Анчелоти сака Карвахал да го продолжи договорот со Реал

Тренерот на Реал, Карло Анчелоти сака Дани Карвахал да го продолжи договорот со мадридскиот клуб, пренесува шпанскиот спортски весник „AС“.

Изданието наведува дека Анчелоти очекува искусниот играч на Реал да ја продолжи соработката со мадридскиот клуб до јуни 2026 година. Карвахал моментално е заменик капитен на Реал.

-Карвахал има историска можност да стане капитен. Тоа ќе се случи кога Лука Модриќ ќе реши да го напушти Реал. Никој не знае кога ќе биде тоа, но се очекува Карвахал да биде следниот капитен на Реал, се истакнува во текстот на шпанскиот весник.

Карвахал (32) порасна во Реал Мадрид, а од 2010 до 2012 година настапуваше за вториот тим на мадридскиот клуб. Тој сезоната 2012/2013 ја помина во Баер Леверкузен, а потоа се врати во Реал.

Карвахал за Реал одигра 421 натпревар и постигна 13 голови, а со мадридскиот клуб освои 26 трофеи./МИА

Пентагон најави нов пакет помош за Украина од 425 милиони долари

Министерството за одбрана на САД објави нов пакет воена помош за Украина, вреден 425 милиони долари.

Според веб-страницата на американското Министерство за одбрана, на чело со генералот Лојд Остин, пакетот вклучува пресретнувачи за противвоздушна одбрана, муниција за ракетни системи и артилерија, оклопни возила и противтенковско оружје, пренесе Униан.

Меѓу другото, пакетот помош вклучува оклопни транспортери Stryker, муниција NASAMS и HIMARS, противтенковски системи Javelin и AT-4, артилериска муниција, опрема и муниција за беспилотни летала (c-UAS), ракети со оптички наведување (TOV) , лесно оружје и муниција, медицинска опрема како и делови и помошна опрема.

Претходно, претседателот на Украина, Володимир Зеленски, изјави дека САД ќе ѝ даваат пакет помош на Украина на секои две до три недели.

Сите се чудат од најпознатата фонтана во Рим: Какво е ова е базенче (ФОТО)

Властите во Рим привремено ја забранија традицијата на фрлање монети со десната рака преку левото рамо во познатата Фонтана ди Треви додека продолжуваат работите за реновирање на знаменитоста на градот од 18 век.

Властите во Рим привремено ја забранија традицијата на фрлање монети со десната рака преку левото рамо во познатата Фонтана ди Треви додека продолжуваат работите за реновирање на знаменитоста на градот од 18 век и излегоа со алтернатива на традицијата, која, сепак, не наиде на одобрување.

Обичајот луѓето, свртени со грбот кон Фонтаната Треви, да фрлаат паричка со десната рака преку левото рамо, треба да гарантира дека секој што ќе го стори тоа ќе се врати во Вечниот град. За да ја задржат традицијата и покрај работите на фонтаната, до која пристапот во моментов е блокиран, градските татковци дошле до решение во форма на мал правоаголен базен во кој милиони туристи би можеле да ги фрлат своите монети како завет за враќање во Рим.

Само неколку часа откако базенот беше отворен за посетителите, не требаше долго за исмејување на социјалните мрежи. „Замислете дека сте поминале неколку часа во авион за Рим за да ја видите Фонтаната Треви, а потоа ќе се најдете пред барикада, пред мал детски базен“, напишал еден корисник на X.

„Какво потсмевање е ова? Ова личи на базен на надувување“, додаде друг. Работата на Фонтаната Треви, барокна знаменитост што датира од 1762 година, започна пред еден месец. Познатата фонтана треба да биде целосно обновена пред јубилејот во 2025 година, кога светите двери на црквата Св. Петар и други цркви.

Одржувањето на фонтаната е дел од пошироката интервенција во рамките на програмата за реставрација на монументалните фонтани во историскиот центар на Рим. Програмата ги вклучува и фонтаните Quirinale и Barcaccia, како и Fontana delle Tartarughe и Fontana delle Tiare.

Собраните монети - во вредност од околу 3000 евра секој ден или околу 1,5 милиони евра секоја година - се предаваат на Каритас од 2001 година, која ги користи за помош на бездомниците во Рим и на семејствата во финансиски тешкотии.

Политика: Меѓу загинатите во Нови Сад и Васко Саздовски, македонски научник од „Биосенс“

Меѓу загинатите на Железничката станица во Нови Сад, каде што бетонскиот покрив се урна од зградата на станицата, се наоѓаше и Васко Саздовски од Македонија.

Според информации на „Политика“, овој 45-годишен научник работел во Институтот „Биосенс“ во Нови Сад, каде што се истражуваат и развиваат информатички технологии за земјоделството. Директорот на „Биосенс“, Владимир Црнојевиќ, ја потврди веста за „Политика“.

- Саздовски работеше во Центарот за сензорски технологии. Се вработи во водечка европска институција како искусен научник. Претходно имаше научна кариера, изјави Црнојевиќ за весникот.

Колегите на Саздовски се собраа во Институтот „Биосенс“ утрото по трагедијата. Според нивните зборови, Васко работел таму нешто повеќе од една година, во центарот за сензорски технологии, а речиси секој викенд го поминувал дома во Северна Македонија, каде што живеат неговата сопруга и двете деца. На пат тргнал и кобниот петок, 1 ноември.

Во Нови Сад се прогласени тридневни денови на жалост почнувајќи од денеска поради загубата на 14 лица врз кои се урна масивниот бетонски покрив на железничката станица. Според тврдењата на кинеската компанија која ги изведуваше работите и претставниците на државата, тој дел од зградата не бил предмет на реконструкција.

Обновата на станицата се одвиваше во две фази како дел од реконструкцијата на железничката линија за брзи возови. Имаше две свечени отворања. Работите на овој културен споменик, архитектонско здание од 1964 година, започнаа во октомври 2021 година. Делот од обновената зграда беше свечено отворен во март 2022 година како дел од отворањето на обновената брза пруга од Белград до Нови Сад, на кое присуствуваа претседателот на Србија, Александар Вучиќ, и унгарскиот премиер, Виктор Орбан.

Веднаш по тоа отворање, работите продолжија со втората фаза, а на почетокот на јули 2024 година беше соопштено дека реконструкцијата на станичната зграда е завршена. По тој повод, реновираниот објект го посетија министерот Горан Весиќ, претседателката на Покраинската влада Маја Гојковиќ и градоначалникот на Нови Сад, Милан Ѓуриќ.

Во рамки на оваа обнова, зградата доби нов покрив, фасади, столарија и мебел, уредена телекомуникациска опрема, шалтери, чекални и тоалети, детско катче, дел за домашни миленици, како и лифт и галеријски трем од мермер и стакло, кои претходно не постоеја во станичната сала.

притисни ентер