Американскиот амбасадор во Холандија му се закани на Меѓународниот кривичен суд: Рацете подалеку од САД !
ВМРО-ДПМНЕ: На Филипче ништо не му чини оти му се распаѓа партијата, се креираат опозициски фронтови за да си оди од СДС
1Американскиот амбасадор во Холандија му се закани на Меѓународниот кривичен суд: Рацете подалеку од САД !
2ВМРО-ДПМНЕ: На Филипче ништо не му чини оти му се распаѓа партијата, се креираат опозициски фронтови за да си оди од СДС
3Најмалку 17 убиени и 15 застрелани во Јоханесбург- напаѓачите со калашникови упаднале во кафеана (ВИДЕО)
Шоу бизРаперот Пи Диди завршил во самица поради тепачка во затвор Некогаш мегапопуларниот рапер Пи Диди заврши во самица поради тепачка во затвор. Раперот не престанува да прави проблеми по пресудата.Шон Диди Комбс, познат како Пи Диди, во октомври 2025 година беше осуден на 50 месеци затвор под обвинение за поттикнување или овозможување проституција. Познатиот музички магнат Шон „Диди“ оваа недела бил сместен во самица по тепачка со друг затвореник. Според TMZ, музичарот влегол во жестока расправија поради острите критики упатени кон него од друг затвореник, поради што „ја зел работата во свои раце“. Повеќе извори наведуваат дека затворениците во затворот „Форт Дикс“ се тепале и се туркале меѓусебно. Затворскиот персонал ги раздвоил мажите, а Комбс бил сместен во самица, велат изворите. Не е познато дали тој сè уште се наоѓа таму или дали конфликтот ќе влијае на датумот на неговото ослободување во 2028 година.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМицкоски во Њујорк се сретна со генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш12:59Мицкоски на Генералното собрание на ОН: Правилото што важи денес не може да биде поинакво утре09:59Мицкоски: Не бараме полесен пат, бараме пат уреден со правила – мала држава има право на исто достоинство и ист глас како големите сили20:05Мицкоски од ОН: Не бараме полесен пат, бараме пат уреден со правила18:16Премиерот Мицкоски денеска ќе се обрати пред Генералното собрание на ОН08:52
Мицкоски: Не бараме полесен пат, бараме пат уреден со правила – мала држава има право на исто достоинство и ист глас како големите сили20:05
ЖивотЕксперимент во Лисабон: Пуштени се 30.000 стерилни комарци Околу 30.000 стерилни машки азиски тигар комарци се пуштени во лисабонската населба Алваладе, во експеримент за да се види дали може да се намали популацијата на видот што пренесува денга треска, вирус Зика и жолта треска. Ослободените мажјаци не ги касаат луѓето, бидејќи само женките се хранат со крв. Ова е последното пуштање во оваа фаза од проектот, за време на кое вкупно околу 90.000 комарци се пуштени во Португалија, објавува португалската новинска агенција Луса. Стерилните мажјаци треба да се парат со диви женки, но овие парења не даваат потомство. Истражувачите тестираат дали ова ќе го намали бројот на комарци способни за размножување. Раководителот на проектот Афонсо Мореира, доктор од одделот за јавно здравје во Лисабон, рече дека комарците биле стерилизирани со докажана и безбедна техника. „Кога ќе ги пуштиме во области каде што има популација на овој комарец, тие во суштина ќе се натпреваруваат со машките комарци што веќе се таму, дивите комарци“, рече Мореира. Во почетната фаза, истражувачите следат како се однесуваат ослободените комарци, колку далеку се движат од местото на ослободување и колку долго можат да преживеат во таа средина. Доколку резултатите се позитивни, тие планираат да спроведат компаративна студија во мај на областите каде што биле ослободени комарците и оние каде што популацијата се контролира со други методи. Експертите предупредуваат дека ослободувањето на стерилни мажјаци не е единствената мерка: сепак е потребно да се елиминираат местата каде што се размножува азискиот тигрест комарец. Овој вид може да пренесе неколку заразни болести, но само ако женката прво касне заразено лице, а потоа друго лице.Тагови: комарци Лисабон Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
СветАмериканскиот амбасадор во Холандија му се закани на Меѓународниот кривичен суд: Рацете подалеку од САД ! Амбасадорот на САД во Холандија, Џо Пополо, изјави дека САД ќе се воздржат од мешање во работата на Меѓународниот кривичен суд (МКС) само ако судот не се меша во американските работи. Неговата порака дојде откако холандскиот премиер Роб Јетен повика на заштита на судот со седиште во Хаг. „До нашите холандски сојузници, би сакал да кажам: со задоволство ќе се воздржиме од мешање во работата на Меѓународниот кривичен суд... сè додека судот не се меша во работите на Соединетите Американски Држави. Нашите приговори кон Судот се поддржани од двете страни; претседателите од двете страни одбија да го поднесат Римскиот статут за ратификација“, напиша Пополо на платформата X. Амбасадорот рече дека има „огромно почитување“ кон Јетен, но рече дека МКС е политизирана институција на која американските трупи не треба да бидат подложени. „Нашите војници - кои бројат десетици илјади и кои ја штитат Европа како дел од безбедносна обврска стара повеќе од 80 години - и нашите други граѓани, не смеат да бидат изложени на дејствијата на политизиран суд. Точка“, рече Пополо. Во своето обраќање пред Генералното собрание на Обединетите нации во Њујорк, Јетен праша како некој може да биде против гонењето на „најлошите злосторства“, објави холандскиот јавен радиодифузер НОС. Тој, исто така, повика на заштита на МКС. Иако не ги спомена директно САД или американскиот претседател Доналд Трамп во својот говор, пораката на Јетен дојде еден ден откако Трамп го нарече МКС „одметничка организација“ и „малигна група луѓе“. „Рацете подалеку од Судот и сите други институции што го штитат меѓународниот правен поредок“, рече Јетен, објави денес НОС. САД не се членка на МКС и со години ја оспоруваат надлежноста на судот врз американските граѓани. Администрацијата на Трамп воведе санкции против судот на почетокот на 2025 година, вклучувајќи финансиски казни и ограничувања за визи за лица кои помагаат во истрагите против Американците. Вашингтон особено ги критикуваше налозите за апсење на МКС за израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху и поранешниот израелски министер за одбрана Јоав Галант, како и неговата истрага за однесувањето на американските војници и персоналот на ЦИА во Авганистан.Тагови: Меѓународниот кривичен суд САД Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаВМРО-ДПМНЕ: На Филипче ништо не му чини оти му се распаѓа партијата, се креираат опозициски фронтови за да си оди од СДСВенко не може да ги обвинува сите за состојбата во која што се наоѓа СДС. Партијата е во таа состојба заради тоа што конкретно Венко Филипче е на чело, а очигледно дека никој не се согласува со тоа, па дури се креираат цели опозициски фронтови за Венко да се тргне од чело на СДС. Не може Венко Филипче да обвинува други политички партии за состојбата во којашто се наоѓа СДС. СДС по последните изборни резултати беше на дното оти толку поддршка им е останата од оние коишто веруваат во Филипче, како чувар на фотелјата на Заев. Поранешни функционери на СДС одамна јавно апелираат дека Венко треба да се повлече од тронот во СДС, но очигледно тој во неверување дека некогашната голема СДС е спадната на ова ниво, и од толкава жед за власт се уште верува дека има некаков легитимитет да биде дел од политичката сцена. ВМРО-ДПМНЕ две години неуморно работи да ја подобри состојбата во државата со економски политики за кои има конкретни бројки што велат дека земјата се движи во правилна насока, проекти кои реално ќе им помогнат на граѓаните да имаат бенефит. Тоа што СДС немаше и нема никаков капацитет да направи нешто добро за државата никако да му влезе во глава на Венко. Две години како претседател на СДС само шири дезинформации и глупости во јавноста кои немаат никаква врска, кои постојано се демантирани дали од домашни дали од европски институции, две години лута и не може да се помири дека е опозиција и не може ни да ја консолидира партијата за да почнат да се однесуваат како опозиција. Бегаат од работни групи, како таа за Изборниот законик, иако е дел од реформската агенда, бегаат од пратенички прашања или се демантираат самите едни со други во Собрание, и тотално не можат да се помират дека се опозиција и уште живеат во златната ера што за нив беше кога крадеа се и сешто. А вчера на една национална телевизија повторно нивен член посочи дека Венко ја држи партијата окупирана и узурпирана, но и дека не може да се однесува во јавноста неодговорно и да се појавува кога ќе му текне за одредени теми да биде гласен, а за одредени теми да го нема на мапа и да нема став. На ВМРО-ДПМНЕ му одговара Венко Филипче да е претседател на СДС. Не им одговара на граѓаните и на државата. Но ако продолжи вака, на добар пат се да се уништат меѓусебно, Венко и остатокот од талогот на СДС, се наведува во партиското соопштение.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМицкоски во Њујорк се сретна со генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш12:59Мицкоски на Генералното собрание на ОН: Правилото што важи денес не може да биде поинакво утре09:59Мицкоски: Не бараме полесен пат, бараме пат уреден со правила – мала држава има право на исто достоинство и ист глас како големите сили20:05Мицкоски од ОН: Не бараме полесен пат, бараме пат уреден со правила18:16Премиерот Мицкоски денеска ќе се обрати пред Генералното собрание на ОН08:52
Мицкоски: Не бараме полесен пат, бараме пат уреден со правила – мала држава има право на исто достоинство и ист глас како големите сили20:05