Снимен е моментот на судар на два борбени авиони на војската на Филипини- загинаа сите четворица пилоти (ВИДЕО)
1Снимен е моментот на судар на два борбени авиони на војската на Филипини- загинаа сите четворица пилоти (ВИДЕО)
Висок е 1,64 и им се спротиставува на сите закони на гравитација- го нарекуваат господин на огромна издржливост
1Висок е 1,64 и им се спротиставува на сите закони на гравитација- го нарекуваат господин на огромна издржливост
БалканАнализа: Изборните резултати не водат кон стабилна влада во БугаријаИзборните резултати не водат кон стабилна влада во Бугарија, туку се вовед во нови избори, сигурна е само доминацијата на Радев.Изборните резултати од четвртите предвремени парламентарни избори што се одржаа на 2 октомври, не водат кон формирање стабилна влада во Бугарија, туку по се изгледа се вовед во нови избори, сигурна е само доминацијата на претседателот Румен Радев кој при такво сценарио би го именувал новиот службен владин кабинет. Ова е оценката на политичките аналитичари и наши поранешни амбасадори во Република Бугарија Ѓорги Спасов и Марјан Ѓорчев. Во коментарот за МИА, амбасадорот Спасов вели дека изборите во Бугарија покажаа дека во период од една година не се менува суштествено ниту јавното мислење ниту изборното расположение на граѓаните. Мнозинството од граѓаните се разочарани од партиите и од 6 милиони и 600 илјади избирачи, овој пат излегле на избори само 2 милиони и 600 илјди или помалку од 40 проценти од вкупниот електорат. Од излезените, околу 90 илјади, пак, одговориле дека не гласаат ниту за една од партиите и коалициите. Истите седум партии што добија мандати на изборите во ноември 2021 години , односно пред помалку од една година, повторно добија мандати. Еденствената разлика е во тоа што сега ГЕРБ на Борисов има најмногу пратеници, Продолжуваме со промените е на второ место, а наместо популистичката партија на Слави Трифонов Има таков народ во Собранието по прв пат влезе партијата Бугарски подем што ја формираше поранешниот министер за одбрана и службен премиер Стефан Јанев. Гласовите на Има таков народ отидоа кај ултранационалистичката и проруска Преродба, формирана од поранешниот потпретседатл на ВМРО, Костадин Костадинов, и делумно се вратија кај ГЕРБ на Борисов, вели Спасов. ГЕРБ освои 67 места од 240 во бугарското собрание, а Продолжуваме со промените на Кирил Петков 53, но посочува тој, ниту една од овие партии нема сродни политички партии со кои би можела да направи стабилно мнозинство за формирање влада. Двете партии не сакаат да коалицираат во влада со партијата на Турците (Демократската партија за права и слободи) , која стандардно си освојува 30-35 места во бугарското Народно собрание, обвинувајќи ја за корумпираност, ниту пак ќе коалицираат со ултранционалистичката и проруска Преродба. Тие две партии, од кои партијата на Кирил Петков се декларира дека му припаѓа на политичкиот центар, а партијата на Борисов на десниот центар, реално немаа големи програмски и идеолошки разлики, но се мразат меѓу себе и се во голем конфликт па е малку веројатно дека можат да соработуваат или да бидат во исто владино мнозинство, смета Спасов. Според Ѓорчев, изборниот резултат во целост ги потврди предизборните социолошки предвидувања. Добиените гласови од бугарскиот народ ги насочуваат политичките партии кон компромиси и толерантен политички дијалог. Главните проблеми во бугарското општествено остануваат – борба со високата инфлација и обезбедување општествен мир, решавање на енергетските проблеми и справување со економската криза, влез во евро-зоната, воспоставување еквилибриум пмеѓу кредитно-монетарната и фискалната политика и реформи во судскиот систем. -Распоредот на гласовите за одделни политички партии покажува дека во земјава постои огромен јаз помеѓу граѓаните, пред се, во однос на нивната материјална положба и поделба на сиромашни и богати, но и огромна идеолошка поделеност во контекст на определбата на граѓаните кои се за глобалниот светски концепт за иднината на човештвото, наспроти оние кои се определуваат за суверена, национална бугарска држава. Така што е сосема разбирливо дека поделбата на гласовите помеѓу левицата и децсните партии во Бугарија укажува на баланс помеѓу левицата и десницата што означува пат позиција и неможност да се оствари влада без широка коалиција што ги надминува идеолошките разлики помеѓу партиите. Обесхрабрува податокот што ултранационалната партија Преродба освои над 10 проценти од гласачкиот електорат, што означува силна позиција на националиститие во 48-то бугарско собрание, вели Ѓорчев. Математички комбинаторики за парламентарно мнозинство Спасов посочува дека резултатите покажаа дека новите избори не го менуваат значително изборното расположение. Сега ги има истите актери во Собранието, без ИТН на Слави Трифонов, со ослабена БСП зајакната Преродба и уште една мала партија во центарот, Бугарски подем со 12 пратенци. Ако Бојко Борисов не успее да состави влада, тогаш Кирил Петков од Продолжуваме со промените, која ја има подршката и од претседатлот Румен Радев, можеби ќе се обиде да состави влада со старите партнери – БСП, Демократска Бугарија и новата партија Бугарски подем. Но, анализира Спасов, сите тие заедно имаат 110 пратеници, па за влада ќе им биде потребно вклучување на ДПС или на ултранциналистичката Преродба. Од друга страна, на Бојко Борисов, подвлекува Спасов, ќе му биде тешко да состави влада, заради тоа што веднаш изјави дека нема да разговара со ДПС и со Преродба, а другите партии околу Кирил Петков досега не сакаа со него да разговараат за што било. Оттука Бојко Борисов веќе нуди да биде создадена еден вид влада на широка коалиција, без ДПС и без Преродба, и тој да не биде ниту премиер, ниту министер, ниту пратеник. Дали тоа ќе биде доволно да седне да се разговара околу таква можност засега не е познато. Но, вели, во секој случај ќе оди тешко, и можно е Румен Радев да се најде одново во позиција да именува „службена влада“ која ќе подготви нови избори. Запрашан како ја толкувате изјавата на Борисов дека како победник на изборите со цел да се формира Влада, подготвен е на секакви компромиси и отстапки во името на народот и дека нема да биде премиер или министер ако тоа е потребно за да се формира функционална коалиција, Спасов вели оти тоа можеше да се очекува од него. – Тој е задоволен од фактот што неговата партија одново има најголем број гласови и пратенички места во Собранието. Смета дека со тоа е исполнета неговата мисија, за враќање на политичката сцена по поразот на изборите и обидите за негово апсење и судење за корупција, и сега великодушно изјавува: „Еве јас не сакам да бидам пречка за соработка и избор на функционална влада“. Тоа е според мене, добар гест и потег и ако има волја од страна на партијата на Кирил Петков би било добро за Бугарија да се создаде владина коалиција меѓу партиите со јасна демократска и проевропска ориентација, без БСП и без Преродба, наведува Спасов. За тоа дали претседателот Радев може да одигра улога во формирањето влада, Спасов вели дека тој веројатно не е среќен многу што ГЕРБ освои најголем број пратеници и што ќе треба на Борисов да му додели мандат за состав на владин кабинет. – Како кандидат за претседател поддржан од БСП, Радев беше и е во остар конфликт со Борисов, и правеше се за да се остави ГЕРБ во опозиција. Без влада тој е единствената власт во Бугарија, а кога именува и премиери и влади по службена должност, неговата политичка моќ е уште поголема. Изјавата на Борисов дека е важно да се формира влада па и без него во неа, веројатно е добродојдена за Румен Радев, и тој од своја страна може да помогне во формирањето влада на широка коалиција, ако има интерес за такво нешто. Но, мислам дека ќе тактизира до последен момент и ќе ја користи својата позиција на наводен обединувач за да се создаде некаква влада врз која тој би имал пресудно влијание, оценува Спасов. За Ѓорчев, пак, при постојните сложени внатрешни и надворешни геополитички состојби, имајки ја предвид кризата во ЕУ поради состојбите во руско-украинскиот конфликт, сосема е извесно дека политичките партии ќе мора да ги коригираат своите „црвени линии“ и да се обидат да создадат амбиент на одговорно 48. Собрание и одговорна политичка Влада. Во тој контекст изјавата на Борисов, кој навестува дека е подготвен да не биде мандатар за состав на новата влада, но ќе се обиде да влијае да се создаде политичка влада на база на широка коалиција, не исклучувајќи ја дури и можноста од соработка со Продолжуваме со промените. Сепак, од негов агол на гледање возможни се повеќе, поточно три постизборни сценарија. Првото е создавање на коалиција влада помеѓу десната коалиција ГЕРБ-СДС со партијата на етничкото турско малцинство ДПС-Движење за права и слободи и партијата десно од центарот Демократска Бугарија. Изборниот резултат диктира дека ваквата влада ќе има тесно парламентарно мнозинство од 123 пратеника во собранието кое брои 240 пратеничка места. Помеѓу ГЕРБ-СДС и етничката турска партија постои долгогодишна традиција на взаемна почит помеѓу лидерот на ГЕРБ Бојко Борисов и почесниот претсдател и оснивач на ДПС-Движење за права и слобода Ахмед Доган. Од друга страна, вели Ѓорчев, партијата Демократска Бугарија е составена од три партии, чии што членови се поранешни членови на „старата бугарска десница СДС“, така што деловите на СДС коишто се во коалиција со ГЕРБ и деловите од СДС кои што се дел од партијата Демократска Бугарија, ќе создадат силен десен коалиционен блок помеѓу старата и нова бугарска десница, засилен со константно стабилната и силна партија на турското етничко малцинство. Иако лидерот на Демократска Бугарија – Христо Иванов даде изјава дека нема намера да коалицира со ГЕРБ-СДС, треба да се почека да отпочнат преговорите за состав на новата влада. -За вакво сценарио е потребно Бојко Борисов да изведе „политички лупинг“, да го отстапи премиерското место на проатлантскиот политичар Даниел Митов (екс – министер за надворешни работи), кој е прифатлива личност не само за ДПС и Демократска Бугарија, туку и за меѓународниот фактор, смета Ѓорчев. Второто сценарио е доколку коалицијата ГЕРБ – СДС не успее да состави влада и го врати мандатот на претседателот Радев, тогаш е возможна коалиција на се уште политички непрофилираната партија Продолжуваме со промените со левицата составена од партиите БСП и Бугарски подем, како и прилагодливата партија од центарот Демократска Бугарија. Но, сите четири партии заедно имаат само 110 гласа во парламентот и не ќе може да обезбедат мнозинска влада без учество на ДПС – Движење за права и слободи. -Очигледно е дека ниту бугарската десница, ниту бугарската левица не ќе можат да формираат владин кабинет без учество на етничката турска партија Движење за права и слобода. Коалицијата на бугарските десни или леви партии со ДПС, на извесен начин, е условена со прогресот на демократијата во Република Бугарија и разбирањето на важноста на граѓанската опција пред националшовинистичките варијанти на национален вознес. Де факто ДПС е тегот на бугарскиот политички кантар кој што го измерува капацитетот на бугарската демократија, коментира Ѓорчев. Третото сценарио, додава тој, упатува на можност за создавање експертско-технократска влада. Оваа варијанта, сепак, смета Ѓорчев, е најмалку веројатна, имајќи ги предвид антагонизмите во бугарскиот јавен и политички живот, но постои како можност доколку се знае нужноста од проатлантски и проевропски профил на бугарската извршна власт и влијанието на САД и Унијата во политичкиот живот во Бугарија. -Се разбира, можно е овие избори, сепак, да бидат само вовед во нови избори, што ќе треба да се одржат во периодот јануари-февруари 2023 година, што ќе значи повторна доминација на претседателот Радев и неговиот службен владин кабинет во политичкиот живот во Бугарија, потенцира Ѓорчев. Бугарија и Македонија – и со новата влада со стариот однос Спасов и Ѓорчев го делат ставот дека и со новата влада не може да се очекува промена на ставовите на официјална Софија во односот кон Скопје. Спасов наведува дека засега никој нема моќ тие ставови да ги промени. Сите се обрзани со Декларацијата на бугарското Народно собрание и со францускиот предлог кој го прифати и Македонија. -Притисокот ќе биде врз Македонија да се смени Уставот, а потоа следува долг период на разговори за членство во кој е можно подобрување на односите меѓу двете земји. И сега во двете земји се чуствуваа веќе замор од празна реторика, и станува досадно повторувањето на едни те исти работи. Соочени со заканите од можна светска војна ЕУ и САД ќе вршат притисок за побрзо решавање на спорови кои го спречуваат целосното интегрирање на Македонија во ЕУ. Покрај се, Бугарија во тој спор не е миленик ниту на САД, ниту на другите членки на ЕУ и тоа Македонија треба да го искористи, спокојно и без големо вознемирување, оценува Спасов. Во услови на енергетска, економска и безбедноста криза со оглед на војната во Украина и како би се одразил на земјата и регионот евентуалниот неуспех за формирање влада, тој посочува дека не е уште јасно дали за една земја е подобро да нема влада, да има нестабилна и блокирана влада или да има лоша влада. -За нас како сосед, би било убаво да се формира стабилна влада во Бугарија без учество на ултранционалистите, и да продолжи соработката на сите проекти за кои беа постигнати договори со владата на Кирил Петков. Но, тоа веќе најмалку зависи од нас. Ние ќе мора да соработуваме со секоја влада што тие ќе си ја изберат. Неспособноста на партијата Има таков народ да состави влада или да биде дел од некоја функционална влада ги чинеше исчезнување од бугарската политичка сцена и таа лекција сигурно ќе ја научат и другите партии во Бугарија, подвлекува Спасов. Ѓорчев вели дека што и да се случи во Бугарија, независно од тоа дали ќе се формира широка коалицона Влада или ќе остане техничкото управување со државата од страна на претседателот Румен Радев, ништо нема да се промени во односот на бугарските институции – Претседател, Собрание, Влада кон Македонија. -Ние сите во македонска држава треба еднаш да разбереме, дека вековната бугарска стратегија кон тн „македонско прашање“ е научно фундирана, пренесена на генерации и генерации бугарско население преку образовниот систем и социјалниот инжењеринг, така што ниту една политичка гарнитура во Р. Бугарија нема сили да излезе од тој „општествен шаблон“ во кој што едноставно кон нас Македонците-како држава, нација, јазик, се гледа исклучиво низ призмата на наше државничко и национално постоење од 2 август 1944 година. Тоа е огромен товар на плеќите на бугарската политика, така што ќе биде потребен долг период на време да се дојде во Р Бугарија до сознание, за потребата од рамноправен и симетричен дијалог во двонасочната македонско-бугарска комуникација, подвлекува Ѓорчев. Конечни резултати Според конечните резултати што ги објави бугарската Централна изборна комисија, најмногу гласови на изборите на 2 октомври, освои коалицијата на конзервативната партија Граѓани за европски развој на Бугарија (ГЕРБ) на поранешниот бугарски премиер Бојко Борисов и демохристијанскиот Сојуз на демократските сили (СДС) на Румен Христов, за која гласале 634.649 граѓани на Бугарија или 25,33 проценти од оние што го искористиле своето гласачко право. На второ место се пласира блокот предводен од либералната партија Продолжуваме со промените (ПП) на поранешниот премиер Кирил Петков и на екс-вицепремиерот и министер за финансии Асен Василев, со освоени 506.071 глас или 20,20 отсто. Центристичката партијата што ги застапува интересите на бугарските Турци, Движењето за права и слободи (ДПС) се најде на третото место со 344.625 гласови или 13,76 проценти. Четврта политичка сила според освоените гласови по овие избори е ултранационалистичката, деснопопулистичка и русофилска партија Преродба на Костадин Костадинов, формирана во 2014 година од дисиденти на ВМРО – Бугарско национално движење (ВМРО-БНД), за која гласаа 254.925 државјани на Бугарија или 10,17 отсто. Коалицијата БСП за Бугарија, што ја предводи социјалдемократската Бугарска социјалистичка партија (БСП) на донеодамнешната вицепремиерка и министерска за економија и енергија Корнелија Нинова, освои 232.947 гласови или 9,30 отсто. На шестото место се најде блокот Демократска Бугарија (ДБ), во кој членува и либерално конзервативната партија Демократи за силна Бугарија (ДСБ), чиј основач е поранешниот премиер Иван Костов, а чиј актуелен лидер е Атанас Атанасов, со освоени 186.511 гласови или 7,44 проценти. Изборниот праг од четири проценти го мина само уште коалицијата предводена од национал-конзервативната и евроскептична партија Бугарски подем (БВ) на поранешниот технички премиер и министер за одбрана Стефан Јанев, за која гласале 115.867 избирачи или 4,62 отсто. По три избори во изминативе година и половина на кои освојуваше места во Народно собрание, на ова гласање популистичката партија Има таков народ (ИТН) на шоуменот Слави Трифонов остана под изборниот праг добивајќи 96.065 гласа или 3,83 проценти. Над еден процент од гласовите освои само уште центристичката партија Исправи се Бугарија на поранешната бугарска народна правобранителка Маја Манолова, за која гласаа 25.207 избирачи или 1,01 отсто. Сите останати, вкупно на број 22 партии, коалиции и независни кандидатски листи, освоија под еден отсто од гласовите, меѓу кои и ВМРО-БНД на Красимир Каракачанов, која доби 20.177 гласа или 0,81 отсто. Согласно вака освоените гласови, во следното Народно собрание коалицијата ГЕРБ-СДС ќе има 67 пратеници, Продолжуваме со промените (ПП) 53, ДПС 36, Преродба 27, коалицијата БСП за Бугарија 25, блокот Демократска Бугарија (ДБ) 20 и коалицијата на Бугарски подем (БВ) 12 мандати./МИА.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ХороскопДневен хороскоп за 25. октомври 2026 годинаДневен хороскоп за недела, 25. октомври 2026 година. Шкорпија 24.10-22.11. Љубов Во попладневните часови би можело да дојде до амло емотивно вознемирување, па предвидете го. Ќе помине. Кариера Денеска треба да бидете максимално тактични и да слушате што ви сугерираат луѓето со кои работите. Здравје и совет Немојте да го наметнувате своето мислење. Стрелец 23.11.-21.12. Љубов Вашето друштво и пријателите нема да се во согласност со вашата врска или со партнерот. овој пат ќе мора да ги разделите. Кариера Нема да бидете задоволни од својот резултат. Ќе ви се чини како да не сте добиле соодветна награда. Здравје и совет Не се споредувајте со другите. Јарец 22.12.-20.1. Љубов Ништо нема да ве спречи за да го обновите вашиот сексуален живот. Во тоа ќе бидете поуспешни при крајот на денот. Кариера Конечно ќе дојде до договор и решение за дел од новите или млади соработници на работното место. Ќе ви се допадне. Здравје и совет Здравјето ви е добро. Водолија 21.1.-19.2. Љубов Денот е добар за излегување и забава. Без оглед што можеби сте преокупирани со други работи, не дозволувајте друштвениот живот да ви стагнира. Кариера Подготвени сте да им пружите рака за помош на младите соработници на работното место. Тие ќе знаат тоа да го ценат. Здравје и совет Подобрување. Риби 20.2.- 20.3. Љубов Ќе бидете многу расположени за љубов , но партнерот или ситуацијата ќе ве наведуваат на многу страстни реакции. Кариера Оние кои работат од дома или во мали компании денеска со цело срце ќе мора да се борат за секоја ситница. Ќе биде напорно. Здравје и совет Замор , нервоза и лошо расположение. Овен 21.3-20.4. Љубов Неблагодарно е да се биде заводник , доколку не ве прифаќаат онака како што би сакале. Немојте да се наметнувате , туку имајте трпение. Кариера Денеска нема лесно да наоѓате заеднички јазик ниту со соработниците , ниту со шефовите . Затоа молчете и работете. Здравје и совет Издржете. Бик 21.4- 20.5. Љубов Ако имало семејни несогласувања , денеска ќе се расчистат , но вашите лични односи се уште не ви даваат задоволствомкакво што сте очекувале. Кариера Како што ќе минува денот , вие се помалку ќе се трудите околу работата , зашто ќе ви недостига мотивација. Здравје и совет Потребно ви е релаксирање. Близнаци 21.5.-21.6. Љубов Ќе ги разгледувате своите и навиките на вашиот партнер , па ќе настојувате што подобро да го организирате заедничкиот живот. Кариера Конечно ќе почне онаа мала заштита , што ќе ви ја олесни работата. Тоа ќе биде драгоцена помош. Здравје и совет Внимавајте на настинки. Рак 22.6-22.7. Љубов Малите недоразбирања ќе бидат целосно заборавени во попладневните часови , кога уште повеќе ќе се зближите со саканата личност. Кариера Мали надмудрувања со некои од соработниците денеска ќе завршат и работите ќе тргнат во нова насока. Здравје и совет Одете таму каде што ви е убаво. Лав 23.7-22.8. Љубов Ќе балансирате меѓу она што вие би го сакале и она што го откривате како реалност. Тоа нема да биде исто. Кариера Денеска на работа би можеле да покажете завидно ниво на интуиција. Затоа потпрете се на својот внатрешен глас. Здравје и совет Наоѓате решение за мали проблеми со дигестијата. Девица 23.8.-23.9. Љубов Како што ќе минува денот, вие се повеќе ќе размислувате за себе и својот партнер , како и за тоа каква ви е врската. Кариера Ќе бидат потребни ваши мали прилагодувања за да склучите еден деловен договор.Затоа не избрзувајте , туку соработувајте. Здравје и совет Душевен немир. Вага 24.9.-23.10 Љубов Личноста со која работите ќе ви го покаже своето емотивно лице. Ќе биде нежна , а вие ќе сакате да и се приближите. Кариера Во малите работи денеска би можеле да бидете брилијантни. Тоа не значи дека вашите амбиции се намалени. Здравје и совет Внимавајте што јадете.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
СудбинаПолицаец од Флорида пронашол мртов човек, па му го украл идентитетот и се вселил во неговата куќа (ВИДЕО)Полицаец од Флорида е обвинет за кражба на идентитет на маж што го пронашол мртов, а потоа се преселил во неговиот дом и го презел неговиот идентитет.Брајан Луис Сгурос, 35, полицаец од Лодерхил, Флорида, беше уапсен претходно оваа недела. Истражителите велат дека Сгурос се претставувал како починатиот Денис Вест, се преселил во двокатната куќа каде што го пронашол неговото тело, а потоа ја реновирал. Според полицијата, тој живеел во куќата на југот на Флорида со години без никој да ја открие измамата. Сгурос сè уште не се изјаснил за обвиненијата. Не е познато дали има адвокат. Полициската управа на Лодерхил го отстранила од должностите и го суспендирала, објавува Би-Би-Си. 🔥🚨DEVELOPING: A Florida man who was found dead in his home during a welfare check in July 2022 and a officer who discovered the body named Brian Louis Sguros with the Lauderhill Police Department moved into the home and spent years impersonating him. https://t.co/k5AO01IkfJ — Dom Lucre | Breaker of Narratives (@dom_lucre) October 22, 2026 Организирал кремација на телото на сопственикот на куќата Во 2022 година, полицијата добила повик да провери за 71-годишниот жител на Лодерхил, Денис Вест. Полицаецот Брајан Луис Сгурос бил испратен да помогне во истрагата. Кога го пронашол Вест, кој починал од природна смрт, наводно „смислил сложена измама за да ја преземе контролата врз домот на лицето“, се вели во соопштението на шерифската канцеларија на округот Бровард. Според соопштението, истражителите тврдат дека Сгурос му кажал на канцеларијата на мртовечникот дека е пријател на Вест, иако властите не пронашле докази дека двајцата се познавале. Судските документи наведуваат дека полицаецот е виден на камерата на телото за време на запирањето и дека нема индикации дека имал претходен контакт со Вест. Сгурос наводно му кажал и на канцеларијата на мртовечникот дека Вест нема живи членови на семејството, што исто така било неточно. Потоа Сгурос организирал кремирање на телото на Вест. Florida officer accused of stealing dead man's identity and moving into his home, police say https://t.co/SoitCwbpYg — BBC News (World) (@BBCWorld) October 22, 2026 Вели дека сакал да спречи други нелегално да се вселат во домот Заедничката истрага на канцеларијата на шерифот и Канцеларијата за проценувачи на недвижности во округот Бровард откри дека Сгурос ја презел куќата и се вселил во неа во август 2022 година. Властите велат дека тој поднел документација до канцеларијата за проценка на имотот во 2025 година во која наведува дека ја презел куќата во август 2022 година. Судските документи наведуваат дека Сгурос тврди дека ја презел куќата бидејќи била опасна и сакал да спречи други нелегално да се вселат. Тој ги плаќал сметките за комунални услуги на име на починатиот. Тој, исто така, аплицирал за дозвола за замена на надворешните врати и прозорци, што би чинело 8.000 долари. Сгурос тврдел дека ја зголемил вредноста на имотот и инвестирал повеќе од 214.000 долари во куќата. Тој плати кауција од 25.000 долари Мажот е обвинет за злоупотреба на службена должност, незаконска употреба на идентитет на починато лице, незаконска употреба на лични идентификациски информации, кривично дело против корисник на компјутер и незаконска употреба на двонасочен комуникациски уред. Тој беше ослободен од притвор со кауција од 25.000 долари. Локалните агенции за спроведување на законот дознаа за случајот кога наследниците на Вест се обидоа да го продадат имотот.Тагови: полицаец флорида Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
СветСнимен е моментот на судар на два борбени авиони на војската на Филипини- загинаа сите четворица пилоти (ВИДЕО)Два авиона на Филипинските воздухопловни сили се судрија за време на тренинг лет и се урнаа во воздухопловна база јужно од Манила. Сите четири пилоти загинаа во несреќата, соопштија филипинските власти. Два авиони SF-260 се судрија вчера попладне за време на лет на ниска надморска височина пред да се срушат во воздухопловната база Фернандо во Липа Сити, во крајбрежната покраина Батангас јужно од главниот град. Нема повредени на земја во несреќата, соопштија официјални лица. Филипинските воздухопловни сили не дадоа детали за несреќата, која ја опишаа како случајна. Двајца филипински службеници запознаени со инцидентот рекоа дека авионите се судриле во воздух. Тие зборуваа под услов на анонимност бидејќи не биле овластени јавно да коментираат за случајот. Еден од двата двоседни авиони се урна во близина на воената касарна во воздухопловната база, изјави сведок за Асошиејтед Прес. Воздухопловните сили објавија дека привремено ги приземјиле сите преостанати авиони SF-260, набавени од Италија, во исчекување на истрага. Не е објавено колку од овие авиони сè уште се во употреба. 🇵🇭 Four Philippine Air Force pilots were killed in a collision of two SF-260 training aircraft The planes collided in mid-air and crashed within the perimeter of Fernando Air Base in Lipa, south of Manila. All four pilots on board both aircraft died. https://t.co/1WX1rNtcY1 — Visegrád 24 (@visegrad24) October 24, 2026 Филипинската војска се соочува со недостаток на средства Во мај, филипински SF-260 се урна и за време на навигациски тренинг лет во планинската покраина Бенгет на север од земјата, додека леташе со неколку други авиони од ист тип. Двајцата пилоти беа убиени. Според податоците на воздухопловните сили, во 2023 година, друг SF-260 се урна за време на тренинг лет во оризово поле во покраината Батаан, северозападно од Манила. Двајцата членови на екипажот беа убиени. Вчерашната несреќа е уште еден удар за филипинската војска, која долго време се соочуваше со недостаток на средства. Поради буџетски ограничувања, Филипините со години се борат да ги модернизираат своите воздухопловни сили, морнарица и армија. Во исто време, земјата се соочува со децениски комунистички и муслимански бунтови и сè понепријателски територијални спорови со Пекинг во Јужното Кинеско Море.Тагови: пилоти Филипините Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиСамо уставните измени или и акцискиот план за малцинствата – кои се условите за Македонија да ги почне преговорите со ЕУ?15:38Мицкоски: Честит Ден на македонската револуционерна борба!21:16Мицкоски: Македонија го минува најдолгиот и најтешкиот пат кон ЕУ15:05Мицкоски: Мојата задача како премиер не е да се занимавам со коски кои припаѓаат на минатото13:59Мицкоски: Нека ни е честит 23 Октомври - Денот на македонската револуционерна борба13:39
Само уставните измени или и акцискиот план за малцинствата – кои се условите за Македонија да ги почне преговорите со ЕУ?15:38