазутот во ТЕЦ Неготино, разговор што го потврди и Савески. Овој случај јавната обвинителка Катерина Коларевиќ го затвори поради недостиг на докази. Државната ЕСМ поднесе жалба до Вишото јавно обвинителство со која бара преиспитување на оваа одлука, рокот од 30 дена за одлука се уште тече а Савески рече дека очекува во разумен рок да биде донесена одлука и за овој случај.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Ќе има ли предвремени парламентарни избори догодина?

Владата е за редовни избори, но ВМРО-ДПМНЕ е подготвена и за предвремени парламентари- вели премиерот Христијан Мицкоски, кој смета дека се можни сите сценарија, кога веќе е поминат половина од мандатот на Владата. 

Ќе има ли предвремени парламентарни избори догодина?

Ако опозицијата побара, уверува дека ќе излезат на изборно соочување на кое е убеден дека повторно ќе победат.

-Јас само сакам да констатирам факт дека ние влегуваме во втората половина на мандатот, и политички умно е кога ќе влезете во втората половина од мандатот да бидете подготвени на секакви сценарија. Ние сме кажале дека опција која ја преферираме како Влада е редовни избори во 2028 година, но сме подготвени секогаш како политичка партија, доколку тоа опозицијата го бара, да излеземе на терен и повторно да победиме.Христијан Мицкоски – претседател на Влада

Од оппозициската СДСМ реагираат дека премиерот го менувал својот став за изборите. „ Ова не е прв пат Мицкоски да ја менува приказната според моменталната потреба. Има двајца Христијан Мицкоски. Додека имаше пари и можност да се задолжува, Мицкоски тврдеше дека избори нема да има. Сега, им снемува пари, не може да ја задолжува државата и граѓаните колку што сака, одеднаш изборите вели дека се „многу скоро“. – пишува во соопштението на СДСМ.

Во меѓувреме, од следната недела, коалициските партнери Мицкоски, Касами, Меџити и Димитриевски ќе кројат планови за владината реконструција. Од кого премиерот е незадоволен и кој се ќе биде опфатен се уште нема официјални информации. На брифинг со новинарите министерот за здравство Азир Алиу кажа дека не очекува тој да е еден од министрите кои ќе ја напуштат позицијата и изјави дека за него било најважно што сработил, а не колку време бил на функцијата.

-Секој министер или вредноста на министерот не се цени со колку време он бил министер на една функција, туку колку работел или имал чест да раководи со таа функција. Исто е и денеска, јас и да бидам уште еден ден министер, уште една недела или уште една година или две години, тоа воопшто не ми значи ништо. А ми значи колку сум работел, колку позитивни процеси во здравството имало.Азир Алиу – министер за здравство

Сите дилеми околу реконструкцијата според најавите треба да расчистат до крајот на овој месец. Единствено се знае дека треба да се назначи вицепремиер за добро владеење, по оставката на Арбен Фетаи, кој според копретседателот на Вреди, Изет Меџити, ќе добие нова функција во Брисел како специјален претставник на македонската Влада.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Армијата домаќин на Втората конференција за заедничка обука за „Страјкер“

Во период од  9 до 11 јуни во Домот на Армијата во Скопје, се одржа  Втората конференција за заедничка обука за оклопните борбени возила „Страјкер“.

Армијата домаќин на Втората конференција за заедничка обука за „Страјкер“

На конференцијата учествуваа претставници од Соединетите Американски Држави, (Националната гарда на Вашингтон, Армијата на САД за Европа и Африка, 7. Aрмиска команда за обука и 2. Коњички полк), претставници од Република Бугарија, Американската воена група во Република Македонија и Канцеларијата на одбранбеното аташе на САД.

Конференцијата ја отвори директорот на Генералштабот на Армијата, бригаден генерал Орце Јордев, кој ја истакна посветеноста на Армијата во развојот на способностите поврзани со употребата на возилата „Страјкер“ и нејзината улога како кредибилен НАТО-сојузник.

Во текот на работните сесии беа разгледани националните програми за обука, можностите за унапредување на заедничката рамка за обука, предизвиците поврзани со одржувањето и одржливоста на системите, како и оперативните искуства од употребата на возилата „Страјкер“. Учесниците имаа можност и непосредно да се запознаат со капацитетите на Армијата за обука и одржување на овие борбени возила, како и со плановите за нивен понатамошен развој.

По завршувањето на конференцијата беа усвоени и потпишани заедничките заклучоци, со кои се утврдени насоките за идната соработка и заедничките активности во областа на обуката, одржувањето и развојот на способностите поврзани со „Страјкер“.

Во рамки на конференцијата, началникот на Генералштабот на Армијата,генерал-мајор Сашко Лафчиски оствари средба со бригадниот генерал Пол Селерс од Националната гарда на државата Вашингтон, на која беше потврдена заедничката заложба за понатамошно унапредување на билатералната воена соработка, размена на професионални искуства и развој на способностите за употреба и одржување на возилата „Страјкер“.

Одржувањето на оваа конференција претставува значаен придонес кон зајакнувањето на интероперабилноста меѓу сојузниците, размената на експертиза и развојот на заедничките способности во рамките на НАТО.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер