Ана Кораќ ја отвори вратата од својот дом - Канал 5

Ана Кораќ ја отвори вратата од својот дом

 Сама го средила секој агол, а погледнете што има на ѕидот!

Ана Кораќ ја отвори вратата од својот дом

Старлетата ја отвори вратата од станот во кој живее со своето момче Давид Драгојевиќ, а како што вели, нејзината посилна половина е задолжена за готвење, додека таа се занимава со уредување на ентериерот.

Старлетата Ана Кораќ и нејзиното момче Давид Драгојевиќ уживаат во врската, но и во станот кој е нивна оаза на мирот и кој се потрудиле да го уредат така што се чувствува семејната топлина. .

Според неа, таа е задолжена за ентериерот и внимава на секој детаљ.

Бидејќи ни кажа дека во кујната не се снаоѓа најдобро, Ана ни откри уште една тајна кога станува збор за домашните работи.

- Најмногу мразам да пеглам, многу е досадно - вели Ана низ насмевка.

И, бидејќи сè се одвива според планот, во однос на нивната врска, за време на разговорот ја прашавме дали би сакале наскоро да имаат дете, со оглед на тоа што многу парови станаа побогати за уште еден член на семејството за време на пандемијата, а Ана вели:

- Не размислуваме за тоа во моментов. Имаме некои планови што се однесуваат на работата, па кога ќе средиме сè, ќе дојде и тоа на ред.

И дека никаде нема идеална врска, тврди и самата Ана, која ни открива за што обично се караат со Давид.

-Единствено нешто за што се расправаме е тоа дека трошам многу пари на глупости што воопшто не ми требаат, но што можам да направам, отсекогаш сум била таква - се смее Ана, која ни открива дека понекогаш дури и не знае каде одат нејзините пари.

Разгледувајќи го станот, забележавме дека Ана се грижи сè да биде на свое место, па ни откри една желба.

- Би сакала вила со базен, и ќе го имам тоа - заклучува Ана со насмевка, додека на еден од ѕидовите има нејзин портрет, кој е прилично интересен.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Техеран ракетираше американски бази на Блискиот Исток, САД бомбардираше цели на југот на Иран

Иран изврши серија ракетни и напади со беспилотни летала врз американски цели во Јордан, Кувајт, Ирак и Бахреин, како одговор на американските напади врз Исламската Република.

Техеран ракетираше американски бази на Блискиот Исток, САД бомбардираше цели на југот на Иран

Јорданските вооружени сили соопштија дека пресретнале 13 балистички ракети, од кои 10 биле уништени, додека три паднале во оддалечени области. Иранските медиуми претходно објавија за интензивни напади врз јужен Иран по должината на брегот, како и дека најмалку четворица цивили биле убиени за време на свадба во градот Сирик, по нападите на американските сили во близина на Ормутскиот Теснец. Вашингтон негираше дека воено интервенирал врз цивилни цели.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Путин по заканата на Зеленски дека ќе го нападне руското небо: Не преговараме со терористи

Путин предупреди дека Москва целосно ќе ги прекине мировните контакти со Киев.

Путин по заканата на Зеленски дека ќе го нападне руското небо: Не преговараме со терористи

Рускиот претседател Владимир Путин предупреди дека Москва целосно ќе ги прекине мировните контакти со Киев и дека жестоко ќе одговори доколку биде загрозена безбедноста на руското цивилно воздухопловство, како што се закани украинскиот претседател Зеленски.

Зборувајќи пред новинарите по самитот на шангајската организација за соработка тој реториката на Зеленски ја нарече чин на државен тероризам и оцени дека барањата на киев за директни преговори се апсурдни во моменти кога украинската страна таргетира транспортни правци. Зеленски претходно се закани дека ќе ги нападне руските цивилни аеродроми и ги повика меѓународните авиокомпании да се повлечат од руските коридори тој рече дека рускиот воздушен простор ќе стане небезбеден и дека бројот на беспилотни летала на руското небо ќе се зголеми.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Лекарската комора почна процедура за избор на ново раководство

Во тензична атмосфера и зад затворени врати, Лекарската комора одржа собрание, на кое беше одлучено процедурата за избор на ново раководство да продолжи на 7 октомври.

Лекарската комора почна процедура за избор на ново раководство

Мандатот на актуелната претседателка Калина Гривчева Старделова е истечен од 1 јули, а дел од делегатите ја обвинија дека намерно го опстриура и одложува изборниот процес.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер