Филипче: Денеска со длабока почит се сеќаваме на бранителите кои кај месноста Љуботенски бачила, ги положија своите животи за мирот во Македонија
1Филипче: Денеска со длабока почит се сеќаваме на бранителите кои кај месноста Љуботенски бачила, ги положија своите животи за мирот во Македонија
ТенисАмерикански невролог со загрижувачка изјава за Ѓоковиќ: Беше погоден во витален дел од главатаНекои го напаѓаат, други го бранат и двете страни тврдат дека се во право, но факт е дека Новак Ѓоковиќ не е истиот откако му падна металното шише на глава во Рим.На прв поглед, сè изгледаше безопасно, но познатиот американски невролог, д-р Шон Мулен, истакнува дека тоа шише исто така можело да влијае на Ѓоковиќ. Мулен работи на Универзитетот во Илиноис и на социјалните мрежи објави: - Неодамна го анализирав инцидентот со тениската ѕвезда Новак Ѓоковиќ кој случајно беше погоден во главата од нешто што изгледаше како делумно полно метално шише со вода. За да го разберам физичкиот удар, користев вештачка интелигенција за да ја пресметам силата на шишето што удри во главата на Новак. Пресметките сугерираат дека шишето кое паднало од два метри со минимална почетна сила, удрило со сила од околу 79,2 Њутни, што е како куче со средна големина да скокне врз вас - рече споменатиот невролог и додаде. - Уште поважно, од невролошка перспектива, ваквиот удар на предниот париетален лобус може да биде многу загрижувачки. Оваа област на мозокот е клучна за функциите поврзани со координацијата на движењето и обработката на сетилните информации. Почетните симптоми може да варираат од главоболки и гадење до големи когнитивни нарушувања како што се тешкотии со концентрирање и запомнување стратегија и игра. За спортист како Ѓоковиќ, чиј стил на игра се заснова на прецизност, издржливост и стратешко размислување, дури и најмалата штета може да влијае на перформансите. Мален продолжи да објаснува. - Во првите 24 до 48 часа по ваков инцидент, најважно е да се следат знаците на потрес на мозокот или други невролошки нарушувања. Овие симптоми може потенцијално да влијаат на неговите перформанси на тековните турнири, времето на реакција и одлучувањето под притисок. Затоа, неопходно е медицинските работници да направат проценка за да се осигураат дека нема сериозна повреда и безбедно да го упатат назад на теренот.“ I recently analyzed an incident involving tennis star Novak Djokovic, who was accidentally hit in the head by what appeared to be a partially-full stainless steel water bottle. To understand the physical impact, I used OpenAI's GPT to calculate the force of the bottle as it… https://t.co/71G8RcMuzd — Dr. Sean Mullen (@drseanmullen) May 11, 2024 Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вести25 години од масакрот кај Љуботенски Бачила: Армијата ќе им оддаде почит на осумтемина загинати08:34ЦУК предупредува на зголемен ризик од брзо ширење на пожарите15:08Лишен од слобода скопјанец кој управувал возило со 2,13 промили алкохол и без возачка12:0928 годишното момче со повреден врат транспортирано од Кушадаси 18:18Момчето со повреден врат се транспортира од Кушадаси, во владиниот авион и медицински тим од ТОАРИЛУЦ16:05
Момчето со повреден врат се транспортира од Кушадаси, во владиниот авион и медицински тим од ТОАРИЛУЦ16:05
ЖивотЏеф Безос со партнери купуваат една третина од ЛиверпулКонзорциум, во кој е вклучен и основачот на „Амазон“, мулти-милијардерот Џеф Безос, е блиску до договор за купување на околу една третина од сопственичкиот удел во славниот фудбалски клуб „Ливерпул“. Мнозинскиот сопственик на клубот, „Фенвеј спортс груп“ (FSG), кој управува со „Ливерпул“ од 2010 година, се подготвува да објави трансакција што би можела да се реализира уште оваа недела. Детали за инвестицијата Доколку дојде до склучување на договорот, Безос ќе му се придружи на Едуардо Саверин, еден од коосновачите на „Фејсбук“, во инвестициската група. Групата ја предводи Амит Батија, зет на индустријалецот Лакшми Митал и до неодамна акционер во клубот „Квинс Парк Ренџерс“. Според еден извор, објавувањето на веста се очекува во наредните денови, но постои можност тоа да се одложи за следната недела. Со влезот на овој конзорциум во сопственичката структура, некои од најбогатите луѓе во светот ќе станат косопственици на „Црвените“ од Енфилд. „Форбс“ го проценува богатството на Безос на повеќе од 280 милијарди долари, а она на Саверин на повеќе од 32 милијарди долари. Со оваа инвестиција, вредноста на клубот би се проценила на шест милијарди долари, со што договорот би се вброил меѓу најскапите во историјата на спортот. Иако Безос претходно не се поврзувал со бизнисот во фудбалот, неговото можно вклучување во конзорциум за Ливерпул потврдува дека инвеститорите сè повеќе го гледаат спортот како посебна класа на средства. Во 2022 година, Саверин (44) беше дел од конзорциум што неуспешно се обиде да го купи Челзи на аукција организирана по руската инвазија врз Украина. Извор запознаен со преговорите укажува дека договорот би можел да биде поголем од првично објавеното и потенцијално да вклучува удел поголем од 30 проценти.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаФилипче: Денеска со длабока почит се сеќаваме на бранителите кои кај месноста Љуботенски бачила, ги положија своите животи за мирот во МакедонијаДенеска со длабока почит се сеќаваме на бранителите кои на 10 август 2001 година, кај месноста Љуботенски бачила, ги положија своите животи за мирот во Македонија, објави на својот профил на Фејсбук, Венко Филипче. Осум животи згаснаа исполнувајќи ја својата должност кон државата. Зад секое име стои човек, семејство, живот и празнина што времето не може да ја избрише. Споменот на загинатите бранители, за нас треба да биде потсетник дека поделбите, омразата и конфликтите никогаш не носат подобра иднина и напредок. Општеството се движи напред кога заеднички ја градиме иднината на државата без омраза и поделби. Наша должност е да се сеќаваме на бранителите кои ги загубија животите со почит, но и да направиме сè за идните генерации да живеат во мирна, безбедна и просперитетна Македонија. Вечна им слава!- стои во објавата на првиот човек на СДСМ, Венко Филипче. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
СветВидео: Поранешен тајландски пратеник уби локален функционер. „Не сакав да пукам во него.“Поранешниот тајландски пратеник Чалонг Риевранг е уапсен под сомнение дека пукал во локалниот функционер Тонгчај Јенпрасерт во провинцијата Нонтабури. По пукањето, Риевранг се јавил кај една политичка коментаторка среде нејзиниот пренос на YouTube и го признал делото, пренесува Би-би-си. Убиството се случило во понеделникот пред канцеларијата на Тонгчај Јенпрасерт. Тој бил застрелан во вратот и подоцна починал во болница, додека неговиот возач бил ранет во раката. Кратко по нападот, Чалонг Риевранг се јавил кај Анчали Паирерак, која водела политичка емисија во живо на YouTube. На снимката се гледа како водителката го прима повикот и како изразот на нејзиното лице се менува додека го слуша соговорникот. „Дали е мртов? Дали пукавте во неговата глава? Мора да ја почекате полицијата. Не одете никаде“, рекла шокираната водителка во телефонот. Гледачите не можеле да го слушнат Риевранг, но од нејзината реакција било јасно дека сведочат на признание за извршеното кривично дело. Nonthaburi PAO President Dies After Shooting; Former MP in Custody Nonthaburi PAO President Pol Col Thongchai Yenprasert succumbed to his injuries at 2.36 pm on Monday after being shot earlier in the day. A bullet struck his neck near a major artery, causing massive blood loss.… pic.twitter.com/VE1C4Fbhc0 — Thai Enquirer (@ThaiEnquirer) August 10, 2026 Риуранг подоцна е уапсен, а полицијата му дозволила да одржи прес-конференција во станицата. Таму, тој пред новинарите ја изнесе својата верзија за настаните. Тврдеше дека немал намера да пука во Јенпрасерт, кого го опиша како добар пријател. [Breaking] Former Nonthaburi MP Chalong Riewrang allegedly shot dead Nonthaburi PAO President Pol Col Thongchai Yenprasert inside his office on Monday. The shooting occurred at about 11.29 am at the Nonthaburi Provincial Administrative Organisation headquarters in Muang… pic.twitter.com/Q5vPl6GqNI — Thai Enquirer (@ThaiEnquirer) August 10, 2026 Според него, Јенпрасерт бил лут на него, иако не ја објасни причината за конфликтот. Риуранг рече дека сакал само да разговара со Јенпрасерт. „Ме оттурна и рече дека не сака да разговара“, изјави Риуранг. Додаде дека потоа го следел до неговиот автомобил. „Кога го извадив пиштолот, немав намера да пукам во него. Но, тогаш неговиот возач го извади својот пиштол и го впери кон мене, па затоа пукав“, објасни тој.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вести25 години од масакрот кај Љуботенски Бачила: Армијата ќе им оддаде почит на осумтемина загинати08:34ЦУК предупредува на зголемен ризик од брзо ширење на пожарите15:08Лишен од слобода скопјанец кој управувал возило со 2,13 промили алкохол и без возачка12:0928 годишното момче со повреден врат транспортирано од Кушадаси 18:18Момчето со повреден врат се транспортира од Кушадаси, во владиниот авион и медицински тим од ТОАРИЛУЦ16:05
Момчето со повреден врат се транспортира од Кушадаси, во владиниот авион и медицински тим од ТОАРИЛУЦ16:05