Николоски ќе зборува за економските политики и предизвиците на регионот на 23-тиот Виенски економски форум
ЈП Водовод и канализација – Скопје: Неделен лабораториски извештај за квалитетот и безбедноста на водата за пиење
1Николоски ќе зборува за економските политики и предизвиците на регионот на 23-тиот Виенски економски форум
2ЈП Водовод и канализација – Скопје: Неделен лабораториски извештај за квалитетот и безбедноста на водата за пиење
Стапуваат на сила нови правила во Париз: Полицијата воведува забрана за собири во близина на училишта и факултети
1Стапуваат на сила нови правила во Париз: Полицијата воведува забрана за собири во близина на училишта и факултети
КултураАрхеолозите на југот на Ирак пронашле кафуле, старо 5.000 години Тим од археолози од музејот Пен пронашле 5.000 години старо кафуле со простор за јадење на отворено и делумна кујна.Кафеаната се наоѓа во античкиот град Лагаш во јужен Ирак, сега познат како Ал-Хиба. Археолозите откриле дека во кафулето имало клупи, просторија која служела како фрижидер, печка и остатоци од стара храна. Директорката за истражување Сара Пицименти од Универзитетот во Пиза предложила тимот наместо да копа директно надолу, да користи поинаков пристап со ископување на областа со хоризонтално копање. Тимот открил дека кафулето било само 50 см под површината користејќи го тој пристап. „Откривањето на локалитет како ова, скоро 5.000 години, јавно кафуле толку блиску до површината е неверојатно. Само прецизно, повеќефазно хоризонтално ископување може да открие што останува“, рече Холи Питман, директорка на археолошкиот проект Лагаш (LAP) и кустос на Одделот за Блискиот Исток на музејот Пен. Лагаш бил еден од најстарите и најголемите градови во Месопотамија околу 3000 година п.н.е. Поради околните мочуришта и плодното земјиште, тој бил главен производствен центар за земјоделство и риболов. Питман и тим меѓународни истражувачи се вклучени во археолошкиот проект Лагаш веќе четири години. Од почетокот на истражувањето во 2019 година, археолозите пронајдоа две куќи, патишта, улички, печки за керамика и керамика кои останале недопрени илјадници години. Питман рече дека жителите на Лагаш не биле ниту елити ниту робови, туку слободни луѓе кои живееле во урбани населби, што е поинаков пристап од она што археолозите претходно мислеле кога ископувале такви области. „Веројатно имаме, особено во несигурна средина како јужна Месопотамија, широка група на луѓе кои би можеле да ги сметаме за „средна класа“ во текот на третиот милениум. Тие имаа слобода на дејствување; тие носеа одлуки. Не мора да имаа богатство , но беа главно независни и имаа мобилност“, рече Питман, според Jerusalem Post. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаНиколоски ќе зборува за економските политики и предизвиците на регионот на 23-тиот Виенски економски форумЗаменик претседателот на Владата, Александар Николоски e во работа посета на Виена, Австрија, каде учествува на 23-от Виенски економски форум.Оваа година Виенскиот економски форум се реализира под мотото “ Виенски дијалог за иднината 2026- заедничка визија за заедничка иднина, стратешки предизвици “ Во рамки на Форумот предвидено е обраќање на заменик претседателот на Владата, Александар Николоски, на панел сесијата “Заедничка визија за долгорочна економска соработка” – на кој ќе се осврне на економските политики и соработката со земјите од регионот. Николоски ќе зборува и за стратешките инфраструктурни проекти кои се градат во државава. На Форумот предвидено е учество на членови на Бордот на Виенскиот економски форум, министри од земјите од Западен Балкан, преставници од ЕУ како и високи претставници на меѓународни финансиски институции. Покрај промоцијата на регионалните економски политики и соработка, на Форумот ќе се разговара и за предизвиците и проширирувањето на ЕУ. Виенски економски форум - „Виенски дијалог за иднината 2026“ е официјално признат од Европската Комисија во рамки на глобалниот настан на „Форумот за проширување на ЕУ 2026“. Целта на Виенскиот економски форум е промоција на развојот на регионалната економија од Јадранското до Црното Море и пошироко, како составен дел од европската и глобалната економија и нивно залагање за регионална економска соработка, европска интеграција и остварување на заедничките европски вредности во целиот регион.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаЈП Водовод и канализација – Скопје: Неделен лабораториски извештај за квалитетот и безбедноста на водата за пиењеЈП Водовод и канализација – Скопје со цел подобра информираност на граѓаните на град Скопје, го објавува неделниот извештај за квалитетот и безбедноста на водата за пиење, добиен од анализите спроведени во Секторот за санитарна контрола. Секторот за санитарна контрола во периодот од 09.11.2026 до 13.11.2026 зема 200 примероци за физичко-хемиска и 200 примероци за микробиолошка анализа на вода за пиење од 51 мерни места во Градот Скопје. Согласно добиените резултати од испитувањата, сите примероци ОДГОВАРААТ на Правилникот за барања за безбедност и квалитет на водата за пиење (Службен весник на РМ, бр.183/18).Тагови: ЈП Водовод и канализација – Скопје Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
Други спортовиМинистерот Ристовски ги поздрави финалистите на 55.Меѓународен боксерски турнир „Златен гонг“Министерот за спорт Борко Ристовски заедно со градоначалничката на Општина Кисела Вода, Бети Стаменкоска Трајкоска, присуствуваше на финалните борби на јубилејното 55.издание на Меѓународниот боксерски турнир „Златен гонг“.Министерот за спорт Борко Ристовски заедно со градоначалничката на Општина Кисела Вода, Бети Стаменкоска Трајкоска, присуствуваше на финалните борби на јубилејното 55.издание на Меѓународниот боксерски турнир „Златен гонг“ што се одржа од 13 до 15 ноември во спортската сала „Расадник“ во Скопје во организација на Македонската боксерска федерација со поддршка од Министерството за спорт. Ристовски упати честитки за финалистите и за сите учесници на традиционалниот турнир и ја истакна важноста што има оваа спортска манифестација за македонското борење и за македонскиот спорт во изминатите пет и пол децении. На годинешното јубилејно издание на „Златен гонг“ настапија 89 боксери од 20 земји. Победничкиот пехар на јубилејното 55.издание на „Златен гонг“ му припадна на украинскиот боксер Јуриј Захариев. Во женска конкуренција најуспешна беше Шпанката Лаура Галино Лопез, додека признанието за најдобар македонски боксер го доби Алин Нусуфи.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter