Протести на „ГДОМ“ и на „Протестирам“ во Охрид

“СДСМ излези на избори народот повторно да те казни”, “СДСМ Охрид 50 милиони евра криминал Фатиме фати ги”,” Нема да ви дозволиме државата да ја пропаднете” беа дел од пораките, кои илјадници охриѓани поддржувачи на Граганското движење за одбрана на Македонија вечерва ги испратија од Охрид.
Секој човек треба да ја сака , но и да застане во одбрана  на својата татковина, подвлече охридскиот писател Мирко Томоски, кој потенцираше дека не е член на ниту една политичка партија.

- Секој македонец треба да застане на браникот на одбраната на својата татковина  на одбраната на своето семејство, на одбраната на иднината на своите деца. Пораката е прво да се сплотиме сите  што сме македонци, сите македонци да бидеме едно со една идеја, со една мисла да си ја зачувам е нашата татковина, бидејки ние друга немаме ни остана само едно парче, изјави Мирко Томоски писател  од Охрид.

На плоштадот Крушевска република во центарот на градот истовремено протестираа и поддржувачи  на  здружението Потестирам.

-Наша главна цел е да се исполнат барањата кои што самите граѓани ги поставија. Пред се  дел од нашите барња се а се повлече одлуката за аболиција , нашиот претседател Горге Иванов се повлече од неовата функција истовремено да нема избори на 5 јуни, изјави Вероника Стефаноска од  Здружението  Протестирам.

Од ГДОМ бараат да  се стави крај на политичката криза  и да се одржат избори на 5 јуни.


Ердоган на прагот на сигурна победа

На речиси една петина од изброените гласови , Реџеп Таип Ердоган има освоени скоро 60 проценти.

Според првичните резултати од изборите , кои се одржаа во Турција , актуелниот претседател Реџеп Таип Ердоган засега убедливо води со 59,99 проценти од гласовите на една петина од преброените ливчиња.

Неговиот главен противкандидат , Мухарем Инче освоил 25,8 проценти .Гласачките кутии беа затворени во 17 часот по локално време и се очекува вечерва да бидат познати резултатите од предвремените претседателски и парламентарни избори .

Аналитичарите предвидуваат победа на Ердоган со околу 45 до 55 проценти од гласовите.

Се удави Полски наутичар во Јадранското Море

Хрватските поморски власти попладнево го најдоа телото на полскиот наутичар , исчезнат во близина на Риека.

Во 7 часот утрово било пријавено дека е исчезнат Полски наутичар од едрилицата ,,Левант “ , на која имало уште десетмина туристи од Полска. По интензивна потрага телото на 67 годишниот наутичар било најдено во близина на островот Угљен . Го здогледал рибар од чамец и пријавил во спасувачката служба.

Членовите на едрилицата биле задржани во полицијата во Ријека на распит.

Истрагата ќе покаже како и зошто телото на искусниот наутичар се нашло во море.

Макрон од мини самитот на ЕУ : Не примаме лекции од други

Во Брисел се одржува мини самитот  на ЕУ , на кој лидерите на 18 земји членки решаваат за мигрантската криза.

Пред почетокот на самитот францускиот претседател Емануел макрон изјави ека не прима лекции од други земји , алудирајќи на изјавите на државниот врв на Италија , каде и новиот премиер Конте и неговиот заменик Ди Мајо го нарекоа ,,човек без допирни точки со реалноста”.

,, Ние никогаш не забораваме кои се нашите вредности. Тоа во овој момент е неприфатливо .” изјави Макрон пред почетокот на мини самитот. Проблемот настана откако голем број земји членки на ЕУ одбија да ја споделат одговорноста за мигрантите за да им помогнат на земјите кои се најмногу погодени , како Грција и Италија.

Италијанскиот премиер Џузепе Конте кусо изјави дека ќе го претстави својот план за решавање на проблемот. Канцеларката Меркел се надева дека лидерите ќе се договорат како меѓусебно да си помагаат без да треба за тоа одлука од сите 28 членки на ЕУ.

Таа рече дека не очекува денеска да се постигне целосен договор , со оглед на фактот дека истата тема ќе биде во фокусот на формалната средба на сите лидери на земјите членки на ЕУ на 28 и 29 јуни.

притисни ентер