Пет милиони луѓе ги виделе претставите на Битолскиот театар

Над 5 милиони гледачи ги гледале претставите на Битолскиот театар. Оваа локална театарска установа со национален габарит годинава го слави својот 69 јубилеј. Во речиси седумте децении од формирањето уметниците од битолскиот театар оставија силен печат во македонската култура.

69 - годишнината од своето постоење Битолскиот народен театар ја одбележува со уште еден меѓународен успех со гостување во Санта Барбара со претставата „Хенри шести“

На 14 ноември 1944 година беше одиграна првата претстава на македонски јазик „Ѓоре Магарески“ од Владе Малески во режија на Димче Стефановски.

Низ овие 69 години претставите на Битолскиот народен театар стигнале до публиката низ цел свет.

„Досега имаме 526 премиери, 11.899 одиграни претстави и публика од 5 милиони 36.197 гледачи“, вели Петар Мирчевски, актер во БНТ.
Паралелно со актерските успеси оди и техничкото опремување на театарот.

„Има најави за ново осветлување и озвучување“, вели Петар Трајчевски, технички директор на БНТ.

Во Битолскиот театар работат повеќе од 30 актери, кои успеаја да ја освојат и шекспировата сцена во Глоуб театарот во Лондон по што битолскиот театар стана домаќин на првиот шекспиров фестивал во регионот.









Во Србија 287 новозаразени, 11 починати

Во последните 24 часа во Србија  на коронавирус тестирани се 4050 лица, од нив позитивни на Ковид -19  се 287 лица.

Во последното деноноќие се регистрирани 11 починати лица.

Во болниците во Србија во моментот на респиратор се приклучени 144 пациенти.

Фото: Карлеуша повторно во минијатурно бикини

Српската пејачка Јелена Карлеуша повторно ги израдува своите фанови на социјалните мрежи.

Популарната Карли уште еднаш покажа дека иако има 41 година нема никакви проблеми да се соблече во најмалото бикини.

Бикини кое покрива само мал дел од нејзините бујни облини.

Атрактивната Јелена без проблеми во минијатурно бикини се обиде да вози и велосипед.

СДСМ: Благодариме, ние и граѓаните уживавме во современата кампања "Можеме" - во молкот да ги одбиеме лажните вести од подземните центри на ВМРО-ДПМНЕ

Во име на Коалицијата „Можеме" им се заблагодаруваме на граѓаните за учеството во кампањата, за почитувањето на мерките при теренските активности и за сите комуникации остварени преку дигиталните платформи. 

СДСМ водеше интензивна, современа, позитивна и достоинствена кампања, фокусирана на понудата, на интересите на граѓаните и на иднината на државата. Ги презентиравме нашите конкретни решенија и нашата јасна визија за развојот на земјата до 2024 година - ја проектиравме Северна Македонија како економски силна и праведна држава која се грижи за здравјето на сите, држава со чиста животна средина, држава членка на НАТО и преговарач со ЕУ каде владеат ред, правда и дисциплина.

Согласно законите, СДСМ вечерва на полноќ ги запира сите теренски и медиумски комуникации, како и сите објави на социјалните мрежи, се додека не заврши изборниот молк, до среда во 21.00 часот. На медиумите им благодариме што со своето информирање и простор за учество на кандидати и претставници од СДСМ и Коалицијата придонесоа нашата понуда од програмата да стигне до што повеќе граѓани.

Од другата страна сведочевме мрачна, срамна, недостојна и манипулативна кампања водена од ВМРО-ДПМНЕ, кампања која го оживеа режимот во очите на граѓаните, која во целост потсетува на времето кое е зад нас, односно кампања која уште еднаш потврдува дека опцијата предводена од Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ е опција која ја носи земјата во опасност.

Имајќи предвид дека ВМРО-ДПМНЕ е партија која поседува подземни центри за лажни вести, апелираме до граѓаните за време на молкот да биде максимално внимателни, сите вести кои доаѓаат од некредибилни извори да ги примаат со сериозна доза на критика и сомнеж, да ги одбијат манипулациите и на таков начин, да се спротистават на режимот.

Ги повикуваме граѓаните на 15 јули да ги поразат лажните вести, конфликтите, опасноста и срамниот однос на ВМРО-ДПМНЕ кон јавноста. На 15 јули секој граѓанин со гласање за СДСМ и бројот 3 носи да донесе да продолжиме по сигурниот пат. Заедно со граѓаните можеме уште уште повеќе и уште подобро

Скопје, 12 јули 2020

СДСМ

Центар за комуникации со јавноста

притисни ентер