Анѓушев,Сугарски и Асани во близина на Черкезе , каде товарен воз излизга од шините

Владата ги презема потребните мерки за санирање на состојбите и брзо оспособување на железничкиот коридор 10, беше речено при извршениот увид.

Заменикот на претседателот на Владата задолжен за економски прашања Кочо Анѓушев, министерот за транспорт и врски Горан Сугарески, директорот на Железници инфраструктура Ирфан Асани и претставници од јавното претријатие Железници на Република Северна Македонија ја посетија локацијата во бизина на кумановско Черкези, а каде товарен воз се излизга од шините, се наведува во соопштението од Владата.

Вицепремиерот Анѓушев истакна дека Владата во рамките на своите надлежности, ги презема сите активности во најкус временски рок да се заврши увидот, а потоа ќе се преземат сите мерки потребни за брзо санирање на железничката пруга и повторно оспособување на железничкиот коридор 10.

„Во моментот увидните екипи вршат увид, да видиме која е причината за ваквиот настан, но она што е среќна околност во сето ова да нема повредени и нема жртви. Тоа е најсреќната околност во сета несреќа. Има материјална штета која што е причинета и која што е евидентна позади нас и која што ќе се утврди дополнително. Причините за овој настан ќе ги утврдат увидните екипи кои што се составени од групи од Железници транспорт и Железници инфраструктура на кои што им асистираат од крим техника од Министерството за внатрешни работи, се разбира и од Основното обвинителство. Ние како Влада ќе направиме се што е во наша моќ, да пред се прво, колку што може побрзо биде завршен увидот, се надеваме дека тоа ќе биде во текот на денешниот ден и ноќта, а од утре веќе да почне санација на колосекот за да може повторно да се постави транспортниот правец север–југ односно коридорот 10 кој што во моментов ќе биде во застој. Ги правиме сите подготвителни активности, после завршување на увидот да може да се отстранат вагоните кои што се хаварисани од коловозот, а после тоа, Железници инфраструктура е подготвена во најбрз можен рок, во рок од 24 часа да ја санира пругата за да може да се воспостави повторно сообраќајот“, потенцираше Вицепремиерот Анѓушев за време на изјавите за медиумите.

Министерот за транспрт и врски потврди дека во несреќата нема повредени лица и дека е предизвикана определена материјална штета, а дополни дека ќе се работи на брзо расчистување на локацијата и оспособување на пругата

„Владата целосно стои за да помогне во целокупната несреќа, која што за среќа нема човечки жртви и од наша страна, заедно со двете претпријатија, кои што сега ме информираа целосно околу она што ќе го направат, после комплетното завршување на сиот увид, бидејќи дел од дејствијата не можат да се направат додека не заврши увидот од страна на комисиите и се разбира од страна на МВР и ОЈО, меѓутоа по завршениот увид, целосно ќе влезат во функција во делот на отстранување на вагоните и во делот на санирање на пругата. Така да, од наша страна, тоа го кажавме и со вицепремиерот, ќе застанеме комплетно за колку што може ова побрзо да се санира и се разбира да се оспособи железничкиот сообраќај во овој дел“, рече министерот Сугарески.

Ирфан Асани, директорот на Железници инфраструктура појасни дека останатиот дел од железницата на релација Скопје-Куманово-Табановце е во добра кондиција, а кусата делница на пругата која е во моментов надвор од употреба може брзо да биде санирана по расчистување на локацијата.

„Екипите од Инфраструктура транспорт заедно со други надлежни лица од останатите институции работат на терен и во најкраток можен рок, ќе излезат со објаснување за тоа што се случи. Паралелно се работи и на расчистување на пругата и ние како Инфраструктура сме спремни, во најкраток можен рок да ја расчистиме и за максимален период од 24 часа пругата повторно да биде пуштена во употреба“, изјави Ирфан Асани.

Фото: Манекенка во супер провокативен фустан

Најпровокативното издание на убавата манекенка: И ова е фустан?

Прославата на 60-тиот роденден на реномираниот магазинот „Sports Illustrated Swimsuit“ се одржа во хотелот Хард Рок во Њујорк, а многу познати ѕвезди не ја пропуштија можноста гордо да продефилираат во своите комбинации.

Покрај русокосата Кејт Аптон, на листата на гости на елитната забава се најде уште едно име од светот на модната индустрија. Станува збор за манекенката Брукс Надер, која за оваа прилика облече провокативен фустан кој покажува повеќе од потребното.

Убавата Брук на забавата на магазинот без проблем одлучила да го покаже своето голо тело, фустанот посебно не можел да ги покрие нејзините бујни голи гради.

„Тинекс“ го прослави 30-годишниот јубилеј на својата компанија.

На 16ти мај, со големо задоволство и гордост „Тинекс“ го прослави 30-годишниот јубилеј на својата компанија.

Пред три децении, кога првично ја отворија својата прва продавница во населбата „Карпош 3“, со само 15 вработени, малкумина веруваа дека ќе бидат компанија каква што се денес, но, со упорност, посветеност и визија успеаа.

Визијата на нивната компанија е да бидат ланец на маркети во кои луѓето ќе препознаваат квалитет, искрен однос, ќе сакаат да купуваат и да работат.

Нивната мисија е да бидат дел од секојдневието на потрошувачите, како најдобар ланец маркети во Македонија кој им нуди најголема вредност на потрошувачите, секојдневно надминувајќи ги нивните очекувања.

Сега, по 30 години, се на пат да ја надминат својата визија. Станаа синоним за силна, професионална и одговорна македонска компанија. Нивното семејство расте, нивните услуги и продукти се прошируваат, а нивната посветеност кон своите потрошувачи е сѐ посилна и поголема.

Тинекс им благодари на сите вработени, пријатели и соработници кои со својата посветеност и умешност го изградија „Тинекс“ од самите негови почетоци.

Човекот што го донесе Југото во Америка претставува револуционерен електричен автомобил

Електричното возило со три тркала има, благо кажано, неконвенционален дизајн.

Американскиот автомобилски визионер е одговорен за низа деловни потфати кои имаа значително влијание врз светската автомобилска индустрија, сега претставува револуционерен електричен модел.

Станува збор за Малколм Бриклин, личноста која го донесе Субару во Америка, но и ја овозможи југословенската „зделка на векот“.

Во осумдесеттите, Бриклин успешно го пласираше Југото во Америка, а потоа најде партнер во Кина, брендот „Chery“.

Иако бизнисот не им одеше најдобро на Кинезите, тоа овозможи создавање на „Visionary Vehicles“, кои функционираат и денес.

По воведувањето на санкциите против Југославија во раните деведесетти и напуштањето на Југо, Бриклин, како експерт по електротехника, одлучи да развие електричен автомобил.

Соработувал со сериозни играчи и започнал со производство на електричен велосипед, но бизнисот пропаднал поради преголемата цена, која била околу 1.400 до 1.900 долари. Сепак, електричниот сон преживеа. Пристигна „Bricklin 3EV“.

Првите контури на возилото оживеаја во форма на концепт во 2020 година, а сега е време да се тестира прототипот. Станува збор за електрично возило со три тркала кое во најмала рака има неконвенционален дизајн.

Не личи на „SV-1“, спортскиот автомобил што Бриклин го произведуваше во 1970-тите. Според достапните податоци, „3EV“ има еден електричен мотор, батерии сместени во средината и опсег од 440 km.

Се вели дека автомобилот е дизајниран од луѓе со искуство во создавање тркачки автомобили. Уште поимпресивна е богато опремената внатрешност, вклучувајќи напредни системи за помош на возачот.

Сепак, она што е особено изненадувачки е најавената цена од 28.980 долари.

Пред овој проект има многу прашања, па се уште не се познати техничките карактеристики, конечниот дизајн на сериското возило и датумот на почетокот на производството.

Без сомнение, ова е уште еден амбициозен проект, зад кој се уште стои активен 85-годишен визионер, за кој многумина искрено би сакале да успее./МИА

притисни ентер