Совети околу тироидната жлезда - Канал 5

Совети околу тироидната жлезда

Тироидната жлезда е одговорна за лачењето хормони коишто регулираат многу од витални телесни функции.

Совети околу тироидната жлезда

А, доколку таа не функционира правилно, може да доведе до нерамнотежа на хормоните, што, на пр., предизвикува повеќе замор, болка и лошо расположение.

Хипертироидизам е состојба каде што тироидната жлезда произведува премногу хормони, а хипотироидизам е она кога се лачат премалку хормони. Зголемената жлезда може да се манифестира и како оток на вратот. Овој оток е обично безболен, но може да предизвика кашлање и отежнато зборување. Говорејќи за овие состојби, жените имаат поголема веројатност да ги добијат, отколку мажите. Во таа смисла, лекарите откриваат на кои симптоми посебно треба да се внимава.

Заморот и болките во мускулите се вообичаени знаци дека можеби имате болест на тироидната жлезда, како и чувствителност на топло - студено. Тоа е така поради послабото функционирање на тироидната жлезда.

А, тоа пак, понекогаш предизвикува и депресија кај многу луѓе. Натаму, според стручњаците, постарите луѓе со недоволно активна тироидна жлезда, може да бидат изложени на поголема опасност од губење на помнењето, додека децата може да доживеат побавен развој до пубертетот.

„Болеста на тироидната жлезда може да влијае на секого, но таа е почеста кај жените отколку кај мажите и обично се јавува на возраст од 20 до 40 години. Генетиката исто така игра голема улога, а истражувањето од ‘Веривел’ посочува дека приближно 64 насто од хормони што ја стимулираат тироидната жлезда се генетски предодредени, што би значело дека ако имате близок член на семејството со ова нарушување, и Вие сте изложени на зголемен ризик“, според сознанијата на Националната здравствена служба на Велика Британија.

Меѓутоа, ако во семејството има историја на болести како што се анемија или лупус, тоа, исто така, може да значи поголема изложеност на болести на тироидната жлезда. Тука спаѓа и дијабетес тип 1. Во оваа смисла, фактор на опасност е и навиката на пушење. Откажувањето од цигарите може да го намали ризикот од заболување на тироидната жлезда бидејќи тие содржат токсини што ја менуваат работата на самата жлезда.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Принцот Хари го изгуби големиот судски спор против Дејли Меил

Британски Принцот Хари, војводата од Сасекс и други истакнати јавни личности ја загубија тужбата против „Асошиејтед њузпејперс“, издавачот на „Дејли Меил“, во Високиот суд во Лондон во вторник, спорот беше за наводно нелегално собирање информации.

Принцот Хари го изгуби големиот судски спор против Дејли Меил

Хари, кој беше во Велика Британија во времето на пресудата, покрена неколку правни постапки против одредени британски медиуми, обвинувајќи ги за злоупотреба на моќ и нарушување на приватноста.

Елтон Џон, исто така, поднесе тужба

Нему му се придружија и други познати личности, вклучувајќи го и музичарот Елтон Џон, кои поднесоа тужба против издавачот на „Асошиејтед њузпејперс“, тврдејќи дека десетици статии објавени во „Дејли Меил“ и „Мејл он Сандеј“ од 1990-тите до 2011 година се засновани на информации добиени нелегално.

„Асошиејтед њузпејперс“ ги отфрлија обвинувањата, нарекувајќи ги клеветнички, а Високиот суд во Лондон ги отфрли тврдењата во целост. Компанијата ја опиша пресудата како „убедлива победа“ за „Дејли Меил“ и неговите новинари.

Извор: Индекс.хр

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

По нападот во Ормускиот теснец, пристигна порака од Израел

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху денес изјави дека Израел ќе ја заштити слободата на пловидба и безбедноста на поморските трговски патишта.

По нападот во Ормускиот теснец, пристигна порака од Израел

„Поставив едноставна цел. Целта на морнарицата, но и на Израел, е да ги обезбеди морските линии и слободата на поморската трговија, кои се од витално значење за Државата Израел“, рече Нетанјаху за време на посетата на поморската база во Хаифа, објавува „Тајмс оф Израел“.

Неговата изјава дојде, според израелскиот портал, во време кога Иран продолжува да напаѓа танкери во Ормускиот теснец, а јеменската бунтовничка група Хути, која е поддржана од Иран, упатува нови закани до израелските бродови во Црвеното Море.

Британската агенција за поморски трговски операции (UKMTO) претходно денес објави дека танкер бил погоден од неидентификувана ракета додека пловел низ Ормускиот теснец.

Индиректните разговори меѓу САД и Иран, одржани минатата недела во катарскиот главен град Доха, завршија без никаков значаен напредок по прашањето за Ормускиот теснец.

Иран ги предупреди бродовите да не минуваат низ Ормускиот теснец преку јужната рута во оманските води, нагласувајќи дека секое поминување низ водниот пат мора да биде координирано со иранската војска.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Француски суд: Ле Пен може на претседателските избори, но ќе носи електронска алка

Апелацискиот суд во Париз ја потврди пресудата на Марин Ле Пен за злоупотреба на средства од Европскиот парламент, но ја скрати нејзината забрана за вршење јавна функција, со што ѝ го отвори патот повторно да се кандидира на претседателските избори.

Француски суд: Ле Пен може на претседателските избори, но ќе носи електронска алка

Лидерката на крајната десница, сега може да учествува на изборите следната година, но под услов да носи електронска нараквица една година, што претходно изјави дека не го прифаќа. Судот ѝ изрече тригодишна затворска казна – две години условно и една година со електронски надзор. Ле Пен се кандидираше за претседател три пати. Таа стана главен ривал на Емануел Макрон, откако двапати се кандидираше и два пати загуби од него.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер