ФудбалЗинедин Зидан официјално преставен како нов селектор на ФранцијаЛегендарниот фудбалер Зинедин Зидан официјално стана новиот селектор на Франција.Она што беше објавено уште во ноември, сега доби официјална потврда. Поранешниот тренер на Реал Мадрид, легендарниот Французин Зинедин Зидан, го наследи Дидие Дешам на клупата на „триколорите“, со што заврши една од најдолгите и најуспешните ери на селекција во модерниот фудбал. Во соопштението се наведува дека Зидан ќе биде селектор на Франција до крајот на Светското првенство во 2030 година. Дешам ја водеше Франција 14 години. Својот најголем успех го постигна со освојувањето на Светското првенство во 2018 година, додека со репрезентацијата ја освои и Лигата на нации во 2021 година. Зидан е без тренерски ангажман уште од 2021 година, кога го напушти „Кралскиот клуб“. Со популарниот Зизу како играч, започнаа годините на доминација на француската репрезентација. Тимот беше светски првак во 1998 година, две години подоцна и европски првак, а „триколорите“ – повторно со Зидан во составот – стигнаа и до финалето во 2006 година, во славниот дуел против Италија. Од 1998 година наваму, Франција четири пати играла во финалето на Светското првенство. Пред него е задачата да ја одржи таа континуираност.Тагови: Зинедин Зидан Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаО. Крушево: Водата за пиење во Општина Крушево е исправна и безбедна за употребаТрите последователни анализи извршени од Центарот за јавно здравје – Прилеп потврдија дека водата е здравствено исправна и ги исполнува сите законски пропишани критериуми за безбедност.Општина Крушево ја информира јавноста дека, согласно резултатите од трите последователни лабораториски испитувања извршени од страна на Центарот за јавно здравје – Прилеп, водата од градскиот водовод ги исполнува сите законски пропишани параметри за квалитет и е здравствено исправна и безбедна за пиење. Причината за привременото отстапување во квалитетот на водата беше технички прекин во функционирањето на системот за хлорирање, предизвикан од прекин во снабдувањето со електрична енергија. Веднаш по отстранувањето на дефектот беа преземени сите неопходни мерки за нормализирање на процесот на хлорирање и континуирано беа спроведувани контроли на квалитетот на водата. Трите последователни анализи извршени од Центарот за јавно здравје – Прилеп потврдија дека водата е здравствено исправна и ги исполнува сите законски пропишани критериуми за безбедност. Ги известуваме граѓаните дека водата од јавниот водовод во Општина Крушево може слободно да се користи за пиење, подготовка на храна и за сите останати потреби во домаќинствата, без потреба од дополнителни мерки или ограничувања. Општина Крушево и Јавното комунално претпријатие ќе продолжат со редовен мониторинг на системот за водоснабдување и со континуирана соработка со Центарот за јавно здравје – Прилеп, со цел обезбедување сигурна, квалитетна и здравствено исправна вода за сите граѓани. Им благодариме на граѓаните за трпението, разбирањето и довербата што ја покажаа во текот на изминатиот период. Општина КрушевоКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЗдравјеМинистерството за здравство презема конкретни мерки за засилен епидемиолошки надзор во Гостивар Министерството за здравство презема конкретни мерки за засилен епидемиолошки надзор во Гостивар и следење на вектор-преносливи заболувањаНа денешната прес-конференција министерот за здравство информираше за актуелната епидемиолошка состојба во Гостивар, како и за состојбата со вектор-преносливи заболувања во земјава. Во Гостивар денеска се евидентирани 109 нови први контакти, додека во изминатите четири дена нивниот број се движи од 80 до 125 дневно. Според податоците од претходните години, просечно во текот на јули, во Гостивар биле пријавувани по 25 заразени лица. Во моментот се евидентирани вкупно 869 формални пријави, а досега е спроведена епидемиолошка анкета со 622 лица. По консултација со Комисијата за заразни болести, Министерството за здравство донесе одлука за воведување засилен здравствен надзор во постакутна епидемиолошка фаза. До сите јавни здравствени установи и матични лекари ќе бидат доставени соодветни упатства за навремено следење, информирање и рано препознавање евентуални случаи на хепатит А и Е, како и на други заразни заболувања што може да се појават како последица на епидемијата. Паралелно, Министерството спроведува сеопфатна анализа и евалуација на текот на епидемијата и на настанатата состојба. Анализата го опфаќа системот за пријавување, како и актуелните и ретроспективните податоци собрани преку системот Мој Термин. Целта е да се утврдат можностите за дополнително унапредување на системот и да се зајакне неговото навремено и ефикасно функционирање. Следење на вектор-преносливи заболувања На последната седница на Комисијата за заразни болести беше разгледана и состојбата со вектор-преносливи заболувања. Под засилена опсервација се четири заболувања: маларија, денга, зика и западнонилска треска. По две години без регистриран случај на маларија, годинава се потврдени четири случаи кај туристи кои престојувале во Занзибар и на Малдиви. Регистрирани се и три случаи на денга и еден случај на зика, сите поврзани со престој на Малдивите. Станува збор за возрасни пациенти со коморбидитети. Министерството апелира граѓаните кои патуваат во тропски земји доследно да ги следат препораките на Светската здравствена организација во однос на потребната вакцинација и профилакса. До матичните лекари ќе биде упатена препорака при прегледите задолжително да ги земат предвид податоците за неодамнешни патувања во тропски земји, со цел навремено препознавање, дијагностицирање и третман. Во однос на западнонилската треска, досега се евидентирани осум случаи, од кои два во текот на јуни. Станува збор за повозрасни пациенти со придружни заболувања. Во координација со Државниот санитарен и здравствен инспекторат се дадени насоки за контрола на спроведувањето и опфатот на дезинсекцијата во општините. Министерството за здравство останува посветено на континуирано следење на состојбата, навремено преземање конкретни мерки и транспарентно информирање на јавноста. Во соработка со Комисијата за заразни болести, здравствените установи, матичните лекари, инспекциските служби и локалните самоуправи, ќе продолжиме да дејствуваме координирано за заштита на здравјето на граѓаните.Тагови: Клековски Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиВодата во Гостивар може да се користи само како техничка, не и за пиење и готвење08:48Водата во Гостивар може да се користи како техничка, но не и за пиење и готвење15:04Тошковски: Во Гостивар има техничка вода, но за пиење и подготвување на храна уште да се користи флаширана11:20Гостивар се очекува денеска да добие техничка вода 08:11Скопје се сеќава- 63 години од катастрофалниот земјотрес во ’63-тата15:35
Тошковски: Во Гостивар има техничка вода, но за пиење и подготвување на храна уште да се користи флаширана11:20
МакедонијаМицкоски: Расте земјоделското производство, акумулациите од 8 достигнаа над 70 проценти исполнетостПретседателот на Владата на Република Македонија, Христијан Мицкоски денеска одговарајќи на новинарско прашање во однос на резултатите во земјоделството, во делот на наводнувањето, тутунот и лозарството, изјави:„Најпрвин треба да споменеме како беше и како е. Не треба да заборавиме дека акумулациите коишто се користеа за наводнување на земјоделските поседи во август месец 2024 година беа на 8%. Денеска се над 70%. Со домаќинско работење и со начин на којшто оваа Влада функционира, речиси 9 пати е зголемен, 10 пати е зголемен капацитетот на акумулациите. Второ, треба исто така да се спомене дека 3 плати во АД Водостопанство не беа исплатени на вработените. Кога зборуваме и кога критикуваме, посебно ова се однесува на опозицијата, мора малку да направиме и една ретроспектива, како беше. Затоа што знаете вие, морате да компарирате нешто со нешто, не можете на чувства да зборувате. Така што, еве јас и тоа би го споменал дека 3 плати не беа исплатени, исто така и во Национални шуми 3 плати не беа исплатени. Да не зборам колку се доцнеше со субвенциите, две годишни програми отприлика се доцнеше со субвенциите. И сето тоа создаваше, би рекол еден немир, една неизвесност и така натаму. Денеска е состојбата сосема поинаква. Се одблокира практично кредитот од КФВ Банката од 80 милиони евра за средства коишто ќе се користат за три нови проекти во делот на наводнувањето. И мислам дека со проектот „Страиште“ веќе почнуваме да го подготвуваме и тендерот и почнуваме со негова изработка. Зборувам за проект за којшто граѓаните на Македонија 7 години камата плаќале, а ништо не се правело. Сега веќе почнуваме да тоа сѐ го операционализираме. Така што, кога сето ова ќе се земе предвид, навистина можеме да кажеме дека има исклучително голем напредок споредено со состојбата која ја наследивме. Повторно ќе кажам, некој од опозицијата ќе рече, ама добро тогаш беше така, ние изгубивме избори. Ама ние мораме да се споредиме со некого, не може на чувства да ги зборуваме работите. Ние мора да кажеме како не чинело и како е сега, за да видиме како да биде подобро. Така што овие политики, на оваа Влада ќе продолжат и во таа насока. И во делот на лозарството и кај делот на тутунарите, од 16 милиони килограми тутун, дојдовме до 26 милиони килограми. Од цени од 150-160 денари, дојдовме до 420-430 денари за килограм. Кај лозарството, исто така од 60-70 милиони килограми, дојдовме на 120, очекуваме оваа година да биде родот, 120 милиони килограми. Така што ова се егзактни параметри и ова се бројки пред коишто не може некој да спори. Можат само се разбира залутани квази експерти во фелата да кажуваат поинакви параметри.“- истакна премиерот Христијан Мицкоски.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook