АМСМ: Интензитетот на сообраќај надвор од градските средини е умерен

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен.

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево, стои во соопштението од АМСМ.

Осуммина загинати во голем пожар во трговски центар во Кина, десетици се заробени(ВИДЕО)

Осум лица загинаа, а десетици останаа заробени во зградата откако денеска избувна пожар во трговски центар во Кина, јавува кинеската државна телевизија CCTV.

Пожарот избувнал околу 18 часот по локално време во трговски центар во градот Зигонг, во кинеската провинција Сечуан. Снимките објавени на социјалните мрежи покажуваат огромен облак од црн чад што се издига над 14-катницата.

Речиси 300 работници за брза помош и десетици возила пристигнале на местото на настанот. Противпожарната единица го изгаснала пожарот во 20 часот и 20 минути. Од центарот се спасени 30 лица. Не е познато колкумина се уште се заробени. Во јануари избувна пожар во зграда во Кина, при што загинаа најмалку 39 луѓе. Неколку дена пред тоа изгоре интернат во провинцијата Хенан, при што загинаа 13 деца, пишува CNN.

Барселона добива милиони од ФИФА поради повредените играчи

Барселона минатата сезона имаше големи проблеми со повредени играчи, а не запира ниту пред почетокот на новата сезона.

На списокот со повредени каталонски фудбалери има четворица, а она што е интересно е што нивната заедничка вредност според Трансфермаркт се проценува на 310.000.000 евра.

Младиот Гави е повреден подолго време, Френки Де Јонг наскоро би требало да се врати на тренинзите, а Педри и Роналд Араухо се повредија на неодамна одиграното Европско првенство и Копа Америка.

Педри се повреди во победата на Шпанија над Германците, по навистина непромислениот старт на Тони Крос, додека Араухо доживеа пех за време на четвртфиналниот натпревар од Копа Америка против Бразил.

Затоа Барса уште некое време нема да може да смета на нив, но сепак има малку подобра страна на оваа приказна.

Имено, Каталонците ќе добијат вкупно 3.200.000 евра како обештетување од ФИФА за повредениот двоец, односно 2.500.000 за Арауха, а 700.000 за Педри.

Да потсетиме, Барселона во февруари годинава имаше дури 12 повредени играчи.

притисни ентер