Божиновска со државниот секретар на Северна Рајна-Вестфалија Кристијан Вирмер: Размена на искуства за енергетската трансформација
2Божиновска со државниот секретар на Северна Рајна-Вестфалија Кристијан Вирмер: Размена на искуства за енергетската трансформација
Западнонилска треска: 36 потврдени и два веројатни случаи, во тек е СМС-кампања за информирање на населението
1Западнонилска треска: 36 потврдени и два веројатни случаи, во тек е СМС-кампања за информирање на населението
Шоу бизАнџелина Џоли за состојбата во Украина: Значењето на овој момент не може да се потцениАнџелина Џоли се огласи на Инстаграм за ситуацијата во Украина.„Како и многумина од вас, и јас се молам за народот на Украина. Мојот фокус, како и фокусот на моите колеги, е да направам се` што е можно за да се обезбеди заштита и основни човекови права на раселените лица и бегалците во регионот“, напишала актерката. View this post on Instagram A post shared by Angelina Jolie (@angelinajolie) „Веќе видовме извештаи за жртви и луѓе кои почнаа да ги напуштаат своите домови барајќи безбедност. Прерано е да се знае што ќе се случи, но значењето на овој момент не може да се потцени“, додаде таа.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиЗападнонилска треска: 36 потврдени и два веројатни случаи, во тек е СМС-кампања за информирање на населението15:00Ангелов: Нема опасност по селото Крушевица во прилепскиот регион,ноќеска го изгаснавме огнот околу селото08:31Западно-нилската треска одзема уште еден човечки живот15:00Муцунски: Амбасадорскиот совет во Скопје – стратешка координација за силна и активна македонска дипломатија12:19Армијата го слави 34. роденден08:35
Западнонилска треска: 36 потврдени и два веројатни случаи, во тек е СМС-кампања за информирање на населението15:00
Ангелов: Нема опасност по селото Крушевица во прилепскиот регион,ноќеска го изгаснавме огнот околу селото08:31
Муцунски: Амбасадорскиот совет во Скопје – стратешка координација за силна и активна македонска дипломатија12:19
Црна хроникаКривична пријава против тројца скопјани за „насилство“ и „изнуда“На 17.08.2026 околу 15:20 часот на подрачјето на општина Аеродром, поради претходно нерасчистени должничко-доверителски односи, физички нападнале 28-годишен скопјанец и упатувале закани кон него и неговото семејство.Единицата за насилен криминал-Одделение за насилен криминал при СВР Скопје во координација со ОЈО Скопје поднесе кривична пријава по итна постапка против В.А.(26), Д.А.(27) и С.С., тројцата од Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „изнуда“ и „насилство“ по член 258 и член 386 од Кривичниот законик. На 17.08.2026 околу 15:20 часот на подрачјето на општина Аеродром, поради претходно нерасчистени должничко-доверителски односи, физички нападнале 28-годишен скопјанец и упатувале закани кон него и неговото семејство. По преземени мерки обезбедени се В.А. и Д.А., а против С.С. е распишан централен распис. Исто така, обезбеден е и доказен материјал. В.А. и Д.А. се изнесени пред судија за претходна постапка, кој на В.А. му одреди 30 дена мерка домашен притовр, на Д.А. му се одредени мерки за претпазливост, а на С.С. му е одредена мерка притвор во отсуство.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаБожиновска со државниот секретар на Северна Рајна-Вестфалија Кристијан Вирмер: Размена на искуства за енергетската трансформација Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, денеска во Скопје оствари средба со државниот секретар за Европа и меѓународни прашања и портпарол на покраинската влада на Северна Рајна-Вестфалија, Кристијан Вирмер.На средбата беа разменети мислења и искуства за актуелните процеси во енергетскиот сектор, со посебен акцент на енергетската безбедност, диверзификацијата на енергетските извори и развојот на модерна и конкурентна енергетска инфраструктура. Министерката Божиновска говореше за реформите и активностите што ги спроведува Министерството во насока на обезбедување стабилно и сигурно снабдување со енергија, забрзување на енергетската транзиција и усогласување на националната енергетска политика со европските стандарди и политики. Посебен акцент беше ставен на развојот на гасната инфраструктура и регионалното енергетско поврзување, како и на значењето на инфраструктурните проекти што придонесуваат за поголема отпорност и сигурност на енергетскиот систем. На средбата беше разговарано и за искуствата на Северна Рајна-Вестфалија во процесот на енергетска трансформација, имајќи предвид дека станува збор за еден од најзначајните европски индустриски региони, кој паралелно со економскиот развој спроведува процеси на декарбонизација и модернизација на енергетскиот сектор. Во разговорот беше истакнато значењето на размената на знаења, добри практики и искуства, особено во делот на енергетската ефикасност, обновливите извори на енергија, модернизацијата на енергетската инфраструктура и создавањето услови за нови инвестиции. Европската соработка и размената на искуства со развиените европски региони се важен дел од процесот на модернизација на македонскиот енергетски сектор. За Македонија е од особено значење да ги користи искуствата на европските партнери кои веќе поминуваат низ комплексни процеси на енергетска трансформација. На средбата беше оценето дека постојат можности за продлабочување на институционалната соработка и за понатамошна размена на искуства во областите од заеднички интерес, особено во контекст на европската интеграција, енергетската транзиција и зајакнувањето на регионалната енергетска поврзаност. Министерство за енергетика, рударство и минерални суровиниКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиЗападнонилска треска: 36 потврдени и два веројатни случаи, во тек е СМС-кампања за информирање на населението15:00Ангелов: Нема опасност по селото Крушевица во прилепскиот регион,ноќеска го изгаснавме огнот околу селото08:31Западно-нилската треска одзема уште еден човечки живот15:00Муцунски: Амбасадорскиот совет во Скопје – стратешка координација за силна и активна македонска дипломатија12:19Армијата го слави 34. роденден08:35
Западнонилска треска: 36 потврдени и два веројатни случаи, во тек е СМС-кампања за информирање на населението15:00
Ангелов: Нема опасност по селото Крушевица во прилепскиот регион,ноќеска го изгаснавме огнот околу селото08:31
Муцунски: Амбасадорскиот совет во Скопје – стратешка координација за силна и активна македонска дипломатија12:19
МакедонијаОпштина Карпош: Заврши ликовната колонија „Нерешки мајстори“Градоначалникот Сотир Лукровски и претседателот на Совет, Христо Саракинов, денска присуствуваа на завршниот ден од ликовна колонија ,,Нерешки мајстори”, која се одржуваше во амбиентот на црквата Св.Пантелејмон во Нерези. Во рамки на тридневната колонија, десет реномирани академски сликари создаваа свои уметнички дела инспирирани од духовното, културното и природното богатство на овој значаен локалитет. „Денеска сме сведоци на прекрасни ликовни дела кои произлегоа од талентот, креативноста и вештите раце на уметниците, инспирани од спонтаната атмосфера која ја создава природата и ова величенствено опкружување во црквата Св. Пантелејмон – истакна Лукоровски. Во знак на благодарност и добра соработка, учесниците ги донираа своите дела на Општина Карпош, со што значително ќе се збогати општинската уметничка колекција. По тој повод, градоначалникот Лукровски на сите учесници им врачи благодарници за нивниот придонес и учество на ликовната колонија. На ликовна колонија ,,Нерешки мајстори” учествуваа: Владимир Лазоски, Данчо Ордев, Емилија и Стојче Тоциновски, Даниела Илиевска, Соња Поповска Трајковска, Сара Поповска, Зоран Бошковски, Ахмед Кадри, Христина Стојчевска, Мики Трендафиловски. Општина Карпош, преку Програмата за култура, во континуитет останува посветена на поддршката и афирмацијата на културата и уметноста кои придонесуваат за збогатување на животот во Карпош. ОПШТИНА КАРПОШКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter