Ангеловска-Бежоска: Ги поставивме зелените финансии како стратешка цел - Канал 5

Ангеловска-Бежоска: Ги поставивме зелените финансии како стратешка цел

Ги поставивме зелените финансии како стратешка цел и работиме на монетарни политики за нивно поттикнување.

Ангеловска-Бежоска: Ги поставивме зелените финансии како стратешка цел

Гувернерката на Народната банка Анита Ангеловска-Бежоска најавува дека од годинава централната банка ќе воспостави редовен систем на прибирање подетални податоци за зеленото финансирање, а ќе се спроведе и анкета која ќе даде одговор за свесноста на банките за ризиците од климатските промени врз нивното портфоли и за тоа дали планираат нови производи кои спаѓаат во зелени финансии.

Во интервју за „Марили", гувернерката посочува дека климатските промени веќе имаат видливи ефекти врз глобалната економија, а со тоа и врз финансискиот сектор и дека е неопходно носителите на политиките да му посветат поголемо внимание на ова прашање.

– Народната банка ги постави зелените финансии како стратегиска цел и работи на осмислување монетарни мерки за нивно поттикнување. Се размислува и за формирање „зелено" портфолио на хартиите од вредност во девизните резерви, а се планираат и насоки за банките за зелено финансирање и стрес-тестирање на банките на отпорноста на климатските промени, вели Ангеловска-Бежоска.

Гувернерката додава дека врз основа на анализата, следејќи ја европската практика, планираат да изготват насоки за работењето на банките во доменот на зелените финансии, вклучително и за транспарентното финансирање. За оцена на отпорноста на банкарскиот систем на климатските промени се планираат стрес-тестови, за што ќе биде неопходно засилување на институционалниот капацитет и на регулаторот, и на банките.

– Исто така, активно се работи на осмислување монетарни мерки коишто ќе го поттикнат зеленото финансирање, а во делот на управувањето со девизните резерви се размислува за формирање посебно „зелено" портфолио на хартии од вредност, посочува Ангеловска-Бежоска.

Додава дека според анкетните истражувања спроведени во 2021 година, 63 проценти од централните банки ги гледаат зелените финансии како дел од нивниот мандат, за разлика од 46 проценти во 2017 година.

– И ние, како централна банка, препознавајќи ги ризиците од климатските промени на долг рок, зазедовме проактивен став во општеството во врска со ова прашање. Од март 2021 година, станавме дел од Мрежата за зелени финансии во која членуваат централни банки и супервизорски тела, со што веќе сме дел од платформа преку којашто можеме да ги следиме, но и активно да се вклучиме во сите нови меѓународни иницијативи на ова поле, вели Ангеловска-Бежоска.

Во однос на тоа што може да направи банкарскиот систем во врска со влијанието на климатските промени, гувернерката истакнува дека клучно е попрецизното утврдување на поврзаноста на финансискиот сектор со одржливи и со неодржливи сегменти во економијата, како и вложувањето напори за сѐ позастапена „зелена" компонента во финансиите во економијата.

– Ова се однесува на домашните банки, коишто имаат голем финансиски потенцијал, но учеството на зелените кредити е сѐ уште ниско, или само 2,5 проценти од вкупните кредити. Околу една четвртина од овие кредити се финансирани преку наменски кредитни линии од меѓународните финансиски институции, коишто во натамошниот период исто така можат да имаат значајна катализаторска улога во овој сегмент, вели гувернерката.

Според неа, охрабруваат податоците добиени врз основа на информации од последните анкети на Народната банка, според кои околу 70 проценти од банките одобруваат кредити за проекти коишто имаат позитивно влијание врз животната средина, 43 проценти од банките имаат воспоставено и формален систем на идентификување зелени проекти, а учеството на зелените кредити иако е мало, сепак има тренд на раст.

– Ова покажува сѐ поразвиена свесност и кај банките за прашањето на одржливоста, а нивното сѐ поголемо насочување кон зелените финансии има двојна улога ‒ од една страна, ја подобрува структурата на економијата во целина, а од друга страна, ја јакне отпорноста на банкарскиот систем на овие ризици, оценува гувернерката на централната банка.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Уште еден успех на НУ Народен театар Битола, преполна сала за „Кориолан“ во Полска

Синоќа во преполната сала на театарот во Бјалисток, Полска, Народниот театар Битола ја изведе „Кориолан“ како дел од јубилејното 10. издание на меѓународниот театарски фестивал „Direction East“.

Уште еден успех на НУ Народен театар Битола, преполна сала за „Кориолан“ во Полска

Делото од Вилијам Шекспир, во режија и адаптација на Џон Блондел, и овојпат го привлече вниманието на публиката која ги награди актерите со долготрајни и стоечки аплаузи.

Секое гостување надвор од границите на нашата земја е повеќе од сценски настап – тоа е можност македонската култура да биде видена, слушната и препознаена. Секое учество на фестивал од меѓународен карактер отвора простор за размена на уметнички искуства, нови професионални контакти и идни соработки, а воедно го потврдува местото на Народниот театар Битола во современиот европски театарски простор.

„Токму преку ваквите гостувања, театарот станува културен амбасадор на својата земја – носејќи ги со себе јазикот на уметноста, креативноста на нашите уметници и приказните што ги поврзуваат различните култури“, истакнуваат од НТБ.

Оваа изведба во Полска, следуваше по гостувањата на „Охридско лето“, Shakespeare Fringe Festival во Верона и „Magical Nights in Butrint“ во Саранда.

Современата адаптација на безвременската трагедија на Вилијам Шекспир отвора актуелни прашања за власта, политичката одговорност и односот меѓу поединецот и општеството. Во претставата играат: Васко Мавровски, Петар Горко, Марјан Георгиевски, Борче Ѓаковски, Петар Спировски, Јулијана Мирчевска и Сандра Грибовска Илиевска. Асистент на режија е младиот уметник и режисер Дамјан Димовски, сценографијата и костимите се на Благој Мицевски, дизајн на светло: Џонатан Хикс, светло мајстор: Горан Петровски, музика: Александар Димовски, видео: Владимир Переловски, инспициент: Оливер Петровски. Суфлер: Мирјана Христовска.

Од Битола кон европските сцени – и овојпат со гордост НТБ го претстави македонскиот театар и понатаму продолжува да гради мостови преку уметноста.

Фото: Ивона Кочов

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Лишени од слобода две лица при претрес во Прилеп, пронајдена дрога

На 16.10.2026 во 14:17 часот, полициски службеници од ОВР Прилеп ги лишија од слобода И.П.(22) и С.Т.(19) двајцата од Прилеп. 

Лишени од слобода две лица при претрес во Прилеп, пронајдена дрога

Имено, врз основа на Наредба од Основен суд Прилеп, полициските службеници извршија претрес во домот на И.П., од Прилеп при што пронајдена и одземена е марихуана, а затекната била и С.Т., кај која при преглед била пронајдена прашкаста материја. По документирање на настанот ќе следува соодветен поднесок.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Акциска контрола за брзо возење – за шест часа констатиран 541 прекршок

За сите констатирани прекршоци преземени се соодветни мерки согласно законските прописи.

Акциска контрола за брзо возење – за шест часа констатиран 541 прекршок

На 15.10.2026 година, во периодот од 14:00 до 20:00 часот, на територијата на целата држава, Секторот за сообраќајни работи при Министерството за внатрешни работи спроведе зајакната акциска контрола насочена кон санкционирање на возачите кои управуваат возила со брзина поголема од пропишаната.

При спроведената контрола констатиран е вкупно 541 прекршок, од кои 250 се однесуваат на возачи кои ја пречекориле дозволената брзина надвор од населено место, додека 291 прекршок е констатиран во населено место.

Во текот на контролата констатирани се и 58 прекршоци од друг вид.

За сите констатирани прекршоци преземени се соодветни мерки согласно законските прописи.

Министерството за внатрешни работи продолжува со зајакнатите сообраќајни контроли на целата територија на државата и апелира до возачите да ги почитуваат ограничувањата на брзината и да го приспособат управувањето со возилата на условите на патот, со цел поголема безбедност на сите учесници во сообраќајот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер