1,3 милиони евра за компаниите од Фондот за иновации

Нова можност за компаниите за раст и развој. Во текот на овој месец фирмите ќе може да аплицираат со иновативни проекти и да добијат 1,3 милиони евра преку Фондот за иновации.
Новиот оглас предвидува три пати повеќе средства споредено со првиот кога беа доделени 458 000 евра на 16 старт ап и спин оф компании, најави премиерот Груевски. Според Груевски, формирањето на Фондот за иновации и на Комитетот за иновации е вистинскиот забрзувач на иновациите во Македонија.

-- Работите одат добро, луѓето се задоволни. Макотрпната работа која ја имавме околу подготовката на Законот и формирањето на Фондот за иновации даваат резултати затоа што веќе се испорачани првите средства, а до Нова година ќе бидат испорачани дополнителни 1,8 милиони евра, нагласи Груевски.

Во наредните три месеци како што потенцираше Груевски ќе бидат на располагање 1,8 милиони евра. Дел од средствата ќе бидат искористени за старт ап компании и спин оф компании, околу 300.000 евра. Четиристотини илјади евра ќе одат за трансфер на технологии и останатите 600.000 евра ќе бидат искористени за комерцијализација на иновациите.

-Дополнително, до крајот на оваа година уште 500.000 евра ќе бидат инвестирани за акцелератори на новите компании, кои имаат иновации добиле поддршка од државата и треба да го забрзаат нивниот раст. Во наредните три месеци ќе бидат инвестирани 1,8 милиони евра, изјави Груевски
Ова е конкретна поддршка за развој на компаниите што ја опфаќа иновативноста како еден нов сегмент како еден од двигателите на економскиот раст.



Над 500 деца мигранти вратени на семејствата

Американското министерство за здравство соопшти дека 522 деца им се вратени на семејствата.

Сепак , над 2 000 деца без документи и натаму се одвоени од родителите во рамките на политикатаз а ригорозни мерки против илегалните мигранти . Претседателот Трамп одненадеж во средата го потпиша указот со кој се прекинува ваквата практика.

Систематското разделување на децата од родителите кои илегално ја минале границата меѓу Мексико и САД предизвика негодување не само во Америка , туку и во светот.

Ердоган на прагот на сигурна победа

На речиси една петина од изброените гласови , Реџеп Таип Ердоган има освоени скоро 60 проценти.

Според првичните резултати од изборите , кои се одржаа во Турција , актуелниот претседател Реџеп Таип Ердоган засега убедливо води со 59,99 проценти од гласовите на една петина од преброените ливчиња.

Неговиот главен противкандидат , Мухарем Инче освоил 25,8 проценти .Гласачките кутии беа затворени во 17 часот по локално време и се очекува вечерва да бидат познати резултатите од предвремените претседателски и парламентарни избори .

Аналитичарите предвидуваат победа на Ердоган со околу 45 до 55 проценти од гласовите.

Се удави Полски наутичар во Јадранското Море

Хрватските поморски власти попладнево го најдоа телото на полскиот наутичар , исчезнат во близина на Риека.

Во 7 часот утрово било пријавено дека е исчезнат Полски наутичар од едрилицата ,,Левант “ , на која имало уште десетмина туристи од Полска. По интензивна потрага телото на 67 годишниот наутичар било најдено во близина на островот Угљен . Го здогледал рибар од чамец и пријавил во спасувачката служба.

Членовите на едрилицата биле задржани во полицијата во Ријека на распит.

Истрагата ќе покаже како и зошто телото на искусниот наутичар се нашло во море.

притисни ентер