Арсовски: Параполициските структури на СДСМ го следат раководството на ВМРО-ДПМНЕ и нивните семeјства

 Раководството на ВМРО-ДПМНЕ е цел на нелегално телефонско и физичко следење. Ова следење е организирано и реализирано преку двете безбедносни агенции со кои што раководат СДСМ и Зоран Заев. 

Параполициските структури на СДСМ мотивирани единствено од политички причини да допринесат за владеење на овој хибридно криминален режим воден од фамилијата Заеви и СДСМ го следат раководството на ВМРО-ДПМНЕ и нивните семејства и најблиски.

Раководството на ВМРО-ДПМНЕ е цел на нелегално телефонско и физичко следење. Ова следење е организирано и реализирано преку двете безбедносни агенции со кои што раководат СДСМ и Зоран Заев. За ова постојат сериозни докази и ова ќе биде докажано на два начини. Веднаш штом се формира новиот парламентарен состав и мнозинство предводено од ВМРО-ДПМНЕ. Ќе биде поднесено барање до соодветните парламентарни комисии кои ќе треба да извршат надзор врз овие две агенции за да се утврди следењето на раководството на ВМРО-ДПМНЕ и ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави до Јавното Обвинителство со соодветни докази кои ќе бидат приложени кои треба да ја обелоденат вистината за ова параполициско нелегално следење од двете безбедносни агенции во Република Македонија водени од Зоран Заев и СДСМ.

Во моментов правосудните органи се заробени од Зоран Заев преку „трас трас“ судството кое директно е управувано од адвокатот на Заеви, Филип Медарски, добро познат на јавноста како управува со ова правосудство. Значи од една страна Зоран Заев преку братот на своето обезбедување кој е началник во МВР во секторот за следење, директно СДСМ и Заев го следат раководството на ВМРО-ДПМНЕ.

Од друга страна не може никој да одговара за истото следење бидејќи адвокатот на Заеви, Филип Медарски управува со „трас трас“ судството.

ВМРО-ДПМНЕ е различно од СДСМ и затоа ќе победи на изборите. Со СДСМ и Заев добивме единствено хибриден режим, неспособност и сиромаштија.

Едно морам да напоменам и да ги предупредам сите инволвирани кој ги прават овие незаконски дејствија, верувајте дека ќе дојде ден кога СДСМ и Заев нема да се на власт и Заев нема ниту да ве познава ниту да може да ве заштити како и сите останати ќе ве пушти низ вода. Тој ден сите инволвирани ќе сносат одговорност согласно законот кој што ќе завладее во Република Македонија. Затоа размислте уште еднаш дали вреди да го правите ова за еден пропаднат политичар и криминалец како Зоран Заев.

Димче Арсовски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ

Ким Џонг-ун надгледуваше пробно истрелување ракети и изрази задоволство од прецизноста

Ким Џонг-ун надгледуваше пробно истрелување ракети и изрази задоволство од прецизноста и досегот.

Севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун вчера го надгледуваше пробното истрелувањето ракети од 240 милиметри од повеќецевни лансири, произведени од новоформираната фабрика на воената индустрија, објави денеска агенцијата КЦНА.

Севернокорејската агенција не даде повеќе детали за фабриката. Се верува дека Северна Кореја го зголемува производството на артилерија, а САД и Јужна Кореја ја обвинуваат дека ја снабдува Русија со оружје.

Пробното истрелување покажа дека ракетите ги исполнуваат потребните стандарди за точност и досег, соопшти КЦНА.

Ким изјави, пренесе КЦНА, дека повеќецевниот ракетен систем, што вклучува нова технологија, „ќе донесе стратешка промена во зајакнувањето на артилериските способности на војската“.

Одреден притвор за украинскиот министер за земјоделство Микола Солски

Украинскиот суд денеска му одреди притвор на министерот за земјоделство на Украина, Микола Солски, кој е обвинет дека е вмешан во незаконско купување државно земјиште .

Украинскиот суд денеска му одреди притвор на министерот за земјоделство на Украина, Микола Солски, кој е обвинет дека е вмешан во незаконско купување државно земјиште во вредност од околу седум милиони долари.

Судијата му одреди кауција на Солски во износ од 1,9 милиони долари, пренесува Ројтерс.

Солски ги негира наводите, кои се однесуваат на набавки од 2017 до 2021 година, пред да стане министер за земјоделство во март 2022 година.

Солски поднесе оставка во четвртокот, но технички останува на функцијата додека парламентот не го разгледа неговото барање за оставка.

Тој е првиот украински министер осомничен за корупција откако украинскиот претседател Володимир Зеленски беше на власт.

Националното биро за борба против корупцијата соопшти дека обвинението се однесува на шема за стекнување сопственост на државно земјиште во вредност од 7,35 милиони американски долари.

Како што е наведено, земјиштето наводно незаконски им било одземено на две државни фирми и им било предадено на бранителите под услов да го дадат под закуп на одредени приватни фирми.

Солски и неговиот адвокат на сослушувањето во четвртокот рекоа дека тој нема корист од таквата шема.

Солски по ова обвинение може да се соочи со затворска казна до 12 години.

„Македонисимо“ на Симон Трпчески и пријателите пред софиската публика

Меѓу присутните беа и бугарскиот министер за култура, прославениот диригент Најден Тодоров, како и македонската амбасадорка во Бугарија, Агнеса Руси Поповска.

По балканската премиера на оркестарската верзија на проектот МАКЕДОНИСИМО на Симон Трпчески и пријателите што на сцената на македонските филхармоничари неодамна ја изведоа со Камерниот оркестар АЈГА и диригентката Ана Спасовска, исклучителното дело изнедрено од македонската традиционална музика низ перото на нашиот композитор Панде Шахов, синоќа (25 април) ја продолжи својата благородна мисија на сцената на салата „Бугарија“ во бугарската престолнина, со еден од водечките оркестри во регионов, софиската филхармонија.

Како што соопштува „КултурОп“, квинтетот МАКЕДОНИСИМО настапи во оригиналниот состав: Симон Трпчески на пијано, Хидан Мамудов на кларинет, саксофон и кавал, Александар Краповски на виолина, Александар Сомов на виолончело и Влатко Нушев на удиралки, заедно со Софиската филхармонија, под палката на исклучителната млада диригентка Ана Спасовска, која го имаше своето деби со познатиот бугарски оркестар. Долготрајните аплаузи од софиската публика беа наградени со три изведби на бис, а посебно одушевување предизвика гостувањето на познатата бугарска певица Александра Борисова која им се приклучи на музичарите на сцена.

Меѓу присутните беа и бугарскиот министер за култура, прославениот диригент Најден Тодоров, како и македонската амбасадорка во Бугарија, Агнеса Руси Поповска.

И додека следната квинтет-изведба на МАКЕДОНИСИМО е закажана за 9 јуни во Глазгов, Шкотска (како дел од резиденцијалниот циклус концерти на нашиот пијанист од светски глас со Кралскиот шкотски национален оркестар), Симон Трпчески до крајот на овој дел од сезоната го очекуваат и редовните концертни гостувања во САД, Велика Британија и Германија.

притисни ентер