ВМРО-ДПМНЕ: Двојните аршини на СДС, ДУИ и Таравари се потврдија во случајот со нивниот кандидат Валбон Лимани
2ВМРО-ДПМНЕ: Двојните аршини на СДС, ДУИ и Таравари се потврдија во случајот со нивниот кандидат Валбон Лимани
3 Стравот од летање мачи милиони патници – Оваа едноставна техника помага да се намали анксиозноста за време на летот
МакедонијаАнгелов: Продолжи затрупувањето во Дрисла, чадењето делумно намаленоПродолжуваат активностите за затрупување на делот од депонијата Дрисла од кој излегува чадење, кое според директорот на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС) стојанќе Ангелов е намалено, но се уште присутно. - Утрово со засилено темпо продолжи затрупувањето на делот од депонијата Дрисла од кој излегува чадењето а кој е со величина приближно колку фудбалско игралиште. Отворен оган не може да се забележи, чадењето е делумно намалено, но се уште присутно. Од она што можам да го забележам на лице место во депонијата Дрисла, двата земјени пристапни патишта кои во текот на вчерашниот ден беа изработени како насип низ заезерената површина од отпадни води длабока околу 1,5 метри, значително го олеснуваат пристапот до критичното место, информира во пишана изјава Ангелов. Според него, ангажирани се оптимален број на камиони, багери и булдожери и како што ќе се создаваат услови нивниот број ќе се зголемува. На дивата депонија Вардариште, како што соопштува, нема горење ниту чадење но и денес продолжува затрупувањето на критичниот канал во кој се одвиваше пожарот.Тагови: Дрисла Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
КултураХрицова: „Охридско лето“ е жив тестамент за моќта на културата Синоќешниот концерт на гудачкиот квартет при Државниот камерен оркестар „Жилина“ од Словачката Република, уште еднаш ја потврди оправданоста на годинешното мото на фестивалот „Охридско лето“.Синоќешниот концерт на гудачкиот квартет при Државниот камерен оркестар „Жилина“ од Словачката Република, уште еднаш ја потврди оправданоста на годинешното мото на фестивалот „Охридско лето“ дека „Уметноста трансформира - Уметноста е љубов“. Токму таков беше и настапот на членовите на овој состав, Роберт Копелман, прва виолина, Катерина Миронова , втора виолина, виолистот Александр Дјагилев и виолончелистката Дарја Земскаја. Со своето вдахновено музицирање, тие ги разбудија сите сетила кај љубителите на класичната музика кои го проследија концертот во црквата „Света Софија“. Концертот долго ќе се памети заради врвната интерпретација на Моцартовиот гудачки квартет бр.15, но и на дела од словачките композитори Јан Левослав Бела, Иља Зељенка и Еуген Сухон. Привлечната и убаво селектирана програма се одржа во рамки на Словачката вечер на „Охридско лето“ која се организира со поддршка на Амбасадата на Словачка Република во земјава. Амбасадорката на Словачката Република во РС Македонија, Ивета Хрицова, која првпат ја следи фестивалската програма откако минатата година е назначена на нејзината функција, нагласи дека концертот на уметниците од Словачката Република не е само уметничко доживување, туку, како што кажа, и почеток на уште поблиска соработка помеѓу двете држави. -Фестивалот „Охридско лето“ е многу повеќе од една вечер за нас . Тој е жив тестамент за моќта на културата која ги дефинира луѓето, нациите и генерациите. Фестивалот е место каде што се среќаваат различни уметнички традиции, нагласи амбасадорката Хрицова. Гудачкиот квартет на Државниот камерен оркестар „Жилина“ (ШКО Жилина) е основан во 2024 година и оттогаш настапил на бројни концерти и значајни општествени настани, успешно претставувајќи висок уметнички квалитет и интересна драматургија, како во Словачка, така и во странство.Членовите на ансамблот настапуваат не само како камерен состав туку и одделно, како солисти со оркестарот во рамките на претплатничката сезона на ШКО Жилина.Концерт мајстор на ШКО Жилина е Роберт Копелман кој потекнува од Братислава од познато музичко семејство. Тагови: Охридско лето Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаВМРО-ДПМНЕ: Двојните аршини на СДС, ДУИ и Таравари се потврдија во случајот со нивниот кандидат Валбон ЛиманиНаместо јасни одговори и преземање одговорност за скандалот со водата во Гостивар, јавноста е сведок на двојните аршини од страна на СДС, ДУИ и Таравари кога станува збор за нивниот кандидат Валбон Лимани.Воедно, Лимани јавно изјави дека не чувствува никаква одговорност, а оние што секојдневно зборуваат за отчетност, СДС, ДУИ и Таравари остануваат неми. Наместо да побараат одговорност од својот кандидат, избираат да молчат. Тоа е уште една потврда дека за овие политички партии принципите важат само кога треба да се напаѓаат политичките противници. Кога станува збор за нивните функционери, тогаш нема ниту критика, ниту барање за оставка, ниту преземање одговорност. Граѓаните на Гостивар заслужуваат вистината да биде целосно расветлена и секој што има одговорност да ја понесе, без разлика на политичката припадност. Институциите и избраните функционери мора да бидат одговорни пред граѓаните, а не заштитени од партиски интереси. Затоа, очекуваме СДС, ДУИ и Таравари јавно да кажат дали го поддржуваат ставот на Валбон Лимани дека никој не треба да сноси одговорност за скандалот со водата или, конечно, ќе застанат на страната на граѓаните и ќе побараат отчетност. Граѓаните заслужуваат отчетност, транспарентност и ефикасно решавање на проблемите. Тоа треба да биде единствениот приоритет на сите избрани и именувани функционери. Со почит, Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаСДСМ: За масовното труење во Гостивар мора да има оставки, политичка и кривична одговорностВо Гостивар се случи масовно труење на граѓаните. Институциите и целиот здравствен систем целосно потфрлија во својата основна обврска – да го заштитат здравјето на луѓето. За овој скандал мора да има и политичка и кривична одговорност. Граѓаните имаат право да ја знаат целата вистина: што точно се случило, зошто труењето не било спречено, каде затаиле институциите и зошто илјадници луѓе биле оставени да пијат загадена вода. Загадувањето на водата започнало уште на 25 јуни. Тоа значи дека цели 22 дена гостиварчани пиеле загадена вода, а надлежните институции не презеле ништо. Зошто Центарот за јавно здравје не вршел редовни анализи на водата? Првите пациенти биле регистрирани на 13 јули, по што секој ден се пријавувале по околу 200 нови случаи. Зошто никој навреме не го истражил наглото зголемување на бројот на заболени? Првите детални препораки од Институтот за јавно здравје биле објавени дури на 18 јули – пет дена по појавата на првите пациенти. Уште поскандалозно е што само три дена пред да се утврди дека гостиварчани пиеле контаминирана вода, Центарот за јавно здравје издал извештај дека водата е безбедна за пиење. Наместо брза реакција, итна координација и навремено информирање на јавноста, се случија хаос, молк и целосен институционален колапс. Здравствените власти не побараа навремено испитување на водата и не презедоа итни мерки за заштита на населението. Наместо нив, по допрен глас постапувало Обвинителството. Но Обвинителството тактизираше додека епидемијата се ширеше. Резултатите од анализите се криеја зад „тајноста на истрагата“, додека лекарите и граѓаните не знаеја со што се соочуваат. Цената ја платија граѓаните со своето здравје. Денес повеќе од 3.000 граѓани на Гостивар се регистрирани со симптоми на труење, а уште многу други се лекуваат во домашни услови. СДСМ бара итно да се утврди целиот синџир на одговорност – од локалните институции до министерот за здравство. Бараме итни и неотповикливи оставки од: • Министерот за здравство Сашо Клековски; • Директорката на Институтот за јавно здравје Марија Андоновска; • Директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство Оливер Миланов; • Одговорните лица во надлежните центри за јавно здравје; Мицкоски треба да прекине да ги штити. Јавното здравје е над секој функционер. Одговорност мора да има! СДСМКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook