Ахмети: Без прифаќање на платформата на Албанците тешко до формирање на влада

Принципот за коалиција меѓу победниците во македонскиот и албанскиот блок важи и за двете страни и тука нема дилема, вели претседателот на Демократската унија за интеграција, Али Ахмети во интервју за ТВ21.
Според зборовите на Ахмети, овој принцип на којшто инсистираше токму ДУИ во 2006 година мора да се почитува и во двете страни.

Првиот човек на ДУИ вели неоспорно е дека во македонскиот кампус победник е ВМРО ДПМНЕ и дека оваа партија има поголем капацитет од СДСМ. Покрај тоа истакнува дека партијата на Никола Груевски има 100 отсто македонските гласови, за разлика од партијата предводена од Зоран Заев.

Ахмети во интервјуто вели дека нема гаранции дека доколку се одлучи на коалиција со СДСМ тоа ќе значи стабилност и решавање на политичката криза. Лидерот на интегративците вели поради тоа мора да се донесе добро промислена одлука, бидејќи секоја избран чекор ќе донесе сериозни последици. 

Ахмети, вели вистина е дека Македонците не го сакаат и дека Груевски донесе тешка одлука коалицирајќи со него во 2008 година, но како што вели претседателот на ДУИ, тоа беше волја на Албанците и тоа се почитуваше. 


Протести во Берлин: „Без ислам во Германија“, „Меркел мора да си оди“ (фото)

Неколку илјади приврзаници на германската партија Алтернатива за Германија (AfD) прошетаа низ центарот на Берлин протестирајќи против канцеларката Ангела Меркел.

Демонстрантите носеа германски знамиња, транспаренти со натписот „Без ислам во Германија“ и извикуваа „Меркел мора да си оди“, пренесува „АП“.
 

Foto: Tanjug/AP/Markus Screiber

На улиците има околу 2000 полицајци, кои се распоредени за да спречат можни инциденти, бидејќи во Берлин се организираат и контрамитинзи.

Во групите кои планираат контрамитинзи се наоѓаат и уметници и здружението на музички клубови во Берлин кои се надеваат дека ќе го “одвеат“ собирот на AfD со гласните звуци на техно музиката.

Foto: Tanjug/Markus Screiber



 

Агенцијата пренела дека на денешниот собир на AfD се очекува присуство на околу 10.000 луѓе на кои ќе им се обратат лидерите на партијата.

Алтернатива за Германија стана најголемата опозициска партија во таа земја откако минатата година на парламентарните избори освои 12.6 отсто од гласовите, под влијание на се поголемото расположение на граѓаните против мигрантите и против естаблишментот, наведува „АП“.

Димитров попладнево ќе се сретне со Могерини

Министерот за надворешни работи Никола Димитров, доцна попладнево во Брисел ќе оствари билатерална средба со високата претставничка за надворешни работи на ЕУ, Федерика Могерини.

Министерот за надворешни работи Никола Димитров, доцна попладнево во Брисел ќе оствари билатерална средба со високата претставничка за надворешни работи на ЕУ, Федерика Могерини, дознава МИА од извори во ЕУ. Засега не се открива точното време на средбата, ниту содржината на разговорите.

Утре наутро, Могерини најверојатно треба да ги брифира министрите на ЕУ за текот на преговорите за спорот со името, велат извори во ЕУ за МИА.

Министрите за надворешни работи на Грција и Македонија од Њујорк допатуваа во Брисел, но не се откриваат детали за нивна можна средба.

Димитров пред утрешниот Совет на министрите за надворешни работи на ЕУ ќе учествува на неформален појадок организиран од сегашното бугарско претседателство и идното, австриско. Како што информираат од Советот, тоа ќе биде прилика за министрите да го испрашуваат шефот на македонската дипломатија за текот на преговорите за името. /МИА

„Британската влада тајно планира да остане во ЕУ“

Британските евроскептици стравуваат дека владата во Лондон планира тајно да остане во Европската унија, пишува „Телеграф“.

Таа загриженост се појавила откако е објавено дека се издвоени стотина илјади фунти за изборите во Европскиот парламент 2019 година.

Според наводите на британскиот весник, станува збор за 829.000 фунти издвоени за “активности во врска со изборите за ЕП 2019“.

Изборната комисија објаснува дека тие средства се издвоени како “мерка за претпазливост за да може да ја исполни својата функција во случај тие избори да бидат одржани во земјата, што е малку веројатно“.

Весникот напомнува дека изборите за ЕП треба да бидат одржани меѓу 23 и 26 јуни идната година, а Британија треба да ја напушти ЕУ скоро два месеци претходно – на 29 март.

притисни ентер