МакедонијаТренчевска: Граѓаните секој ден трпат нов ценовен шок, власта не презема мерки Почитувани, вечерва во Вести Плус со Елизабета галевска гостуваше потпретседателката на СДСМ Јованка ТренчевскаГраѓните од ден во ден живеат се полошо, животниот стандард континуирано се влошува, а последниот ребаланс на Буџетот ја потврди погрешната економска политикана ВМРО, нагласи потпретседателката на СДСМ, Јована Тренчевска, во интервјуто во „Вести Плус“ на телевизија Канал 5. Тренчевска посочи дека само во изминатите денови граѓаните се соочија со нови ценовни удари - поскапеа бензините и парното, а власта сè уште не донесе конкретни мерки за заштита на животниот стандард. „Реалноста е дека граѓаните од ден во ден живеат сè полошо. Вчера имавме покачување на бензинот на 95 денари, на дизелот на 98,5 денари, покачување на парното за 6 проценти. Значи, постојано покачување, а никакви мерки нема за да се заштити животниот стандард на граѓаните“, изјави Тренчевска. Таа укажа дека ребалансот на Буџетот е показател за насоката во која се движи државата. Како пример го посочи делот за Министерството за социјална политика и демографија. „Ребалансот е огледало на тоа каде се движи државата. Со ребалансот имавме популистички изјави дека во Министерството за социјална политика и демографија се зголемува Буџетот за 2 милијарди, но ако направите анализа на ставките, ќе видите дека станува збор за лошо проектиран основен Буџет“, рече Тренчевска. Притоа, Тренчевска предупреди дека исплатите за социјалните и детските права континуирано доцнат, а доцнат и исплатите за услугите за лицата со попреченост, и тоа со месеци. „Сега се ставаат повеќе пари кај Министерството за социјална политика и демографија, затоа што секојдневно слушаме за неисплатени права од социјална и детска заштита. Ако претходно беше воспоставена една традиција да се исплаќаат најдоцна до 5-ти во месецот, денес и до 15-ти во месецот не се исплаќаат овие права. Социјалните услуги, личните асистенти на лицата со попреченост, имаат доцнење од 2 до 3 месеци“, изјави Тренчевска. Потпретседателката на СДСМ посочи дека граѓаните овие две години со ВМРО на власт живеат сè полошо, а власта, наместо да преземе конкретни мерки и да постапи согласно законите, упатува само апели до големите синџири маркети. „Ги молат приватните компании, трговците, да не ги зголемуваат маржите, наместо да се примени Законот за нефер трговски практики и да се казнат за тоа што маржите и цените одат нагоре“, посочи Тренчевска. Таа додаде дека власта нема да го исполни проектираниот раст со ребалансот, за што, како што рече, потврда има и од Светска банка и од ММФ, а економската и социјалната состојба во државата ќе се влошува. „Со ваквиот ребаланс, до крајот на годината ситуацијата ќе биде уште потешка за граѓаните“, рече Тренчевска. СДСМКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
Шоу бизФото: Најзгодната мама повторно воодушеви во бикиниЕкс манекенката Роузи Хантингтон-Вајтли ужива во одморот со својот славен сопруг, холивудскиот актер Џејсон Стетам и децата.Познатото семејство летниот одмор го мининува на егозтичната Малта, каде што Роузи повторно позира во провокативно бикини. Убавата Роузи Хантингтон-Вајтли ја покажа својата извајана фигура во минијатурни бикини за време на луксузниот семеен одмор со Џејсон Стетам. 39 годишната манекенка моментално ужива на Малта со 20 години повозрасниот Џејсон и нивните две деца – деветгодишниот син Џек и четиригодишната ќерка Изабела. Парот веќе објави фотографии од одморот, но кога станува збор за Роузи, никогаш не е доволно. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЕвропаВо Франција пронајдени тела на пет бебиња Француските обвинители покренаа истрага за сомнително убиство откако во станот на еден пар во градот Оранж, во југоисточна Франција, беа пронајдени посмртните останки на пет новороденчиња, соопштија локалните правосудни органи.Остатоците од бебињата биле пронајдени во картонски кутии за време на претрес на станот во историскиот центар на градот, спроведен од 32-годишниот партнер на жената, откако тој – според обвинителството – дури во напредна фаза дознал дека таа повторно е бремена, пренесува „Франс 24“. Жената во неделата дома родила здраво дете, по што била пренесена во болница. По пристигнувањето во станот, нејзиниот партнер пронашол остатоци за кои се сомневал дека се човечки остатоци и ги известил болничките вработени, кои го пријавиле случајот во обвинителството. Според првите наоди на судскиот испитувач, остатоците најверојатно им припаѓаат на пет бебиња, а причината и околностите на нивната смрт ќе бидат утврдени со обдукции. Истражителите сè уште не разговарале со мајката, соопштија од обвинителството. Двојката има и две деца на возраст од осум и девет години.Тагови: Франција Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЗабаваШпанската пејачка ја откри вистината за нејзината врска со фудбалеротШпанската пејачка Ана Мена одлучи да проговори по бројните гласини што ја поврзуваат со сè попопуларниот фудбалер Феран Торес.Шпанската пејачка Ана Мена категорично демантираше дека е во врска со напаѓачот на Барселона, Феран Торес – освојувач на Светското првенство во 2026 година со шпанската репрезентација – и ги нарече таквите тврдења „глупости“ и „апсурдни“, откако беа видени заедно за време на прославата на светската титула. Пејачката веднаш реагираше на гласините што се појавија во медиумите деновиве, особено на оние што ја поврзуваат со фудбалерот на Барселона. „Ова е бесмислица, за име на Бога. Навистина е смешно“, им изјави таа на собраните новинари, пренесува Goal.com. Медиумите почнаа да ги поврзуваат Ана Мена и Феран Торес откако беа видени заедно на прослава на плоштадот Сибелес, организирана од Шпанската фудбалска федерација, а потоа и на приватна забава во еден од најпознатите ноќни клубови во Мадрид. Шпекулациите дополнително се разгореа кога пејачката се појави во дрес со бројот 7, кој Торес го носи во шпанската репрезентација. Кога ја прашале Анна зошто го носела токму тој дрес, Ана Мена кратко одговори: „Па, тоа е дресот што ми го дадоа, не знам.“Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter