Нуланд: Стратешка цел на САД е интегрирана Македонија во НАТО и ЕУ

САД се пријатели и партнери на Македонија веќе 20 години и силно ја поддржуваат нејзината евроатлантска интеграција. Обединети сме во таа стратешка цел не само со лидерите, туку и со народот на Македонија.
Американскиот помошник државен секретар за Европски и Евроазиски прашања Викторија Нуланд дојде со силната порака дека стратегиска цел на САД за Македонија е таа да биде единствена демократска земја интегрирана во Нато и во Европската Унија. Потврди дека политичката криза ги отежнала условите да се работи на тој пат, и во надеж оти денешните нејзини сугестии во разговорите со клучните политички играчи ќе бидат прифатени и дека кризата брзо ќе биде надмината врз основа на договорот од втори јуни кој САД силно го подржуваат.

-Политичката криза направи да биде многу тешко за лидерите да се фокусираат на евроатланските цели затоа мора да го надминеме тоа. Сега е време да се стави крај на оваа криза. Нам ни е мило што заедно со ЕУ, амбасадорот Бејли, еврокомесрот Хан се обидуваме да ги собереме партиите заедно околу еден пакет на разбирање кој ќе и овозможи на Македонија да се врати назад на избраниот пат, изјави Викторија Нуланд –Помошник државен секретар на САД.

Нуланд видела во Македонија политичка воља за надминување на кризата и се надева оти денешните како и утрешните разговори со еврокомесарот Хан , ќе вродат со плод да се решат уште неколкуте нерешени прашања и дека што поскоро се најде решение за политичката криза, толку побрзо Македонија ќе се врати на евроатланскиот пат.

Од своја страна премиерот Груевски разговорите со високата американска гостинка ги оцени за срдечни, отворени конструктивни засновани врз декларацијата за стратешко партнерство и соработка од 2008-мата година. Груевски пред Нуланд потенцирал дека решението за политичката криза се бара во евроатлантските вредности и согласно Уставниот поредок , демократијата и владеењето на правото. Премиерот со Нуланд разговарал и за потребата од итно зачленување во нато и пробив во напредокот кон Европската Унија.

- Во текот на наредниот самит на Алијансата во Варшава, идната година, исполнетоста на критериумите за членство и учеството на припаднуиците на АРМ во рамките на повеќе мировни мисии ни даваат потполно право да инсистираме на итно надминување на сите пречки за нашето зачленување. Грчко македонските разговори за надминување на разликите околу името треба да продолжат. Потребен е конструктивен пристап кон ефикасно решавање на наметнатите разлики со добра волја и желба за успех во склад со демократските принципи и меѓународното право. Неодамна договрените билатерални мерки за јакнење на довербата се добар чекор, рече Груевски.


Дел од делегацијата на Нуланд беше и заменикот помошник секретар за одбрана на САД Евелин Фаркаш, која на средбата со министерот за одбрана Јолевски ја истакнала големата професионалност на македонските војници во Авганистан кои биле едни од највизибилните.

Фаркаш  ја потенцирала американската поддршка за полноправно членство во НАТО. Инаку американскиот помошник државен секретар се сретна и со лидерот на опозицијата Заев. Во партиското соопштение се информира дека Заев инсистирал решението на политичката криза да се бара преку споделени гаранции меѓу власта и опозицијата за практична примена на решенијата за областите посочени во извештаите на ЕК и Стејт Департментот, како и споделени гаранции меѓу власта и опозицијата за организирање фер и демократски избори.
На средбата со лидерот на ДУИ, Ахмети ги соопштил позициите на неговата партија дека одолговлекувањето на решавањето на политичката криза е неприфатливо и дека ги прифаќаат потребните реформи посочени во извештаите на Европската комисија и на Рајнхард Прибе.


Пет дедовци и една баба уапсени заради секс во парк

Шест пензионери се уапсени во парк во Конетикат, САД, каде полицијата ги фатила во групен секс.

Се ова се случило минатата недела во Фирфилд откако полицијата добила дојава дека на ова место често се случуваат вакви ескплицитни евенти.

Уапсени се Даниел Добинс (67), Ото Д. Вилиамс (62), Чарлс Л. Ардито (75), Џон Линартз (62), Ричард Батлер (82) и неговата сопруга Џус Батлер (85).

Сите се обвинети за нарушување на јавниот ред и мир, еден од пензионерите е пронајден како во својот автомобил седи насмеан без никаква облека на себе.

Полицијата ги зголемила мерките за безбедност на тоа подрачје откако имало повеќе пријави за сексуални активности на сомнителни парови.

ВМРО-ДПМНЕ: Заев е очаен, заглавен во криминал и корупција

Заев е очаен. Заглавен во криминал и корупција бара помош и поддршка за да го оттргне вниманието од себе.

Искусните го избегнуваат бидејќи знаат дека му се ближи крајот и затоа мора да ги враќа кадрите со кои ја креираше коалицијата со криминалот и мафијата. Затоа мора да бара по некој млад и неискусен кој ќе му поверува дека целиот проблем бил во “еден криминалец, суетен новинар и п.дер”.

Театарот наречен метла денеска го донесе целиот прав на Бихаќка. Зоран Заев ги остави Оливер Спасовски, Мухамед Зекири и Дамјан Манчевски на функција.

И по мурто, дојде курто. СДСМ и понатаму останува истата криминална, корумпирана, неморална партија.

Спасовски, кој наместо да ги штити граѓаните, го штити криминалот и понатаму е на функција. Манчевски кој брка политички неистомисленици уште ќе има одлучувачка моќ. Зекири кого јавноста не го памети по ништо корисно останува на позиција.

Заев покажа дека СДСМ нема намера да ја реформира. Таа останува дувло на криминалот.

Заев покажа и дека е спремен се да направи, само за привидно да се дистанцира од случајот Рекет, па ги пушта низ вода сите, само да се амнестира, иако тој е главата на криминалниот октопод.

СДСМ денес докажа дека го трча последниот круг на власт.

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ.

Семејството Ердоган угости сијамски близначки

Претседателот на Турција Реџеп Таип Ердоган и неговата жена Емине Ердога угостија сијамски близначки, сестрите Танрикулу.

-Им посакувам на сестрите Ајше и Сема се најубаво, тие две нас ни донесоа позитивна енергија и позитивни мисли во овие тешки времиња, рекла Емине Ердоган.

притисни ентер