3ВМРО-ДПМНЕ: Бетон Герасимовски и општината да не лажат, доделија награда Феникс нелегално, а не "Јубилејна награда"
Поразот на републиканците ги урна светските берзи поради стравувањата за инвестиции во вештачката интелегенија
ИТ-армијата на Северна Кореја работи и до 19 часа дневно, неисполнувањето на нормите резултира со казнување
1Поразот на републиканците ги урна светските берзи поради стравувањата за инвестиции во вештачката интелегенија
2ИТ-армијата на Северна Кореја работи и до 19 часа дневно, неисполнувањето на нормите резултира со казнување
3Дали спиете многу, а сепак постојано се чувствувате уморни? Научниците открија специфична форма на депресија
Шоу бизАнџелина Џоли за САД: Ја сакам својата земја, но во моментов не ја препознавам- ова се тешки времиња Анџелина Џоли изјави дека „не ги препознава“ Соединетите Американски Држави во моментов.Добитничката на Оскар се осврна на актуелната политичка клима за време на појавувањето на Филмскиот фестивал во Сан Себастијан, каде што беше прашана од што се плаши како уметник и како Американка во моментов, објави НМЕ. „Тоа е многу тешко прашање“, одговори таа (преку Variety). „Ја сакам мојата земја, но не ја признавам мојата земја во моментов.“ „Отсекогаш сум живеела меѓународно, моето семејство е меѓународно, моите пријатели, мојот живот… Мојот поглед на светот е еднаков, обединет и меѓународен. Сè што го дели или ограничува личното изразување и слободите за секого и насекаде, мислам дека е многу опасно.“ Џоли призна дека „ова се многу сериозни времиња“ и дека „мора да бидеме внимателни да не ги кажуваме работите лесно“, додавајќи: „Ова се многу, многу тешки времиња што ги живееме заедно.“ Коментарите доаѓаат откако водителот на ток-шоуто Џими Кимел беше отстранет од мрежата на ABC, во сопственост на Дизни, по коментарите за убиството на десничарскиот активист Чарли Кирк претходно овој месец, во кои водителот сугерираше дека знаците укажуваат дека стрелецот бил поддржувач на Доналд Трамп. „Достигнавме нови нивоа на деградација во текот на викендот, при што групата MAGA се обидува да го окарактеризира ова дете кое го уби Чарли Кирк како сè друго освен едно од нив, и прави сè што може за да заработи политички поени“, рече тој во монолог во неговата емисија „Џими Кимел во живо“. Последиците од одлуката предизвикаа силни реакции од двете страни на политичкиот спектар, при што Трамп ја славеше суспензијата, а неодамна го критикуваше негодувањето на комеморацијата на Кирк. Скоро сите креативни синдикати во Холивуд го критикуваа откажувањето, а колегите ѕвезди од доцните ноќи, Стивен Колберт и Дејвид Летерман, го поддржаа Кимел и изразија загриженост за слободата на говорот, додека комичарот и подкастер Марк Мерон го нарече „владина цензура“. U2, исто така, ја покажаа својата поддршка за Кимел, споделувајќи фотографија од нивното појавување во шоуто во 2017 година и пишувајќи: „Во поддршка на правото на слобода на говор, од лево кон десно, од добро кон лошо кон полошо. Од не толку одлично до инспиративно... и пред сè, смеа. Што е доказ за слободата...“ Според извештаите, деловните и правните претставници на Кимел оттогаш разговараат со директорите на Дизни и АБЦ за компромис што би ја вратил емисијата во етер, иако „Варајати“ објави дека нема гаранција за враќање или дали водителот ќе ги прифати условите на АБЦ. Во меѓувреме, Џон Клиз и Пирс Морган се судрија на социјалните медиуми поради откажувањето на Кимел.Тагови: Анџелина Џоли Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаРаботничката сиромаштија ќе се продлабочува доколку не се зголеми минималецот, предупредува ССМ50 проценти од 540 илјади работници живеат со плата под 600 евра, една третина од 540 илјади работници живее под прагот на сиромаштијата од 31 200..50 проценти од 540 илјади работници живеат со плата под 600 евра, една третина од 540 илјади работници живее под прагот на сиромаштијата од 31 200. Покажуваат пресметките на Сојузот на синдикаттие на Македонија Претседателот Слободан Трендафилов, предупредува дека ако не се зголеми минамалната плата, работничката сиромаштија ќе продолжи да се продлабочува. Но, вели, досега ниту протестите, блокадите и иницијативите, не го донеле очекуваниот резултат. „Владите во регионот се грижат за работниците, ја зголемуваат минималната плата, Црна Гора 1000–1250 евра, Србија веќе 600 евра и покрај сите кризи и предизвици кои ги имаат како држава... Во Македонија вие да водите држава, да плаќате 420 евра минимална плата, да седите 120 избрани именувани пратеници во Парламентот и да работите само во ваш интерес, а на штета на работниците. Сметавме дека протестите ќе ги поттикнат, дека блокадите ќе ги поттикнат, иницијативите кои ги доставивме до Парламентот и Владата за зголемување на платата ќе ги поттикнат... но тие ги уживаат сите придобивки кои им ги даваат работниците, а работниците веројатно ќе продолжат да тонат во сиромаштија.“ – Слободан Трендафилов, претседател на ССМ. Колку е тешко да се преживее со минимална плата беше тема и на документарецот „До први“, чија премиера се одржа денеска. Во главната улога е пратеничката Моника Зајкова, која седум дена се обидувала да ги покрие секојдневните трошоци со минимални примања. Документарецот, кој ќе биде достапен и на социјалните мрежи, го отвора прашањето со кое илјадници работници се соочуваат секој месец – како да се стигне до први со минимална плата? Согласно законот, минималната плата се усогласува со инфлацијата и просечната плата еднаш годишно во март, и во моментов изнесува 26.000 денари. Ставот на Владата е дека ќе прифатат зголемување ако за тоа се договорат синдикалците и работодавачите, но дијалогот засега нема никаков напредок. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМуцунски: Работиме на дијалогот со Бугарија, имаме поддршка од ЕУ и земјите членки15:00Народна банка: Пензионерите кои сакаат нова банка, мора прво да се одјават од АЛТА банка 10:27Муцунски: Нема назадување во ниту една област во извештајот на ЕК08:28АЛТА банка Битола ги отвори вратите за клиентите без платежни картички, можат да подигнат 20 илјади денари15:00Започна исплатата на средствата на клиентите на „АЛТА банка“ АД Битола14:05
АЛТА банка Битола ги отвори вратите за клиентите без платежни картички, можат да подигнат 20 илјади денари15:00
МакедонијаФорумот за образовни промени со тужба до МОН за неусогласениот износ на студентски оброкСубвенционираниот студентски оброк не е нечија милостина, туку законска обврска која министерката Јаневска ја прекршува, велат од Форумот за образовни промени.Субвенционираниот студентски оброк не е нечија милостина, туку законска обврска која министерката Јаневска ја прекршува, велат од Форумот за образовни промени кои денеска на МОН му поднесоа тужба до Управниот суд оти износот не е усогласен со годишната инфлација. Бленди Ходаи, од форумот, кој ја поднесе тужбата, обвини дека студентите се соочувале со притисоци и закани од институциите па одвај се охрабриле да ја потпишат изјавата потребна за поднесување на тужбата. Дополнително, вели дека не се согласуваат со предлогот на премиерот оброкот да се дава преку М-Услуги, оти тоа студентите ќе ги остави уште половина година со субвенција од 140 денари. -Да бидеме јасни, субвенционираниот студентски оброк не е прашање на ретрограден меркур, ниту е прашање на милостина на владата и на министерството за образование кон студентите, ниту пак прашање на добра волја или расположение на министерката Јаневска, дали денеска се чувствува добро или е во расположение да го покачи износот на студентскиот оброк, тоа е законска обврска. Ако студентите одлучат преку М-Услуги, треба да има ново барање, заради тоа што седум месеци ќе треба да го земаат истиот износ за оброк, 140 денари. Нека ги отворат бифеата во Собрание и во Владата и нека јадат студентите со 160 денари бифтек како што јаде пратеник кој после зборува што се може да се купи со 140 денари и во владата исто да се направи. Не сме на иста линија, некои луѓе немаат допир со реалноста,- Бленди Ходаи – Форум за образовни промени. Јаневска не ја коментираше тужбата, но кажа дека разговорите со студентите се во тек и дека се бара најдоброто решение преку кое ќе се субвенционира здрав студентски оброк. Таа вели дека и претставниците на студенти, а и МОН моделот на Словенија го гледаат како соодветен, во кој не се даваат пари, туку се субвенционираат оброци кај регистрирани угостители. -Ние имавме средба со студентите, ги чекаме нивните одговори и продолжуваме со цел да го смениме системот за правилно користење на субвенцијата, за користење на субвенцијата на здрав студентски оброк, бидејќи одредени извештаи кои ги имаме потврдуваат дека намената на субвенцијата за оброкот не е целосно спроведена односно дека дел од студените не го користат тоа правилно во правец на нивна здрава исхрана. Од тука е идејата дека треба да направиме промени,- Весна Јаневска – Министер за образование. Од Форумот пак побараа од МОН и Владата да сподели ако има информации каде и како ги трошат студентите парите, а наводите дека се купувале цигари и алкохол од страна на властите ги нарекоа несериозни „чаршиски муабети“. Очекуваат од Управниот суд да донесе одлука со кој ќе бидат обештетени за незаконското, според нив, постапување на државата. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаВМРО-ДПМНЕ: Бетон Герасимовски и општината да не лажат, доделија награда Феникс нелегално, а не "Јубилејна награда"Бетон Герасимовски и Општина Центар, фатени сте живи како лажете, повлечете се од темава и извинете се.Наместо да ја манипулирате јавноста, одговорете на едно едноставно прашање: Зошто ги едитирате објавите и лажете дека сте доделиле некаква "Јубилејна награда", а не Феникс. Дали поради тоа што знаете дека за доделување на "Феникс" потребно е прво изјаснување на комисија, а потоа и на советот. Во овој случај поминат е само филтерот на комисијата, а советот нема гласано. Дополнително, комисијата се нема изјаснето позитивно за дел од лицата на кои им давате Феникс, а се има изјаснето за други на кои вие немате дадено таква награда. Доколку ги почитувавте лицата кои ги споменувавте, немаше да брзате да доделувате награди без запазена процедура и одлука на советот како што се прави секоја година. Ама очигледно ПР - от на Бетон Герасимовски бил поважен од "почитта" кон дотичните лица. Врз основа на кое овластување се доделени награди на лица кои не биле избрани од комисијата, а се изоставени оние што биле избрани? Објавете го записникот од комисијата, конечната листа на наградени и одлуката на Советот, доколку е донесена. Не ја префрлајте одговорноста врз наградените. Прашањето е кој, како и врз која правна основа ја изменил волјата на комисијата! ВМРО-ДПМНЕТагови: ВМРО-ДПМНЕ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМуцунски: Работиме на дијалогот со Бугарија, имаме поддршка од ЕУ и земјите членки15:00Народна банка: Пензионерите кои сакаат нова банка, мора прво да се одјават од АЛТА банка 10:27Муцунски: Нема назадување во ниту една област во извештајот на ЕК08:28АЛТА банка Битола ги отвори вратите за клиентите без платежни картички, можат да подигнат 20 илјади денари15:00Започна исплатата на средствата на клиентите на „АЛТА банка“ АД Битола14:05
АЛТА банка Битола ги отвори вратите за клиентите без платежни картички, можат да подигнат 20 илјади денари15:00