БалканМилановиќ го осуди величењето на нацизмот во Сплит: Ова е срамно и недозволивоХрватскиот претседател Зоран Милановиќ го осуди однесувањето на дел од навивачите на Торцида, кои вчера во Сплит, пред фудбалскиот натпревар Хајдук и Ајакс во Конференциската лига, извикуваа пароли со кои ги величеа нацистичкиот и усташкиот режим.„Недозволиво, срамно и за секоја осуда е однесувањето на дел од навивачите на Торцида во Сплит. Извиците и постапките со кои отворено се слават нацистичкиот и усташкиот режим бараат итна и систематска реакција од хрватската полиција, државното обвинителство и, на крајот, судовите. Ги повикувам сите надлежни институции крајно сериозно да пристапат кон истрагата за овој срамен настан, за такво нешто повеќе да не се повтори“, порача Милановиќ. Тој нагласи дека осудите од владата повеќе не се доволни и побара конкретни мерки и санкции. „Зборовите на осуда што ги слушаме од владата повеќе не се доволни. Потребни се мерки и санкции што ќе покажат дека во хрватска нема место за величење на нацизмот и усташтвото“, истакна хрватскиот претседател.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЗдравјеОд среда, 21 октомоври започнува вакцинацијата против грипОд среда, 21 октомоври започнува вакцинацијата против грип, потврди министерот за здравство Сашо Клековски. Први ќе се вакцинираат лицата кои се во старечките домови со цел да се спречи едидемија во домовите. Граѓаните кои треба да се вакцинираат ќе бидат повикани преку СМС пораки и приоритет ќе имаат хронично болните и возрасните лица. Пријавувањето за вакцина за грип е преку сајтот вакцинација.мк. Досега се пријавни вкупно 38.000 граѓани. Вакцините против грип што стигнаа во Македонија се од јужнокорејскиот производител „ГЦ Биофарма“. Засега има 30.000 вакцини, најавено е дека ќе пристигнат уште 26.000. Оваа година против борбата со грип најавени се 80.000 вакцини. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаДеветнаесет години без Тоше ПроескиМакедонија и Балканот денеска се сеќаваат на Тоше Проески, кој пред 19 години трагично го загуби животот во сообраќајна несреќа кај Нова Градишка, на пат кон Загреб.Со низа настане се одбележува прераното заминување на една од најголемите македонски музички легенди. Настан се одржива и во Скопје, на пешачката патека која го носи името на Тоше, таму е Дејан Трајковски, Дејан што е предвидено да се случува таму? Целиот извештај погледнете го во видеото. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаКривична пријава за раководството на УХМР и битолска фирма за наместени набавкиСомнежи за злоупотреби со јавни набавки во УХМР. МВР поднесе кривична пријава против девет вработени и едно правно лице, меѓу кои и поранешниот в.д. директор Ивица Тодоровски. Според истрагата, со спорни набавки во 2023 година на две фирми им била овозможена противправна имотна корист од речиси половина милион евра. Тодоровски потпишал тендер со фирма кој бил спротивен на одредбите на Етичкиот кодекс на Светска метереолошка организација. Најголем износ се однесува на фирма од Скопје, на која според полицијата и била овозможена имотна корист од околу 475 илјади евра. Речиси 13 илјади евра добила битолска фирма која требало да печати промотивни материјали и да набави ситен инвентар. -И.Т. во својство на в.д. директор на УХМР, иако знаел дека се правно нецелосни и процедурално неисправни, донел две посебни одлуки за набавка во различен период за ист настан. И покрај фактот што однапред имал добиено спецификација за потребни количини на услуги за вкупните потреби и обемот на настанот, постапката ја спровел врз основа на изменета спецификација по единечна количина,- -МВР. Инаку во јуни 2023 година во Скопје биле организирани две работилници за управување со системот за брзи поплави, за кои Светската метеоролошка организација обезбедила 650 илјади евра. И ДЗР во својот извештај од тогаш изразил мислење со резрева за финансиските извештаи за дел од потрошените пари и во него е наведено дека се одговорност на тогашниот в.д директор Ивица Тодоровски. Дел од пријавените вработени, според МВР одобриле и пуштиле во исплата фактура без приложени докази, со измислени коефициенти и невистинити финансиски податоци. Уште една кривична пријава за проневера во службата и перење пари МВР поднесе против 47-годишен скопјанец и едно правно лице. Како овластено лице во фирма што вршела технички прегледи, од 2021 до јануари 2026, доставувал лажни извештаи до надлежните институции за надоместоците наплатени при регистрација на возила и противправно се стекнал со околу 110 илјади евра. -Изготвувањето на извештаите и лажирањето на податоците биле извршувани во содејство со лицето С.С., кои како овластени лица за изготвување и потпишување на фактури и доставување на извештаи до надлежните институции со цел прикривање на паричните средства на наплатените парични средства преку две правни лица и осигурително брокерско друштво од Скопје, на чии сметки биле наплаќани предвидените надоместоци,- -МВР. Пријавите се доставени до скопското и ОЈО ГОКК кои треба да ги прверат наводите. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook