Директорот на БЈБ Јанев во работна посета на Одделението за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје
1Директорот на БЈБ Јанев во работна посета на Одделението за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје
МакедонијаШест кандидати во трка за Брвеница: Програми, визии и пораки до граѓанитеШест кандидати од четири политички коалиции и двајца независни ќе ги одмерат силите во недела во трката за нов градоначалник на општина Брвеница. Вонредните избори доаѓаат по ненадејната смрт на градоначалникот Јовица Илиевски во јуни годинава. Владејачките коалициски партнери ВМРО-ДПМНЕ и ВРЕДИ настапуваат со посебни кандидати, а ЗНАМ дава поддршка на кандидатот на најголемата владејачката партија. На митинзите во Брвеница кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ, Стојанчо Радичевски најави посветена и транспарентна работа за развој на општината, а поддршка доби и од премиерот и партиски лидер Мицкоски, кој кажа дека очекува убедлива победа во недела. Со одделни кандидати ќе настапат и опозициските партии СДСМ и ДУИ. Кандидатот за градоначалник на СДСМ, Јовица Радевски на синоќешниот митинг во Брвеница вети нов инфраструктурен развој и економски раст за општината. Партискиот лидер Филипче, пак, со поддршка и порака до Мицкоски и власта дека време е за промени, а СДСМ, како што рече е неуништлив. Во кампањата и кандидатите Јакуп Хусеини од ВРЕДИ и Аркин Јахији од Националната алијанса за интеграција пред жителите на Брвеница ветија проекти за развој на општината, поддршка за младите и за локалната економија. Со сопствени програми, приоритети и визија за Брвеница настапија и двајцата независни кандидати Душан Богдановски и Арифе Идризи. Поради поголемиот број кандидати проценките се дека можен е и втор круг гласање кој треба да се одржи за две недели, на 1 ноември. Според заклучениот избирачки список на Државната изборна комисија, право на глас имаат вкупно 16.256 запишани избирачи, кои ќе гласааат на 24 избирачки места.. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаДиректорот на БЈБ Јанев во работна посета на Одделението за безбедност на патниот сообраќај при СВР СкопјеДиректорот Јанев ја нагласи потребата од преземање конкретни мерки за подобрување на материјално-техничките услови за работа, зајакнување на човечките ресурси и унапредување на оперативната функционалност на единицата.Денеска (16.10.2026), директорот на Бирото за јавна безбедност, Александар Јанев, заедно со началникот на СВР Скопје, Сашо Топаловски, оствари работна посета на Одделението за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје, каде што разговараше со полициските службеници за актуелните состојби, предизвиците во работењето и можностите за унапредување на сообраќајната безбедност. На средбата се разговараше за расположливите човечки и технички капацитети, сообраќајните предизвици во главниот град, примената на системот „Безбеден град“, како и за потребата од засилени превентивни активности, особено во однос на небезбедното управување со тротинети и мотоцикли. Беше посочено дека бројот на изречени санкции на територијата на Скопје, во периодот од 1 јануари 2026 година до денес, е намален за 33,5 проценти, при што беше нагласена потребата од континуирано следење и анализа на овој показател. Директорот Јанев ја нагласи потребата од преземање конкретни мерки за подобрување на материјално-техничките услови за работа, зајакнување на човечките ресурси и унапредување на оперативната функционалност на единицата. Притоа, истакна дека приоритет остануваат намалувањето на сообраќајните прекршувања, подигнувањето на сообраќајната култура и обезбедувањето побезбедни улици, како и создавањето соодветни услови за професионално и ефикасно извршување на полициските задачи. Во рамки на посетата, директорот Јанев оддаде почит на загинатите полициски службеници Атанас Јанев и Ацо Ангеловски, кои ги загубија животите при извршување на службената должност.Тагови: Александар Јанев Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМицкоски најави информирање на НАТО за бегството на Михаилова во Бугарија15:00Мицкоски: Бугарија може да стане прибежиште за криминалци,за случајот со Михаилова ќе разговараме со партнерите во НАТО и ЕУ 08:42Мицкоски: Апсолутна лага е дека Михаилова и адвокатот границата ја минале легално15:00Мицкоски: Нова инвестиција на „Кромберг и Шуберт“ и 2.000 нови работни места во Битола, за производство на Ауди12:11Мицкоски на потпишување договор за нова инвестиција08:43
Мицкоски: Бугарија може да стане прибежиште за криминалци,за случајот со Михаилова ќе разговараме со партнерите во НАТО и ЕУ 08:42
Мицкоски: Нова инвестиција на „Кромберг и Шуберт“ и 2.000 нови работни места во Битола, за производство на Ауди12:11
ЗдравјеДецентрализација на терапијата за мултиплекс склерозаЗдравствените власти започнуваат децентрализација на терапијата за мултиплекс склероза.Здравствените власти започнуваат децентрализација на терапијата за мултиплекс склероза, со што околу половина од пациентите кои живеат надвор од Скопје повеќе нема да мора секој месец да патуваат до главниот град. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
БалканЕскалација на студентскиот револт во масовни антивладини протести во ТиранаМаскирани демонстранти, молотови коктели и жестоки судири со полицијата. Протестите на улиците на Тирана веќе четврти ден се сцена на насилство и немири. Нападнати се министерства, банки и продавници, а полицијата интервенираше со солзавец и водни топови за разбивање на толпите. Најмалку 71 лице е приведено, додека медицинска помош побарале околу 130 лица, пренесуваат албанските медиуми. Протестите започнаа во вторникот попладнето а ескалираа десетина часа подоцна, поради незадоволството на студентите од условите во високото образование. Демонстрантите бараат пониски трошоци за студирање, подобри услови во факултетите и студентските домови, можности за вработување но и борба против корупцијата. Но, незадоволството прерасна во поширок антивладин бунт. Амбасадата на САД во Тирана ги предупреди своите граѓани да бидат внимателни и да ги избегнуваат областите погодени од протестот, истакнувајќи дека тој може да се прошири -Овој протест е за студентите, но не само за студентите туку за целиот народ на Албанија. Тие сакаат подобри услови на факултетите. Не сакаат корупција. Тие сакаат да учат. Тие сакаат подобри услови за сместување на кампусите. Граѓаните се гневни на овој систем. Треба да се промени сè, со сета корупција и криминал што се одвива во моментов. Граѓаните се гневни, треба промена на системот. -Овде сме на протести против најкорумпираната влада, која ја злоупотребува нашата животна средина, нашите национални ресурси, нашата земја, нашите заштитени области. И покрај притисокот од улиците, албанскиот премиер Еди Рама не планира да поднесе оставка. Во писмен одговор за Ројтерс порача дека владите се менуваат на демократски избори, а не со револуција. -Ова е пропаста од рацете што не се студенти, ниту имаат некаква врска со студентите. Студентите се иднината. Студентите се оние кои гледаат во иднината и кои сакаат да одат напред и подалеку брзо. Ова се други раце. Ова се рацете кои се обидуваат да ја соборат Албанија секој пат кога Албанија се обидува да оди нагоре. Ова се рацете на опозицијата која под превези на очите, со оган и железо која се стреми да ја врати Албанија назад, таму каде што Албанија никогаш нема да се врати – изјави Еди Рама – премиер на Албанија. Студентскиот бунт следува по неколкумесечните протести во земјата против изградбата на луксузен туристички комплекс на албанскиот брег, поврзан со инвестициската компанија на Џаред Кушнер, зет на американскиот претседател Доналд Трамп. Најновиот бран демонстрации, сепак, е насочен кон условите во високото образование и проблемите со кои се соочуваат студентите. Организаторите бараат подобри услови за студирање, поголема финансиска поддршка и подобри перспективи за младите по завршувањето на факултетот.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter