Сојуз на стопански комори на Македонија и УЈП заеднички во борба против сивата економија

Тапка во место донесувањето на новиот Закон за прекршоци кој треба да биде клучен фактор во борбата со сивата економија.

 Иако на неговите измени се работи од почетокот на годинава, се уште не е прецизирано кога ќе биде готов. На терен активно работат и инспекциските служби - целта, како што вели директорката на УЈП, не е да се направи репресија, туку правилно да се детектираат субјектите и да се најде начин како тие да се воведат во системот.

„Утврдуваат, да, меѓутоа и по неколку пати одиме во исти објекти и ги гледаме истите неправилности, што значи дека малку и даночната дисциплина треба да се поткрепи, да поработиме на даночната свест, не можеме само со инспекторирање да направиме некаков позитивен резултат. Во новиот закон за прекршоци мислам дека треба да се направат одредени промени во делот на критериумите во одмерувањето на глобата, по член 39 од Законот за прекршоците,

вели Сања Лукаревска, директорка на УЈП. 

Деловните лица веќе подолг период алармираат за нивната битка со нелојалната конкуренција. Нивниот профит трпи загуби и до 15 отсто на годишно ниво, бидејќи субјектите кои работат на црно и не плаќаат данок и други придонеси нудат за 50 проценти пониски цени на своите услуги.

Загрижува присуството на црниот пазар и во индустријата што, според Арсовска, драстично го оштетува државниот буџет.

„Производствени погони се ставаат во употреба без воопшто никаде да бидат регистрирани и најлошата работа е што целите текови се во готовина.

„Анализите кои ги правевме се поединечно по сектори, особено имавме анализа за само по еден тип на корисник на продукт во IT индустријата, штетите на буџетот годишно се околу 6 милиони евра – сума која навистина значително го оштетува буџетот,“ истакна  Данела Арсовска, претседателка на ССК. 

Сојузот на стопански комори ги охрабри бизнисмените да ја засилат соработката со институциите и сами да ги пријавуваат фирмите кои се во сивата зона. Од вкупниот економски импут во земјава, 30 проценти припаѓа на сивата економија - бројка која во европските земји се движи од 12 до 15 отсто.

Како ќе се реши проблемот со извозот на земјоделски производи на Косово?

Времената рамка на Косово за повисоки царини од 30% за овошје и зеленчук предизвика хаос во регионот.

Петти ден земјоделците немаат каде да ги извезуваат своите производи. Извозот од ден во ден е се помал. Им се закануваат огромни штети.

В среда во Белград ресорните министри на земјите од регионот на итен состанок ќе бараат лек за проблемот. Најавија и контра-мерки. Македонија веќе испрати и допис до ЦЕФТА  и ЕУ потенцирајќи дека мерката е неаргументирана.

Во меѓувреме српскиот министер за трговија Расим Љајиќ и порача на Приштина да се одлучи дали е или не е ЦЕФТА потписничка.

Косовската времена мерка ќе трае три месеци. Со неа, за 30% се зголемуваат царините за увезеното овошје и зеленчук. Опфаќа 21 сорта од земјоделските производи и важи за сите држави кои увезуваат во Косово.

Најпогодени, според министерството за земјоделство, се доматите, пиперките и сливите.

Иран: Најмалку 25 лица повредени во земјотресот

Најмалку 25 лица се повредени во земјотресот со јачина од 5,9 степени по Рихтер, кој денеска го погоди западен Иран, неколку часа откако два земјотреси ја потресоа јужната провинција Хормозган.

Гувернерот на западната провинција Керманшах, Хусанг Базванд, изјави дека 25 лица се повредени и дека, за среќа, нема информации за мртви.

Претходно денеска, јужниот дел на Иран беше погоден од земјотреси со јачина од 4,7 степени и 5,7 степени според Рихтеровата скала.

Во тие потреси немаше повредени, а предизвикана е помала материјална штета.

притисни ентер