Отворен 57. фестивал „Охридско лето“

На Античкиот театар во Охрид вечерва свечено беше отворено 57-то издание на најголемата музичко-сценска манифестација во Македонија „Охридско лето“, која во наредните 40-ина дена ќе се одвива под мотото „Патот на магијата“.


Фестивалот за отворен го прогласи неговиот покровител - претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов, кој истакна дека зачекорувањето на патот кон магијата е, всушност, чекорење по патот кон моќта.

- Но тоа не е онаа себична моќ да се доминира и контролира, туку алтруистичка моќ да се креира и споделува. Тоа е моќта на уметноста. Веќе 57 години фестивалот „Охридско лето“ е дел од нашиот пат кон моќта на уметноста. По тој пат секоја година минуваат бројни уметници од Македонија, Европа и светот, кои несебично ја споделуваат својата креативност и го задоволуваат нашиот длабок копнеж по убавина, добрина и слобода. Оттука, нема подобар начин да го започнеме нашето патување освен преку џезот, чие второ име е слобода, рече претседателот Иванов.

Министерот за култура Роберт Алаѓозовски истакна дека е голема одговорноста кон традицијата, пред се, кон нашите уметници и културни работници кои, како што рече, го градеа и го градат ова живо културно богатство, кон сите големи светски и домашни ументички имиња кои продефилираа на сцената на оваа искчучително квалитетна прослава на уметноста.

- По повеќе од половина век изградба на „Охридско лето“, манифестацијата стои исправена пред предизвиците на модерното време, новите културни наративи, новите технологии, уметнички изрази и новата публика. Сигурни сме дека во периодот што доаѓа „Охридско лето“ ќе понуди нова визија за новите времиња, рече Алаѓозовски.

Фестивалската порака ја кажа актерот Мето Јовановски, а фестивалот, првпат во својата историја, почна со џез-концерт. Настапува американскиот џез-квартет „Форплеј“ со оркестарот на Македонската филхармонија под диригентство на Емин Џијан.

Организаторите на фестивалот за оваа година најавија рекордни 57 настани, а Охрид ќе биде домаќин на над 300 врвни уметници, изведувачи и автори од 20 земји, меѓу кои од Кина, Индонезија, САД, Холандија, Италија, Русија, Австрија, Канада...

Во музичкиот дел од програмата, покрај воведувањето џез-вечери, се и гостувања на Рок Симфони, Влатко Стефановски и Камерен оркестар - Битола, како и ЕЛК Камерен оркестар од Кина. Фестивалската публика ќе има можност да проследи и настапи на домашни реномирани уметнички институиции и солисти.

Во драмскиот дел од програмата се претстави на домашни и странски театри, меѓу кои „Кралот Лир“ од Шекспир во изведба на Турскиот театар од Скопје во режија на Диего де Бреа, како и „Сон на летната ноќ“ исто така од Шекспир  на американскиот режисер Џон Блондел, а во изведба на Битолскиот театар. Театарот од Велес Ј.Х.К- Џинот“ ќе ја изведе претставата „Ана Комнена“ од Сашо Димоски. Ќе настапат и Камерниот театар 55 од Сараево со претставата „Жаба“, „Отело“ во продукција на Театарот на бугарската армија од Софија, а ќе се одржи и концертно шоу „Меџик нешнл“ во режија на Јон Карамитру во продукција на Националниот театар од Романија.

Програмските содржини до 20 август ќе се одржуваат на познатите фестивалски  локации - Античкиот театар, Долни Сарај, црквата „Св. Софија“ и нејзиното предворје, Центарот за култура „Григор Прличев“...


Заврши трилатералната средба на Могерини со Тачи и Вучиќ

Во Брисел заврши средбата на шефицата на Европската дипломатија Федерика Могерини со претседателите на Србија и на Косово.

Пред заедничката средба , Могерини одвоено се сретна и разговараше со Александар Вучиќ и Хашим Тачи за надминување на проблемите меѓу Приштина и Косово. Во тек е повторно средба на Могерини со Вучиќ , а можно е во текот на вечерта да се одржи и состанок меѓу двајцата претседатели , за потоа сите тројца да имаат уште една рунда преговори. Како што јавуваат српските медиуми , по завршувањето на преговорите е најавена писмена изјава од Европската Комисија .

,, Договорено е сите проблеми да се решаваат на мирен начин , со взаемна почит. Тоа е многу важно за Србите на Косово , за сите граѓани на Србија . разговаравме за тоа да се фокусираме на дијалог , да покажеме дека можеме да разговараме и да поченме да ги решаваме отворените проблеми . Не сум преголем оптимист , но отворивме многу прашања ,”, изјави Вучиќ по средбата во Брисел.

Претседателот на Косово Хашим Тачи изјави дека состанокот бил тежок , но станува збор за решавање на стогодишен проблем. ,, Не сум наивен па да мислам дека веднаш ќе пронајдеме итно и магично решение за иднината . Не можеме да останеме жртви на горчливото минато , туку да гледаме кон иднината и придобивките за нашите земји и граѓани “ , рече Тачи кој очекува големи придобивки од ЕУ по нормализацијатан на односите со Србија.

Макрон на удар на јавноста поради фотографија со ЛГБТ група

Францускиот претседател Емануел Макрон е на удар на јавноста , откако денеска на социјалните мрежи беа објавени фотографиите со ЛГБТ музичка група во Елисејската палата.

Претседателот Макрон и неговата сопруга Брижит се фотографирале во Елисејската палата со дел од учениците на отворениот музички ден . На една од фотографиите претседателската двојка е во друштво со ЛГБТ музичка група . јавноста го обвинува за понижување на претседателската функција.

Меѓу најгласните критичари беа политичарите од десницата , како Мари ле Пен која го критикуваше Макрон з аначинот на кој се потсмева со местото каде вообичаено со високи почести се примаат странски државници.

Фотографијата била направена од шефот на протоколот на Брижит Макрон , а потоа објавена на социјалните мрежи . ,, Викајте ме господин претседател “ , напишаа иронично дел од пратениците , алудирајќи на пораката што Макрон им ја упати на младите да се однесуваат кон него со почит.

Најмногу коментари предизвика маицата на еден од музичарите , Киди Смајл на која пишуваше :,, Јас сум син на мигрант , црн сум и геј”.

Над 500 деца мигранти вратени на семејствата

Американското министерство за здравство соопшти дека 522 деца им се вратени на семејствата.

Сепак , над 2 000 деца без документи и натаму се одвоени од родителите во рамките на политикатаз а ригорозни мерки против илегалните мигранти . Претседателот Трамп одненадеж во средата го потпиша указот со кој се прекинува ваквата практика.

Систематското разделување на децата од родителите кои илегално ја минале границата меѓу Мексико и САД предизвика негодување не само во Америка , туку и во светот.

притисни ентер