Ангеловска: Да се зачуваат што повеќе работни места, а товарот од кризата да го понесеме сите

Официјалните бројки што беа од страна на Агенцијата за вработување се дека  за 9.000 се зголемил бројот на невработени. 

Министерката за финансии Нина Агеловска очекува измените на владината Уредба за користење субвенции за исплата на плата во приватниот сектор да резултираат со враќање на дел од отпуштените работници, за што точниот број ќе се знае заклучно со 7-ми месецов, кога завршува рокот за аплицирање за финансиската поддршка од државата. Останува на ставот дека товарот од кризата треба да го понесе и јавниот сектор.

За точниот број лица кои останале без работа упатува на официјалните бројки на Агенцијата за вработување од каде регистрирале дека има зголемување на бројот на невработени за 9 000.

– Официјалните бројки што беа од страна на Агенцијата за вработување се дека за 9.000 се зголемил бројот на невработени. Треба да ги гледаме официјалните бројки на Агенцијата за вработување затоа што се работи за дневни флуктуации. Ако се зборува за одјави и пријави значи на дневно ниво во нормални услови секогаш се случува едно лице денеска да е одјавено, му истекол договорот, утре повторно е пријавено и затоа се гледа зголемувањето на бројот на невработени којшто беше искомунициран дека се работи за околу 2.000 лица во март и околу 7.000 лица во април, рече Ангеловска, одговарајќи на новинарско прашање за вкупниот број лица кои поради кризата со Ковид -19 ја изгубиле работата.

Таа истакна дека целта на последната промена на условите за добивање субвенции за исплата на плата беше меѓу другото да можат сите погодени дејности да вратат дел од работниците кои ги одјавиле во тек на кризата.

– Во однос на вкупниот број лица кои би биле вратени на работното место, за што рокот е до петок ќе следиме со Агенцијата за вработување и ќе информираме точно колку од овие кои биле одјавени од 10 март до 30 април ќе бидат вратени со спогодба на работните места до 7 мај бидејќи трае процесот и за тоа навреме ќе информираме. Наша заложба и цел со оваа Уредба е секако што повеќе да се зачуваат работните места и да се вратат работниците на работните места бидејќи е важно и за овој период и за периодот што следи затоа што целта е секако работниците да бидат продуктивни, компаниите да можат брзо да се опорават кога ќе ги имаат на работните места наспроти да го загубат работното место и потоа добиваат помош од државата, укажа Ангеловска.

Прашана дали смета дека треба да има намалување на платите во јавната администрација Ангеловска повтори дека сите треба да понесат товар од аспект на кризната состојба во која се наоаѓаме, но оти Владата е колективен орган и ќе известат за одлуките што ќе се донесат.

-Дел од товарот го носат и работниците од приватниот сектор кои можеби овој период имаат намалени плати или кои загубиле работа и ако сето тоа го имаме предвид и ако ги имаме предвид мерките што значеа и намалување на работните активности на администрацијата, односно работат од дома преку еден ден која што се имплементираше, јас кажав дека сметам оти товарот треба да го понесеме сите. Од финансиски аспект се спроведе кратење во однос на реалокации помеѓу буџетски корисници со цел да се овозможат средства за реализација на мерките, бидејќи треба да го помогнеме приватниот сектор, којшто ги генерира даночните приходи кои се паднати за 31 отсто, а тие приходи се користат за да се исплатат обврските меѓу кои и платите на јавната администрација. Ако сето тоа го имаме предвид јас го кажав мојот став, меѓутоа секако Владата е колективен орган, носи заеднички одлуки и во однос на понатамошните случувања околу тоа секако дека ќе информираме, рече Ангеловска.

Таа денеска на прес-конференција ги претстави најновите проекции на Министерството за финансии за забавувањето на економјата поради кризата со Ковид -19, според кои БДП ќе се намали за 3,4 проценти. Буџетските приходи во април се намалени за 20 проценти, но како што оцени работите засега се одвиваат пдобро од проектираното сценарио на Министерството за финансии.

Ким Џонг-ун надгледуваше пробно истрелување ракети и изрази задоволство од прецизноста

Ким Џонг-ун надгледуваше пробно истрелување ракети и изрази задоволство од прецизноста и досегот.

Севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун вчера го надгледуваше пробното истрелувањето ракети од 240 милиметри од повеќецевни лансири, произведени од новоформираната фабрика на воената индустрија, објави денеска агенцијата КЦНА.

Севернокорејската агенција не даде повеќе детали за фабриката. Се верува дека Северна Кореја го зголемува производството на артилерија, а САД и Јужна Кореја ја обвинуваат дека ја снабдува Русија со оружје.

Пробното истрелување покажа дека ракетите ги исполнуваат потребните стандарди за точност и досег, соопшти КЦНА.

Ким изјави, пренесе КЦНА, дека повеќецевниот ракетен систем, што вклучува нова технологија, „ќе донесе стратешка промена во зајакнувањето на артилериските способности на војската“.

Одреден притвор за украинскиот министер за земјоделство Микола Солски

Украинскиот суд денеска му одреди притвор на министерот за земјоделство на Украина, Микола Солски, кој е обвинет дека е вмешан во незаконско купување државно земјиште .

Украинскиот суд денеска му одреди притвор на министерот за земјоделство на Украина, Микола Солски, кој е обвинет дека е вмешан во незаконско купување државно земјиште во вредност од околу седум милиони долари.

Судијата му одреди кауција на Солски во износ од 1,9 милиони долари, пренесува Ројтерс.

Солски ги негира наводите, кои се однесуваат на набавки од 2017 до 2021 година, пред да стане министер за земјоделство во март 2022 година.

Солски поднесе оставка во четвртокот, но технички останува на функцијата додека парламентот не го разгледа неговото барање за оставка.

Тој е првиот украински министер осомничен за корупција откако украинскиот претседател Володимир Зеленски беше на власт.

Националното биро за борба против корупцијата соопшти дека обвинението се однесува на шема за стекнување сопственост на државно земјиште во вредност од 7,35 милиони американски долари.

Како што е наведено, земјиштето наводно незаконски им било одземено на две државни фирми и им било предадено на бранителите под услов да го дадат под закуп на одредени приватни фирми.

Солски и неговиот адвокат на сослушувањето во четвртокот рекоа дека тој нема корист од таквата шема.

Солски по ова обвинение може да се соочи со затворска казна до 12 години.

„Македонисимо“ на Симон Трпчески и пријателите пред софиската публика

Меѓу присутните беа и бугарскиот министер за култура, прославениот диригент Најден Тодоров, како и македонската амбасадорка во Бугарија, Агнеса Руси Поповска.

По балканската премиера на оркестарската верзија на проектот МАКЕДОНИСИМО на Симон Трпчески и пријателите што на сцената на македонските филхармоничари неодамна ја изведоа со Камерниот оркестар АЈГА и диригентката Ана Спасовска, исклучителното дело изнедрено од македонската традиционална музика низ перото на нашиот композитор Панде Шахов, синоќа (25 април) ја продолжи својата благородна мисија на сцената на салата „Бугарија“ во бугарската престолнина, со еден од водечките оркестри во регионов, софиската филхармонија.

Како што соопштува „КултурОп“, квинтетот МАКЕДОНИСИМО настапи во оригиналниот состав: Симон Трпчески на пијано, Хидан Мамудов на кларинет, саксофон и кавал, Александар Краповски на виолина, Александар Сомов на виолончело и Влатко Нушев на удиралки, заедно со Софиската филхармонија, под палката на исклучителната млада диригентка Ана Спасовска, која го имаше своето деби со познатиот бугарски оркестар. Долготрајните аплаузи од софиската публика беа наградени со три изведби на бис, а посебно одушевување предизвика гостувањето на познатата бугарска певица Александра Борисова која им се приклучи на музичарите на сцена.

Меѓу присутните беа и бугарскиот министер за култура, прославениот диригент Најден Тодоров, како и македонската амбасадорка во Бугарија, Агнеса Руси Поповска.

И додека следната квинтет-изведба на МАКЕДОНИСИМО е закажана за 9 јуни во Глазгов, Шкотска (како дел од резиденцијалниот циклус концерти на нашиот пијанист од светски глас со Кралскиот шкотски национален оркестар), Симон Трпчески до крајот на овој дел од сезоната го очекуваат и редовните концертни гостувања во САД, Велика Британија и Германија.

притисни ентер