Премиера на претставата „Мац, мац“ вечерва во велешкиот театар - Канал 5

Премиера на претставата „Мац, мац“ вечерва во велешкиот театар

На сцената на велешкиот Народен театар „Јордан Хаџи Константинов-Џинот“ вечерва премиерно ќе биде изведена претставата „Мац, мац“ инспирирана од „Мачка на вжештен лимен покрив“ на Тенеси Вилијамс во режија и кореографија на Филип Петковски.

Премиера на претставата „Мац, мац“ вечерва во велешкиот театар

Во претставата играат актерите Ведран Чешарек-Брик, Ана Јовановска, Илин Јовановски, Васил Зафирчев, Кети Борисовска, Филип Христовски и Сандра Танчева.

Музиката е на Мориц Вернер од Германија, сценографија на Дардан Жегрова од Косово и Филип Петковски, а костимографијата е на Антонија Гугинска Јорданоска и Гордана Божиновска.

Проектот е финансиран од Интернационалниот фонд за копродукција (Internationaler Koproduktionsfonds) на Гете институтот и Министерството за култура. /МИА

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Предвремени избори повторно во фокусот на партиите

Премиерот Христијан Мицкоски останува на ставот дека предвремени парламетарни избори не треба да има, но повторно ја остави можноста за нивно одржување доколку такво барање дојде од опозицијата.

Предвремени избори повторно во фокусот на партиите

Иако, според него, граѓаните не сакаат избори, туку реформи и континуитет на процесите кои што ги води оваа Влада, сепак Мицкоски е дециден дека нема да бега од изборно соочување.

- Ние како коалиција имаме добиено легитимитет од граѓаните за да бидеме Влада 4 години, но она коешто јас го кажав, ќе го потврдам: доколку опозицијата мисли дека се потребни предвремени избори, се разбира дека ние како кукавици нема да седиме на страна, туку ќе одговориме на тоа барање позитивно и се разбира дека ќе ги победиме, кажа Мицкоски.

Но, опозицијата нема единствен став за прашњето. Од ДУИ преку соопштение го прифатија предизвикот да се оди на избори и бараат деновиве да се договори најбрз датум. „ДУИ е подготвена. Да се распушти Собранието. Да се определи датумот. Да одиме на избори“, повикаа од партијата на Ахмети.

За разлика од нив, лидерот на СДСМ Венко Филипче повтори дека тие нема да бидат алиби за избори на Мицкоски. Иако вели дека СДСМ се подготвени за изборно соочување во секое време, повтори дека премиерот е тој што може да ги распише кога и да посака.

-Избори ќе закаже премиерот којшто има двотретинско мнозинство, апсолутна власт на секое ниво, Претседателката, извршната власт, во Собранието двотретинско мнозинство, мнозинство во општините, може да си направи избори кога сака. Ние нема да бидеме алиби. Избори ќе има кога ќе им снема пари за коруптивни тендери. Ништо друго не ги интересира. Ние сме секако спремни, се подготвуваме секојдневно, ако ме прашувате дали сме спремни, но алиби не даваме, изјави Филипче.

Филипче не гледа потреба да се одржи ниту лидерска средба со оглед на искуството од последната, на која тој не присуствуваше, кога беше договорено укинување на техничката влада.

За изборниот законик кој останува блокиран од опозицијата, Филипче вели СДСМ ќе го поддржи законското решение само доколку ги содржи препораките од ОБСЕ/ОДИХР... За нив останува најспорен моделот за гласањето на дијаспората што го нуди власта - електронски или преку пошта, за кој сметаат дека е вовед во, како што вели, изборен грабеж.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Водата во Северното море со рекордно висока температура од 21,5 степени

Водата во Северното море достигна рекордно висока температура од 21,5 степени целзиусови, највисока откако започнале мерењата во 1984 година, соопшти Кралскиот холандски метеоролошки институт..

Водата во Северното море со рекордно висока температура од 21,5 степени

Мерењата биле направени минатиот викенд на околу 30 километри од холандскиот брег, во близина на Хук Ван Холанд. Претходниот рекорд изнесуваше 21,4 степени, измерени пред осум години.

Истражувањето на швајцарските научници на Универзитетот во Берн покажува дека затоплувањето на морињата во Европа во најголем дел е последица на климатските промени, кои летово доведуваат до зголемување на температурата до 2 целзиусови степени во Средоземното море..

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Трамп најави „економска војна“ од невидени размери против Иран, се закани со последици за неговите поддржувачи

Американскиот претседател, Доналд Трамп, најави „економска војна“и изолација на Иран од невидени размери, во услови на застој во преговорите со Техеран.

Трамп најави „економска војна“ од невидени размери против Иран, се закани со последици за неговите поддржувачи

-Денеска ја објавувам најсуровата економска операција што некогаш била преземена против која било држава“, напиша Трамп на својата социјална мрежа „Трут соушл“, во исто време, предупредувајќи дека со сериозни економски последици ќе се соочат и земјите што ќе му пружат економска поддршка на Иран.

Заканата на Трамп следи откако во понеделникот истече 60-дневниот прекин на огнот, без никакви знаци за дипломатско решение на војната што САД и израел ја започнаа во февруари. Техеран соопшти дека заканата на трамп само ќе донесе дополнително непријателство..

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер