Ангел Димитров: Инцидентите влијаат на билатералните односи, но не и на работата на Комисијата - Канал 5

Ангел Димитров: Инцидентите влијаат на билатералните односи, но не и на работата на Комисијата

Инцидентите како последниот со бугарскиот клуб во Охрид влијаат на билатералните односи, но не и на работата на Комисијата.

Ангел Димитров: Инцидентите влијаат на билатералните односи, но не и на работата на Комисијата

Инцидентите како последниот со кршењето на стаклото на бугарскиот културен клуб „Цар Борис Трети“ во Охрид влијаат на билатералните односи, но не и на работата на Исторската комисија, бидејќи ние имаме свој научен пристап за решение на проблемите, изјави денеска во Скопје копретседавачот на бугарскиот тим историчари Ангел Димитров пред почетокот на новата средба на Заедничката мултидисциплинарна експертска комисија за историски и образовни прашања меѓу Македонија и Бугарија.

– Тоа е еден брутален чин на омраза, додаде Димитров, во одговор на новинарско прашање за коментар за синоќешниот инцидент во Охрид.

Во однос на темите на средбата, што денеска и утре ќе се одржува во Скопје, тој посочи дека тоа се истите кои разговараат со македонските колеги на последните неколку средби.

– Тоа значи дека нема напредок, а дали ќе има ќе видиме денеска. Оптимист сум и секогаш очекувам нешто добро, рече Димитров.

Се очекува на средбата во Скопје историчарите да дебатираат за учебниците по историја за 7-мо одделение и за Гоце Делчев.

Заедничката македонско-бугарска Комисија за историски прашања на 15 август усвои и објави препораки кои се однесуваат на подобрување на учебниците по историја за 6-то одделение во Македонија и 5-ти клас во Бугарија, како и препораки за заедничко чествување на личности од средниот век – Св. Кирил и Методиј, Св. Климент, Св. Наум и Цар Самоил.

Тие препораки се усвоени од страна на Заедничката меѓувладина комисија формирана согласно со Договорот за пријателство, добрососедство и соработка меѓу Република Македонија и Република Бугарија.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Австралија нареди отстрел на ајкула поради напад, потрагата по телото на пливачот продолжува

Мажот кој вчера наутро загина во напад од ајкула на плажата Соренто во Перт, Австралија, е идентификуван како 63-годишниот Грег О'Нил. 

Австралија нареди отстрел на ајкула поради напад, потрагата по телото на пливачот продолжува

Тој пливал близу до брегот кога бил нападнат од голема бела ајкула. ​​

Неговото семејство го опиша како посветен татко и сопруг и голем љубител на океанот, пренесува ABC News.

„Нашето семејство е длабоко потресено и скршено од ужасната трагедија во која животот го загуби еден татко, иден дедо, брат, вујко, сопруг и пријател – Грег Џејмс О'Нил“, се вели во соопштението на семејството.

„Тој беше великодушен и посветен семеен човек кој на своите деца им пружаше огромна љубов, внимание и можности. Грег го сакаше океанот и беше страстен пливач, љубител на спортот, посветен работник и, пред сè, великодушен и духовит човек. Длабоко сме благодарни за сите изрази на сочувство и поддршка што ги добивме.“

Министерката за рибарство на Западна Австралија, Џеки Џарвис, издаде налог за фаќање и убивање на ајкулата. Сепак, таа нагласи дека не смета оти е соодветно да се спроведе поширока акција за нивно истребување по овој инцидент.

Плажите во северните предградија на Перт и денес остануваат затворени додека продолжува потрагата по ајкулата и по телото на жртвата, О'Нил.

Министерката Џарвис објаснила дека одлучила да издаде налог за уништување откако полицијата успеала да ја идентификува ајкулата пред таа да отплива.

„Ја донесов одлуката земајќи ги предвид вонредните околности на нападот, опасноста што ја претставуваше таа ајкула и можноста за прибирање докази за истрагата на судскиот вештак“, изјави Џарвис.

Џарвис забележува дека ова е првпат по десет години во Западна Австралија да се издаде налог за фаќање и убивање ајкула, но нагласува дека масовното истребување на големите бели ајкули не е решение во овие околности. „Големите бели ајкули се меѓународно заштитеен вид. Тоа не значи дека ќе ги истребиме сите грабливци во океанот. Не сакам да им давам на луѓето лажно чувство на сигурност, бидејќи е невозможно целосно да се елиминира секој ризик“, изјави таа.

Досегашната стратегија на Западна Австралија се потпираше на обележување и следење на ајкулите, апликации за предупредување, сирени, заштитни мрежи и лични уреди за одвраќање на ајкули. Министерката најави дека владата ќе ги преиспита постоечките мерки.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Путин: Русија нема агресивни намери кон Европа

Русија нема агресивни намери кон Европа и е подготвена да ги обнови односите и да соработува со своите европски соседи, изјави рускиот претседател Владимир Путин.

Путин: Русија нема агресивни намери кон Европа

Говорејќи на состанокот на Воено-индустриската комисија во петокот, Путин обвини одредени европски лидери дека се подготвуваат за војна со Русија и тврдеше дека тие ги користат конфликтот во Украина и наводната руска закана за да ги оправдаат своите политики.

„Сакам уште еднаш да нагласам: Русија нема агресивни намери кон Европа или кон европските земји“, истакнал Путин. „За тоа едноставно нема никаква основа. Подготвени сме за соработка и за обновување на односите со нашите европски соседи.“

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Мицкоски: Работни средби во Вашингтон.

-Работни средби во Вашингтон.

Мицкоски: Работни средби во Вашингтон.

Со јасен план за посилна и просперитетна Македонија, напиша на својот профил на Фејсбук, премиерот Христијан Мицкоски кој со владина делегација е на работни средби во САД.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер