Директорот на БЈБ Јанев во работна посета на Одделението за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје
1Директорот на БЈБ Јанев во работна посета на Одделението за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје
МакедонијаОсми конгрес на СОНК и повлекување на Неделков по 16 годиниЌе се заложам за подобри услови и плати, почитување на стекнатите права, но и за враќање на достоинството на просветниот работник, порача на осмиот конгрес на СОНК Стојко Рамов кој како единствен кандидат го заменува Јаким Неделков.Ќе се заложам за подобри услови и плати, почитување на стекнатите права, но и за враќање на достоинството на просветниот работник, порача на осмиот конгрес на СОНК Стојко Рамов кој како единствен кандидат го заменува Јаким Неделков, кој по 16 години минати на претседателското место се повлекува од челната синдикална позиција. -Приоритет ќе ми биде склучување на колективниот договор за основно и средно образование, но и да се потпише колективен договор за детска заштита, нов колективен договор за култура. Сметам дека во идниот период следува доста работа, се надевам дека ќе наидеме на разбирање од социјалните партнери и дека ќе успееме да го подобриме економскиот и социјалниот статус на просветните и културните работници во Република Македонија,- -Стојко Рамов. Го скршивме мразот на замрзнатите плати, а трасираниот пат кон успехот треба да продолжи бидејќи навистина има уште многу работи што треба да се завршат, порача Неделков истакнувајќи дека за најголемо достигнување и гордост сепак го смета тоа што не дозволил разни струи од надвор да влезат во редовите на Синдикатот. -Во овој мандатен период најмалото зголемување во дејностите детска заштита и образование е над 70 %, а највисокото зголемување на платите во високото образование и наука е околу 100 %. Мојата најголема гордост е што не дозволив разни „струи“ од надвор кои имаат интерес го ослабнат СОНК, да влезат во нашите редови и да го ослабнат или растурат Синдикатот. Највистина сум горд што нашето членство остана единствено,- - Јаким Неделков. Министерката за образование и наука Весна Јавска која присуствуваше на Конгресот порача дека очекува да продолжи партнерскиот дијалог и подвлече дека тешката реформа, што инаку вклучува затворање на голем број на училишта ширум земјава, или „оптимизацијата во образованието“ нема да остави ниту еден наставник без работа. „Оптимизација“ значи подобрување на образовниот процес. Во принцип, генерално, најголемата корист ќе биде за учениците, но тоа не значи дека и наставниците нема да се чувствуваат подобро кога работат во подобри услови и поголеми групи. Овој процес, кажав, би требало да трае најмногу 4 години, во кои ниту еден наставник нема да го загуби работното место, но нови вработувања во овој период нема да има. - Весна Јаневска. По 16 години, СОНК добива нов претседател, Рамов го презема претседателското место како единствен кандидат на осмиот конгрес, а до изборот беше еден од двајцата потпретседатели на СОНК и претседател на регионален огранок на синдикатот. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаДиректорот на БЈБ Јанев во работна посета на Одделението за безбедност на патниот сообраќај при СВР СкопјеДиректорот Јанев ја нагласи потребата од преземање конкретни мерки за подобрување на материјално-техничките услови за работа, зајакнување на човечките ресурси и унапредување на оперативната функционалност на единицата.Денеска (16.10.2026), директорот на Бирото за јавна безбедност, Александар Јанев, заедно со началникот на СВР Скопје, Сашо Топаловски, оствари работна посета на Одделението за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје, каде што разговараше со полициските службеници за актуелните состојби, предизвиците во работењето и можностите за унапредување на сообраќајната безбедност. На средбата се разговараше за расположливите човечки и технички капацитети, сообраќајните предизвици во главниот град, примената на системот „Безбеден град“, како и за потребата од засилени превентивни активности, особено во однос на небезбедното управување со тротинети и мотоцикли. Беше посочено дека бројот на изречени санкции на територијата на Скопје, во периодот од 1 јануари 2026 година до денес, е намален за 33,5 проценти, при што беше нагласена потребата од континуирано следење и анализа на овој показател. Директорот Јанев ја нагласи потребата од преземање конкретни мерки за подобрување на материјално-техничките услови за работа, зајакнување на човечките ресурси и унапредување на оперативната функционалност на единицата. Притоа, истакна дека приоритет остануваат намалувањето на сообраќајните прекршувања, подигнувањето на сообраќајната култура и обезбедувањето побезбедни улици, како и создавањето соодветни услови за професионално и ефикасно извршување на полициските задачи. Во рамки на посетата, директорот Јанев оддаде почит на загинатите полициски службеници Атанас Јанев и Ацо Ангеловски, кои ги загубија животите при извршување на службената должност.Тагови: Александар Јанев Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЗдравјеДецентрализација на терапијата за мултиплекс склерозаЗдравствените власти започнуваат децентрализација на терапијата за мултиплекс склероза.Здравствените власти започнуваат децентрализација на терапијата за мултиплекс склероза, со што околу половина од пациентите кои живеат надвор од Скопје повеќе нема да мора секој месец да патуваат до главниот град. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
БалканЕскалација на студентскиот револт во масовни антивладини протести во ТиранаМаскирани демонстранти, молотови коктели и жестоки судири со полицијата. Протестите на улиците на Тирана веќе четврти ден се сцена на насилство и немири. Нападнати се министерства, банки и продавници, а полицијата интервенираше со солзавец и водни топови за разбивање на толпите. Најмалку 71 лице е приведено, додека медицинска помош побарале околу 130 лица, пренесуваат албанските медиуми. Протестите започнаа во вторникот попладнето а ескалираа десетина часа подоцна, поради незадоволството на студентите од условите во високото образование. Демонстрантите бараат пониски трошоци за студирање, подобри услови во факултетите и студентските домови, можности за вработување но и борба против корупцијата. Но, незадоволството прерасна во поширок антивладин бунт. Амбасадата на САД во Тирана ги предупреди своите граѓани да бидат внимателни и да ги избегнуваат областите погодени од протестот, истакнувајќи дека тој може да се прошири -Овој протест е за студентите, но не само за студентите туку за целиот народ на Албанија. Тие сакаат подобри услови на факултетите. Не сакаат корупција. Тие сакаат да учат. Тие сакаат подобри услови за сместување на кампусите. Граѓаните се гневни на овој систем. Треба да се промени сè, со сета корупција и криминал што се одвива во моментов. Граѓаните се гневни, треба промена на системот. -Овде сме на протести против најкорумпираната влада, која ја злоупотребува нашата животна средина, нашите национални ресурси, нашата земја, нашите заштитени области. И покрај притисокот од улиците, албанскиот премиер Еди Рама не планира да поднесе оставка. Во писмен одговор за Ројтерс порача дека владите се менуваат на демократски избори, а не со револуција. -Ова е пропаста од рацете што не се студенти, ниту имаат некаква врска со студентите. Студентите се иднината. Студентите се оние кои гледаат во иднината и кои сакаат да одат напред и подалеку брзо. Ова се други раце. Ова се рацете кои се обидуваат да ја соборат Албанија секој пат кога Албанија се обидува да оди нагоре. Ова се рацете на опозицијата која под превези на очите, со оган и железо која се стреми да ја врати Албанија назад, таму каде што Албанија никогаш нема да се врати – изјави Еди Рама – премиер на Албанија. Студентскиот бунт следува по неколкумесечните протести во земјата против изградбата на луксузен туристички комплекс на албанскиот брег, поврзан со инвестициската компанија на Џаред Кушнер, зет на американскиот претседател Доналд Трамп. Најновиот бран демонстрации, сепак, е насочен кон условите во високото образование и проблемите со кои се соочуваат студентите. Организаторите бараат подобри услови за студирање, поголема финансиска поддршка и подобри перспективи за младите по завршувањето на факултетот.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook