Гордана Сиљановска Давкова утре во Охрид ќе биде домаќин на Процесот Брдо-Бриони, се очекуваат сите регионални претседатели на држави
2Гордана Сиљановска Давкова утре во Охрид ќе биде домаќин на Процесот Брдо-Бриони, се очекуваат сите регионални претседатели на држави
3Фудбалската федерација на Македонија и селекторот на македонската А репрезентација, Гоце Седлоски, спогодбено го раскинаа договорот
СветАнкета: Се разгорува битката за третото место на евроизборитеНа европските избори во јуни ќе се води неизвесна и тесна трка околу тоа која партиска група ќе биде трета по бројност во Европскиот парламент, покажуваат најновите резултати од истражувањето на јавното мислење на „Јуроп Електс“ објавени денеска.&nbСпоред оваа прогноза, либералната група „Да ја обновиме Европа“ би освоила четири дополнителни места во споредба со претходното истражување од крајот на февруари, со што би имал вкупно 86 мандати, надминувајќи ја за два десничарската Европски конзервативци и реформисти (ЕРЦ), која според оваа анкета би добила уште едно место достигнувајќи до 84 европратеници. Од друга страна, екстремно десничарската Идентитет и демократија би загубила три мандати, паѓајќи на 89. Од другите групации, десноцентристичката Европска народна партија (ЕПП) би добила еден мандат повеќе споредено со претходното истражување, достигнувајќи до 183 европратеници, додека Прогресивната алијанса на социјалистите и демократите (СД) би загубила пет места, сведувајќи се на 135 европратеници. Зелените и Левицата добиваат по едно место, со што би имале 50, односно 46 мандати. Гледано по земји, најдрастични промени има во Романија каде што екстремно десничарската Алијанса за унија на Романците (АУР) би освоила најмногу гласови и би добила 12 места во Европарламентот, како и во Германија каде екстремно десничарската Алтернатива за Германија (АФД) губи мандати за сметка на радикалната левичарска Алијанса на Сахра Вагенкнехт – Разум и правда (БСВ). Според ова истражување, АУР би ги надминала двете владејачки партии Социјалдемократската партија (ПСД) и десноцентристичката Национално либерална партија (ПНЛ), чија Влада на „големата коалиција“ е потресена од корупциски скандали. ПСД која е членка на СД би била втора и би освоила девет европратеници, а ПНЛ, кој е дел од ЕПП, би била трета со осум мандати. Инаку, ова би било првпат АУР да освои места во Европскиот парламент и таа во моментов не е дел од ниту една партиска група. Според партискиот лидер, Георге Симион, партијата би сакала по изборите да се приклучи на алијансата на Европските конзервативци и реформисти (ЕРЦ), предводена од италијанската премиерка Џорџа Мелони. Ваквиот развој на настаните би ја наметнала ЕЦР како фаворит за третото место по бројност во ЕП. Едно од ветувањата на Симион е дека ќе го „размрда Европскиот парламент“ и ќе се „бори против бирократите во Еврокомисијата“. Во Германија, пак, БСВ на Сахра Вагенкнехт, кој беше формирана лани во октомври од дисиденти од партијата Левица, привлекува се повеќе гласачи и тоа според истражувањата на сметка на АФД. Така од прогнозираните 22 европратеници во јануари, АФД во ова мартовско предвидување падна на 16 места, додека БСВ од јануарските три сега се искачи на осум мандати. За разлика од Левицата, која има традиционално левичарски ставови, БСВ има поконзервативни погледи за општествени прашања, што ја прави популарна меѓу десничарските и конзервативните гласачи, на што се должи и прелевањето на гласови од АФД на нејзина сметка. Дополнително, и БСВ и АФД имаат слични ставови во однос на миграцијата. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиДекларација по Самитот ЕУ – Западен Балкан: Преспанскиот договор и договорот со Бугарија да се почитуваат во добра волја08:39Мицкоски од Брисел: Доста е од билатерализација, да зборуваме за заслуги 20:50Мицкоски по завршување на Самитот ЕУ- Западен Балкан: Ќе се бориме за она што е наш аргумент20:01Мицкоски: Испорачавме сѐ што се бара од нас базирано на системот на заслуги, очекувам ЕК да го препознае тоа17:37Средба на претседателот Гаши со хрватскиот премиер Пленковиќ10:12
Декларација по Самитот ЕУ – Западен Балкан: Преспанскиот договор и договорот со Бугарија да се почитуваат во добра волја08:39
Мицкоски: Испорачавме сѐ што се бара од нас базирано на системот на заслуги, очекувам ЕК да го препознае тоа17:37
Рецепти„Гответе со Дракче“ - Омлет со зеленчукВо четврток (19.11.2026) во емисијата гостин ни бeше Антонио Тасевски.Состојки за денешниот рецепт: 4 јајца 1 главица кромид 1 домат 150 гр. свежи печурки 1 зелена лута пиперка 100 гр. кашкавал малки мајонез масло сол и др. зачини по избор Погледнете како се подготвува овој рецепт:Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиДекларација по Самитот ЕУ – Западен Балкан: Преспанскиот договор и договорот со Бугарија да се почитуваат во добра волја08:39Мицкоски од Брисел: Доста е од билатерализација, да зборуваме за заслуги 20:50Мицкоски по завршување на Самитот ЕУ- Западен Балкан: Ќе се бориме за она што е наш аргумент20:01Мицкоски: Испорачавме сѐ што се бара од нас базирано на системот на заслуги, очекувам ЕК да го препознае тоа17:37Средба на претседателот Гаши со хрватскиот премиер Пленковиќ10:12
Декларација по Самитот ЕУ – Западен Балкан: Преспанскиот договор и договорот со Бугарија да се почитуваат во добра волја08:39
Мицкоски: Испорачавме сѐ што се бара од нас базирано на системот на заслуги, очекувам ЕК да го препознае тоа17:37
МакедонијаТеодора Евтимовска-Бојковска е избрана нова судијка во Уставниот судТеодора Евтимовска-Бојковска е избрана на собраниската Комисија за прашања на изборите и именувањата за предлог за нова судијка во Уставниот суд. Нејзиниот избор следува по оставката на досегашниот уставен судија Гоце Наумовски, со што се пополнува испразнетото место во Судот. Евтимовска-Бојковска доаѓа од Основниот суд Гостивар, каде што за судијка е избрана во ноември 2008 година. Претходно работела како стручен соработник во Основниот суд Тетово, а во 2023 година Судскиот совет одлучил времено да ја упати на работа во овој суд, во период од една година. Предлогот за нејзин избор треба да помине и на пленарна седница во Собранието. Уставните судии се избираат со мандат од девет години, без право на повторен избор.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаГордана Сиљановска Давкова утре во Охрид ќе биде домаќин на Процесот Брдо-Бриони, се очекуваат сите регионални претседатели на државиУтре Охрид ќе биде домаќин на состанокот на лидерите на земјите учеснички во Процесот Брдо-Бриони.Утре Охрид ќе биде домаќин на состанокот на лидерите на земјите учеснички во Процесот Брдо-Бриони, во организација на претседателката Гордана Сиљановска-Давкова заедно со претседателката на Република Словенија Наташа Пирц Мусар како и претседателот на Република Хрватска, Зоран Милановиќ. На состанокот ќе учествуваат претседателот на Албанија, Бајрам Бегај; претседавачката и членовите на претседателството На Босна и Херцеговина, Жељка Цвијановиќ, Денис Беќировиќ и Даријана Филиповиќ; претседателката на Косово, Јустина Широка-Пула; вршителот на должноста претседател на Србија, Александар Чупиќ и претседателот на Црна Гора, Јаков Милатовиќ. процесот Брдо-Бриони е регионална иницијатива воспоставена во 2013 година со цел европска интеграција на земјите од Западен Балкан и стабилизирање на состојбите преку јакнење на регионалната соработка и решавање на отворените прашања.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиДекларација по Самитот ЕУ – Западен Балкан: Преспанскиот договор и договорот со Бугарија да се почитуваат во добра волја08:39Мицкоски од Брисел: Доста е од билатерализација, да зборуваме за заслуги 20:50Мицкоски по завршување на Самитот ЕУ- Западен Балкан: Ќе се бориме за она што е наш аргумент20:01Мицкоски: Испорачавме сѐ што се бара од нас базирано на системот на заслуги, очекувам ЕК да го препознае тоа17:37Средба на претседателот Гаши со хрватскиот премиер Пленковиќ10:12
Декларација по Самитот ЕУ – Западен Балкан: Преспанскиот договор и договорот со Бугарија да се почитуваат во добра волја08:39
Мицкоски: Испорачавме сѐ што се бара од нас базирано на системот на заслуги, очекувам ЕК да го препознае тоа17:37